Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За германско државјанство, меѓу другото, се потребни пари, познавање на јазикот и прифаќање на Уставот

0
By Gabi Tocko on January 20, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот парламент (Бундестаг) вчера прифати реформа со која Владата сака да овозможи побрзо стекнување на германско државјанство за странците под одредени услови, објави Дојче веле. Еве ги главните точки на прифатениот предлог-закон:

Рок за добивање државјанство
Странците кои сакаат германско државјанство во моментов можат да го добијат најрано по осум години легален престој во земјата. Тој период треба да се скрати на пет години, а во случај на „посебни достигнувања во интеграцијата“ на три години. „Постигнувања“ значат, на пример, добро познавање на германскиот јазик, доброволно општествено ангажирање или многу добри резултати на училиште или на работното место.

Двојно државјанство
Мигрантите во принцип треба да можат да имаат двојно државјанство во иднина. Досега, апликантите за германски пасош прво мораа да се откажат од претходното државјанство. Ова не важи за граѓаните на другите членки на ЕУ и на Швајцарија, кои веќе можат да имаат две државјанства.

Сојузната влада верува дека многу луѓе се двоумеле да аплицираат за германски пасош затоа што, со откажувањето од постојното државјанство, се плашеле дека ќе ги загубат врските со нивната татковина или со семејството што сѐ уште живее таму.

Германско државјанство за деца
Децата на странски родители, родени во Германија, во иднина би требало безусловно да добиваат германско државјанство доколку барем еден родител легално живеел во Германија повеќе од пет години. Во моментов тој рок изнесува осум години. Во принцип, децата родени во Германија треба да добијат и германско и државјанството на нивните родители и можат трајно да ги задржат и двете.

Познавање на германски јазик
Побрзото стекнување државјанство треба да продолжи да се поврзува со исполнување на неколку услови. Странците кои сакаат да добијат германски пасош мора да достават докази за добра интеграција и добро познавање на јазикот. Исклучоци важат само за членовите на семејството, т.н генерација гастарбајтери кои често живеат во Германија со децении. Тие не мора да полагаат тест за државјанство и тест за германски јазик.

Трошоците за живот
Услов за добивање државјанство е и способноста на мигрантите да ги сносат трошоците за својот живот во Германија, како и трошоците за издржување на членовите на семејството. Од ова правило се исклучени гастарбајтерите кои дошле во Германија по 1947 година, како и поранешни т.н „договорни работници“ од ГДР.

Устав
За да добијат германски пасош, странските државјани, како и досега, мора експлицитно да се изјаснат дека го почитуваат слободарско-демократскиот основен поредок содржан во Уставот. Во Предлог-законот се наведува дека „антисемитските и расистички дејствија, како и оние насочени против родовата или сексуалната ориентација или други дејствија мотивирани од презир кон луѓето“ не се во согласност со уставно гарантираната заштита на човековото достоинство.

Изјаснување против антисемитизмот
Според плановите на Владата, ова изјаснување треба да се прошири во иднина. Заднината на ова се, меѓу другото, делумно антисемитските протести низ улиците на Германија по нападот на Хамас врз Израел. Така, во иднина, апликантите за германско државјанство би морале експлицитно да ја поддржат „специјалната историска одговорност на Германија за националсоцијалистичкото владеење на неправдата и неговите последици, особено за заштитата на еврејскиот живот“. Поради рускиот напад на Украина, ќе има посебно предупредување за „забрана за водење агресивна војна“. Однесувањето спротивно на овие барања би требало да го оневозможи добивањето германско државјанство.

Одземање на германско државјанство
На лицата кои потекнуваат од странство може да им се одземе германскиот пасош во рок од 10 години, на пример поради груба измама или давање лажни информации. Реформата предвидува и одземање на државјанството во случај на лажна изјава за поддршка на слободарско-демократскиот уставен поредок.

Новиот закон би можел да стапи во сила веќе во април. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во Германија во моментов живеат околу 12 милиони странски државјани, од кои околу 5,3 милиони престојуваат во земјава најмалку 10 години.

Закон за полесно депортирање
Германскиот парламент (Бундестаг) усвои во четвртокот на 18 јануари, закон со кој треба да се поедностави депортацијата на одбиените баратели на азил и илегалните мигранти. Со овој закон, на пример, се укинува обврската на државните органи да најавуваат депортација. Исклучок се семејствата со деца под 12 години. Исто така, приговор или жалба против одлуката за забрана на престој во Германија повеќе не го одложува извршувањето.

Според информациите на сојузното МВР, во декември во Германија биле регистрирани 242.642 лица кои го загубиле правото на престој во земјата. Сепак, 193.972 од нив добиле т.н Duldung, односно привремено право на престој.

Г. Т.

Германија закон олеснување пасош Странци услови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.