Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По последните терористички напади на Хутите, се разгорува војната на Блискиот Исток

0
By Gabi Tocko on January 13, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 13, 2024 17:46

Терористичките напади на јеменските Хути врз трговски бродови, кои во Црвеното Море пловат кон Израел, ги разгореа конфликтите на Блискиот Исток. Воените воздухопловства на САД и на Британија, соодветно одговорија на нападите врз оваа паравоена структура стационирана во Јемен , а која од страна на меѓународната организација, исто како и палестинскиот Хамас, е прогласена за терористичка организација.

Официјално, Хутите се позната како „Ансар Алах“ или божји помошници и се шиитска политичка и воена организација формирана во 1990 година во Јемен од верскиот водач Хусеин ел-Хути кој во 2004 година е убиен од јеменската војска.

Организацијата на Хутите со оружје е снабдувана од либанската шиитска политичка и воена организација Хезболах. Дејствуваат под слоганот „Бог е голем, смрт на Америка, смрт на Израел, клетва на Евреите, победа на исламот“.

Исто како Хамас и Хезболах, и Хутите се поддржани од Иран и се дел од таканаречената иранска оска на отпор против Израел и САД, вклучително и против Саудијска Арабија.

Поголемиот дел од населението во Јемен живее во области под контрола на Хутите. Во рамките на државата Република Јемен, организацијата на Хутите собира даноци, печати пари и го контролира јавниот живот на тамошното население.

Според ООН, Хутите кои во Јемен практично водат граѓанска војна, до 2010 година имале речиси 120 илјади вооружени следбеници.

Јемен напади САД Хути
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.