Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Грција, Кипар, Германија и Австрија прифаќаат несразмерно голем број баратели на азил во однос на нивната популација, покажуваат податоците од доверлив документ, објавен од весникот Билд.
Најмалку две лица загинаа во земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтерова скала што вечерва го погоди северен Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Владата на денешната седница донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Република Северна Македонија“ – Скопје.
Мерките што беа донесени од страна на Владата за надминување на енергетската криза дадоа позитивен ефект и ја поминавме зимата, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето на ТВ Стар.
Во наредните денови ќе објавиме кои имиња ќе ги поканиме во експертската група за уставните измени. Ќе испратиме и писма до сите политички партии во Собранието да номинираат експерти или личности на кои им веруваат да бидат во таа комисија. Сакаме да покажеме дека нема што да криеме и дека нема тајни клаузули, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.
Претставниците на органите за спроведување на законот се состанаа на Менхетен за да разговараат за обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кое би можело да биде поднесено вечерва или в среда, како и за неговото можно апсење поради, меѓу другото, поткупот на порно ѕвездата Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година, објави денеска американски „Политико“, повикувајќи се на тројца неименувани извори вклучени во случајот.
Сурогат мајчинството претставува сериозно злосторство, што е потешко и од педофилијата, изјави претседателот на Комисијата за култура при италијанскиот Парламент, Федерико Моликоне.
Дијалогот на високо ниво помеѓу Косово и Србија што се одржуваше денеска во Охрид со посредство на ЕУ заврши, објави вечерва на Твитер портпаролот за надворешна политика на Европската комисија, Петер Стано.
Нема крај на повидок на разговорите меѓу Александар Вучиќ и Албин Курти со посредство на европските претставници во вилата „Билјана“ во Охрид. Откако имаа поединечни состаноци српскиот претседател и косовскиот премиер со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, тие седнаа на трилатерална средба. Првиот сет од разговорите траеше повеќе од еден час по што беше направена пауза.
Во Црна Гора утре се избира претседател на државата. Според анализите ова е момент за забрзување или пауза на политичката проевропска иднина на земјата.
Во Охрид во тек е трилатералната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со претставниците на Европската унија, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел и специјалниот претставник на Брисел за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и украинските официјални претставници денеска соопштија дека е продолжен договорот со кој на Украина и се овозможува да извезува жито преку Црното Море.