Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Израелската полиција напаѓа палестински демонстранти кои се борат против нивното иселување од источен Ерусалим

0
By НОВА ТВ on May 10, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 10, 2021 12:43

Повторни судири помеѓу палестинските демонстранти и израелската полиција овој викенд откога израелските власти се обидоа да ги иселат палестинските жители во населбата Шеик Јарах во источен Ерусалим. Израелските власти пробуваат да населат еврејски жители во оваа населба во куќи и градби каде веќе живеат палестинци, односно пробуваат да ги избркаат овие луѓе од нивните домови. Насилството се случува околу џамијата Ал-Акса, третото насвето место за верниците од муслиманска вероисповед.

Со децении израелската окупација раселува палестинци од нивните домови и создава бегалци заради овој колонијален обид. Денес е планиран националистички израелски марш за годишниот Марш на знамето на Денот на Ерусалим што ќе одбележи израелското заземање на Источен Ерусалим во 1967. Многу палестинци го гледаат овој марш како провокација и се смета дека можно е да има уште повеќе насилство подоцна денес.

Други места кои палестинците ги сметаат за палестинска територија се подолго време окупирани или под голема контрола од израелската влада, како на пример регионот Газа. За време на Корона кризата повеќето окупирани палестински територии исто така не добија еднаков пристап до вакцинација заради израелски блокади додека Израел е вакцинираната земја во светот.

Во судирите од последните неколку дена палестинците фрлаа камења по израелската полиција, а таа врати со зашеметувачки гранати, повредувајќи диспропорционално повеќе палестинци. Односно повредени се стотици палестинци наспроти околу 20 израелски полицајци.

„Она што се случува во Шеик Јарах е етничко чистење преку протерување семејства кои имаат историја во оваа населба“, изјави Калед Мешаал, шеф на канцеларијата за дијаспора на Хамас на настанот во Мароко со наслов „Ерусалим и ветување за понатаму“, организиран од мароканското здружение за поддршка на каузите на уммата.

Во напис за израелскиот весник Haaretz, Нир Хасон пишува за како населбата Шеик Јарах брзо стана симбол за палестинската борба. Палестинците во оваа населба се борат за нивните права скоро една и пол деценија и имаат неделни демонстрации како начин на отпор, но дури сега дојде оваа населба во фокус. Хасон пишува:

„Се чини дека Шеик Јарах неодамна стана симбол. Младите Палестинци кои се состанаа на Ерусалимската порта Дамаск од почетокот на светиот муслимански месец Рамазан, почнаа да ги повикуваат луѓето да одат во Шеик Јарах по завршувањето на службите во џамијата. И тие доаѓаа таму секоја вечер.“

Арапската верзија на хештегот #SaveSheikhJarrah (#СпасетеЈаШеикЈарах) беше четвртиот најпопуларен хештег оваа недела во Израел. Се споделуваат многу информации на оваа тема и на англиски на социјалните медиуми. Харсон пишува дека не е до крај јасно зошто баш сега се случува ова обединување околу населбата во источен Ерусалим бидејќи жителите на Шеик Јарах веќе 30 години се под опасност на иселување.

Сепак едно нешто е јасно: моментално светот детално следи што се случува во Шеик Јарах.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

ВЕСТИ July 14, 2026

Американската војска соопшти дека завршила нов петчасовен бран напади врз Иран и тоа, како што…

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.