Author: НОВА ТВ

Во својот говор при претставувањето на составот на привремената влада на Бугарија, претседателот Румен Радев рече дека иако е техничка, кабинетот што го назначува има амбиција за демократско единство. – Владата вклучува луѓе од левицата, од центарот и од десницата, политички неутрални, слободни претприемачи, изразувачи на јавно незадоволство, академици, рече Радев на претставувањето на привремената влада, која ќе биде предводен од премиерот генерал Стефан Јанев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на она што го рече претседателот на Бугарија, претстојат тешки месеци, тешко наследство и зголемен отпор од силите на статус кво, наведувајќи ги предизвиците со…

Read More

The Guardian известува дека на малиот италијански остров Лампедуса стигнати се над 2 000 бегалци и мигранти во последните 24 часа. Бегалците (односно барачите на азил) стигнале до италијанскиот остров со бродови кои биле оперирани од страна на шверцери на луѓе – за жал, оваа е најчесто единствената опција која барачите на азил за имаат за да избегаат од опасни ситуации во нивните татковини. Бегалците кои дошле во Италија оваа недела се од држави во субсахарска Африка, Пакистан и Сирија. Во неделата пристигнал брод со 1 400 мигранти и бегалци, а потоа дошле и уште 4 бродови со по 635…

Read More

Ковид кризата во Индија можно е конечно малку да се намалува, но вториот бран на Корона вирусните инфекции кој е сѐ уште е крајно убиствен не ближи крај. Вчера беа регистрирани 329 517 случаи на Корона вирусот во Индија што е помалку од претходните денови, но сепак е крајно загрижувачка. Сега слична судбина може да го снајде Непал, помала држава која се граничи со Индија со популација од 28.6 милиони жители. Во последниот месец, бројот на Корона случаи значително се зголемува. Вчера биле регистрирани 9 127 позитивни случаи на Корона. Ситуацијата е критична во северен Непал, но и во западниот…

Read More

Вчера се одржа националистички израелски марш за годишниот Марш за Денот на Ерусалим што го одбележа израелското заземање на Источен Ерусалим во 1967. Исто така на друг крајно десничарски марш во Ерусалим кој се случил на 22ри април, израелските демонстранти извикувале „Смрт за арапи“ и „Нека ви гори селото“. Се смета дека овој националистички марш, како и насилството и долгите легални процедури низ кои поминуваат палестинците кои живеат во источен Ерусалим, придонесоа до ескалацијата на насилството вчера. Во последните неколку дена се случуваат повторни судири помеѓу палестинските демонстранти и израелската полиција откога израелските власти се обидоа да иселат повеќе палестински…

Read More

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи” на 7 мај до премиерот поднело барање за разрешување на министерот за финансии Фатмир Бесими. – Барањето за разрешување на министерот е поднесено по повод постапката пред Уставен суд за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, конкретно поради: пречекорување на надлежностите и овластувањата на министерот Бесими и Министерството за финансии, загрозување на темелните вредности на уставниот поредок преку непочитување на владеењето на правото и поделбата на власта на извршна, законодавна и судска, неовластено и недозволено мешање во работата на судската власт…

Read More

После многу години од смртта на Тато, јас дознав дека Судиите , слични на Тато, Државата ги следела! ‘’What the Fuck!’’ – си велам јас од оваа далечна дистанца! – Затоа ли толку долго се мачиме со первертноста на нашиот Судски Систем!?

Read More

Синдикалната кошница со која се пресметуваат минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во април е зголемена за 204 денари во однос на март. Според Сојузот на синдикати на Македонија, кој на месечно ниво ја изработува синдикалната кошница, ваквото зголемување е резултат на евидентното зголемување на трошоците за живот во април и тоа на храната и пијалоците за 1,2 проценти, хигиената за 1,1 процент и на облеката за еден процент. –  Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период бараше минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата, поради тоа што ниту просечната, а ниту…

Read More

Отприлика од средина на Јануари навака, бројот на заразени со Корона вирусот во САД значајно опаѓа. Ова се должи главно на масовната вакцинација која се случува низ земјата. САД е исто така земјата каде имаат седишта две од големите фармацевтски компании – Фајзер и Модерна – кои развија вакцини против Ковид-19 со помош од огромни државни средства. САД достигнуваше рекорден број на случаи во Јануари – 250 000 на ден – а сега дневниот број на случаи се движи околу 43 000 што не е страшна бројка со оглед на тоа што САД има популација од скоро 330 милиони жители.…

Read More

Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија во соработка со Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Црна Гора денеска организира онлајн-дискусија на тема “Стратегијата на Кина за Западен Балкан – преку економски до политички импликации”. Настанот ќе го отворат официјалните претставници на Фондацијата во Северна Македонија и Косово Даниел Браун и во Србија и Црна Гора и Норберт Бекман-Диркес, кои ќе имаат и воведни излагања на темата. Главни говорници на форумoт се проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на Универзитет Св. Климент Охридски – Битола, Северна Македонија и Ненад Копровиќ, експерт за европски прашања / стипендист на КАС, од Црна…

Read More

Независната угостителска комора утринава до Владата доставила барање за измена на јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите со цел да бидат опфатени сите угостители на кои со владината одлука од 5 април им беше забрането да работат. – На Владата сакаме да укажеме дека финансиска помош мора да има за сите угостители на кои им беше забрането да работат со одлуката на Влада од 5-ти април 2021 година, Владата не смее да дозволи поради техничка грешка, едни угостители да добијат финансиска поддршка други не, само затоа што немаат соодветна приоритетна шифра на дејност, се наведува во денешното соопштение од…

Read More

Апелацискиот суд во Скопје денеска на седница треба да ги рагледа жалбите за првостепената пресуда за случајот „Рекет“ со која Бојан Јовановски – Боки 13 е осуден на девет, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на седум години затвор. Апелација може да ги потврди казните со што би станале правосилни, или предметот да го врати на повторно судење. Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори во јули, а судењето почна во ноември 2019 година. Обвинението беше поднесено против три лица. На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден…

Read More

Повторни судири помеѓу палестинските демонстранти и израелската полиција овој викенд откога израелските власти се обидоа да ги иселат палестинските жители во населбата Шеик Јарах во источен Ерусалим. Израелските власти пробуваат да населат еврејски жители во оваа населба во куќи и градби каде веќе живеат палестинци, односно пробуваат да ги избркаат овие луѓе од нивните домови. Насилството се случува околу џамијата Ал-Акса, третото насвето место за верниците од муслиманска вероисповед. Со децении израелската окупација раселува палестинци од нивните домови и создава бегалци заради овој колонијален обид. Денес е планиран националистички израелски марш за годишниот Марш на знамето на Денот на Ерусалим…

Read More