Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Погрешна фрула

0
By Gabi Tocko on January 28, 2024 АНАЛИЗА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 28, 2024 14:35

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Сѐ посилни и поаздисани во нашата јавност се евроскептичните гласови, сега толку отворени, што измислуваат и конференциски платформи на кои сакаат да нѐ инфицираат со нивните контаминирачки фантазии. Но, во услови на фактички идејно најподдржуваната политичка платформа: МКД во ЕУ, џабе им е претставата.

Во налет на изборна кампања, сиромашките, дуваат во погрешна фрула, само за да се дочепаат до некоја привилегија во случај да се смени власта. Жалам што ќе ги разочарам, но секоја влада, без разлика од која провиниенција е, ќе мора да се задржи на евроатлантскиот стратешки курс и да овозможи национален консензус. Во спротивно, нема да ја има.

Да повторам, граѓаните овде многу добро знаат дека ЕУ е најповолниот можен свет од расположливите на лагер (и со сите свои маани, факт е дека тоа е, сепак, демократски и мирен свет).

Овие евроскептични гласови, исто така, почнуваат и да го релативизираат влијанието на BRICS, особено во развојот на автократските режими кај неговите членки.

Дами и господа што сакате да ја втурнете земјава во политичка сива зона, sorry to say: фактите и реалноста, не се на ваша страна.

Полека со импресиите.

Прво, уште од времето кога се лансираше, BRICS е лабав сојуз, кој ниту има процедурални институции, ниту егзекутива, ниту пак има законодавно тело, ниту постојан секретаријат, ниту формални критериуми за членство. Поточно, нема конкретни критериуми за операционализација на своите замисли. За разлика од ЕУ, која сето тоа го има!

Во BRICS, земјите се со разнородна политичка, воена и економска потенција, и воедно водечките меѓу нив се докажани автократии.

Погодете кои се тие ?

За разлика од ЕУ – тоа не е случај. И ова е битна разлика, мили мои! Во овие бриксовски патрдии, се одвива квази политички шоу и, во едно такво шоу, за граѓанското општество нема простор. Така што, овие од кај нас, неутронските “енџиоиши” кои засурфаа на евроскептичните бранови, не знам колку се свесни дека, доколку продолжат со еуроскепсата, во евентуален бриксовски заокрет, скоро и да нема да постојат, а не па да бидат консултирани и финансирани.

Нема шанса тоа, мили мои.

Затоа што, функционалното мрежно поврзување на бриксовците, не ги баш љуби активистите на НВО, туку, повеќе дејствува преку партии, компании, а богами и академски кругови. Последниве, гледаме и кај нас, добро се уштекале и вмрежиле и тие се тука инсталирани уште од пред времето на информбирото и особено во бастионот на македонската наука.

Значи, за да се стане член на една неформална дружина како BRICS, не е прашање на формален критериум (на пример, Копенхашките, како во случајот на ЕУ, особено ДЕМОКРАТИЈА или ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО), туку е прашање на ВЛИЈАНИЕ, се знае чие: на Русија или на Кина. А новите земји приклучоци на БРИКС, како Аргентина, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) – се состојат од две монархии, една теократија т.е. де факто воена диктатура и земја во која моментално се води граѓанска војна. Аргентина ќе беше демократија но, по изборот на Милеи и тоа е доведено во прашање.

И да не должам многу, особено не за енергетските причини зад овие влијанија на Русија и Кина, ќе укажам само на референтниот Уве Oптенхогел, кој вели дека „… Русија и Кина го претворија БРИКС во антизападен проект чија цел е да се скрши хегемонијата на западните земји во сегашниот глобален поредок и доминацијата на американскиот долар во глобалната економија…“

Со други зборови БРИКС+ веројатно ќе продолжи со демократска дегенарација и ќе се развива како клуб на претежно автократски режими. Се слагам целосно со наодите на Oптенхогел, дека „ваквиот развој не нуди ништо на патот на напредокот за луѓето во светот во смисла на нивен развој; и поверојатно е дека ќе резултира со враќање на таков вид на политика меѓу големите сили – карактеристичен за 19 век. Мултиполарниот свет на Владимир Путин и Си Џинпинг, формулира неоимперијалистички тврдења за самодефинирање на сфери на интерес. Но, тоа не подлежи на никакви правила и е, всушност, спротивно на мултилатералниот свет во кој сите играат по исти правила. Ова разбирање на мултиполарноста го елиминира поредокот заснован на правила, заменувајќи ја силата на законот со законот на најсилните. И на секој автократски лидер му се гарантираат одврзани раце во сопствената земја…“

Па, мили мои, зарем има уште такви меѓу нас кои сакаат да се ре-автократизираат после 10 години искуство со груевизам?

Да, ене ги на телевизија, на радио, на конференции, на сите медиуми…

Ним сакам да им порачам дека нашата земја, ниту географски, ниту вредносно, па ако сакате, веќе ниту енергетски, не им припаѓа на бриксовците, колку и да се обидуваат да дејствуваат тука преку вас, како верни спијачи и инсталации, и преку дезинформации; преку некои од партиите, манулачите, дури и верските великодостојници.

Прогресот не сака автократија! А граѓаните сакаат прогрес и извесност. Следствено, Македонија не сака во BRICS.

И да Ве потсетам, земјата наша е во статус на започнати но, поради таквите како вас, закочени преговори и земјата е несомнено дел од Европската Политичка Унија (лансирана во 2022). Македонија, значи, веќе се качи на брзата трака на проширувањето, и сега многу е опасно да се симне од неа, додека траката врти.

Сите ние овде, во таа смисла, имаме јавна, државна и морална должност да продолжиме да ја негуваме „стратешката интимност“ (Андор) со ЕУ и со САД, т.е. со евроатланската и пред сѐ, МИРОВНА И ДЕМОКРАТСКА ПЛАТФОРМА, затоа што спротивното би значело – way to nowhere. Релативизацијата на парадигмата, пак, за паралелното продлабочување и проширување (depending – enlargement) што сѐ почесто доаѓа од опозициските пунктови, во никој случај не треба да се зема за сериозно, од едноставна причина што и двата процеси се во реален тек.

Конечно, „јастребите“ на Мицкота, изгледа сето ова го сфатија на време. Но, времето дојде сега и самиот Мицко да ги сфати „јастребите“.

Затоа што тие другите – дуваат во погрешната фрула.


Текстот е личен став на Авторката. Извор: Либертас
автократија БРИКС демократија ЕУ развој
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.