Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
На државата и на граѓаните им треба претседател со јасна визија за сигурна, безбедна и извесна европска иднина, човек кој не ги дели граѓаните туку ги обединува, кој ги споделува европските вредности и работи за демократски и економски напредок на земјата, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Локално“.
Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) поднесоа предлог во преговарачката рамка на Србија за членство во ЕУ да се вклучи исполнувањето на обврските што ги презеде во Охрид.
Собранието, со 65 гласа ЗА и три Против, од 111 пратеници кои беа присутни, ја изгласа техничката влада на Талат Џафери, кој ќе биде премиер во следните 100 дена.
Пишува: АНА ЧУПЕСКА Сѐ посилни и поаздисани во нашата јавност се евроскептичните гласови, сега толку отворени, што измислуваат и конференциски платформи на кои сакаат да нѐ инфицираат со нивните контаминирачки фантазии. Но, во услови на фактички идејно најподдржуваната политичка платформа: МКД во ЕУ, џабе им е претставата.
Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) ќе преземе правни мерки против израелските политичари и воени лидери, доколку не се обврзат да ги почитуваат наредбите на Меѓународниот суд на правдата, во врска со нападите врз новинарите.
Парламентот денеска ќе ја одржи 141. седница со единствена точка на дневниот ред избор на преодна влада на Република Северна Македонија. Талат Џафери, мандатарот на оваа техничка влада од редовите на ДУИ, што се формира на сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, вчера ја достави програмата и предлог-составот на новата влада. Собранието ја избира владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ по повод Денот на Соборноста на Украина денеска во центарот на Скопје, и покрај студеното и снежно време, одржа свечен марш.
Земјите членки на ЕУ го поддржаа предлогот за усвојување на нова европска законска регулатива со која треба да се воспостави заедничка рамка за медиумските услуги во Унијата и да се заштитат слободата на медиумите, медиумскиот плурализам и уредувачка независност во блокот, објави Советот на ЕУ.
Германскиот парламент (Бундестаг) вчера прифати реформа со која Владата сака да овозможи побрзо стекнување на германско државјанство за странците под одредени услови, објави Дојче веле. Еве ги главните точки на прифатениот предлог-закон: Рок за добивање државјанство Странците кои сакаат германско државјанство во моментов можат да го добијат најрано по осум години легален престој во земјата. Тој период треба да се скрати на пет години, а во случај на „посебни достигнувања во интеграцијата“ на три години. „Постигнувања“ значат, на пример, добро познавање на германскиот јазик, доброволно општествено ангажирање или многу добри резултати на училиште или на работното место. Двојно државјанство Мигрантите…
Терористичките напади на јеменските Хути врз трговски бродови, кои во Црвеното Море пловат кон Израел, ги разгореа конфликтите на Блискиот Исток. Воените воздухопловства на САД и на Британија, соодветно одговорија на нападите врз оваа паравоена структура стационирана во Јемен , а која од страна на меѓународната организација, исто како и палестинскиот Хамас, е прогласена за терористичка организација.
Меѓуетничките проблеми не се надминати. Со „негување“ проблеми од тој тип, Груевски и Ахмети владеаја десетина години. Ќе измислат меѓуетнички проблем, ќе го дигнат до максимум со орли, знамиња, крстови и тепања по калиња, потоа тие конфликти ќе ги решаваат и таквите „решенија“ ќе си ги прибележуваат како свои големи успеси и ќе си ги растат рејтинзите во нивните етнички гласачки тела, изјави новинарот Сашо Ордановски во поткастот „Политиканти“ што се емитува на Слободна ТВ на Слободен печат.
Основниот кривичен суд Скопје определи мерка домашен притвор за лицето осомничено за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, кое повеќе дена им беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, соопшти денеска Јавното обвинителство.