Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Изборите во САД се во тек, а ситуацијата за демократите не изгледа ветувачка. Можни се три сценарија според кои работите би можеле да се одвиваат по изборите и објаснување што значи тоа на американски, но и на меѓународен план. Колку Доналд Трамп претставува иднина, а не само минато, ќе покажат часовите што претстојат.
Средбата протече во демократска атмосфера, оцени премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на Сител телевизија. Тој сподели дека му е драго што освен претседатели на две партии, сите останати биле присутни на средбата и ги изнеле своите ставови. Премиерот додаде дека ја свикал средбата за европската иднина на државата, но и за одлуките што треба да се носат со широк консензус.
Во САД утре се одржуваат избори на кои американските гласачи ќе имаат можност да ги изберат своите 435 претставници во Претставничкиот дом и 35 сенатори, како и бројни претставници на пониските нивоа на власта. Во исто време, гласачите во одредени сојузни држави ќе можат директно да се изјаснат за одредени финансиски и социјални политики. Станува збор пред се за левичарски иницијативи, кои ќе се обидат да го постигнат она што не им успеа на демократите во Конгресот, објави Си Ен Ен.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека 50.000 мобилизирани војници се распоредени во борбените единици во Украина, објави агенцијата Интерфакс. Тој додаде дека 80.000 се наоѓаат „во зоната за специјални воени операции“, а 320.000 се во кампови за обука во Русија.
Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, денеска изјави дека САД ги повикуваат косовските Срби да се вратат во институциите на Косово, а Приштина без одлагање да почне да ги почитува своите обврски, вклучително и отворање на преговорите за формирање на Заедницата на српски општини.
Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Скоро секој ден медиумите ќе пренесат или ќе модифицираат нечии зборови, со очигледна цел да ги конзумираме сосе сервираната емоција. Всушност, емоцијата што се сервира e најважна. Значи, целната група – конзументите на новости – без одмор се вари во пропаганда како жабата од познатиот експеримент.
Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ Преговорите закажани за утре кај премиерот Димитар Ковачевски ќе се одвиваат под парадигма на противречности со која лидерите на политичките партии влегуваат во нив.
Пишува: Зоран Бојаровски Не треба да се биде којзнае каков стручњак за препознавање трендови, но ако се погледне нагорното движење на индексот за мир на Република Северна Македонија на Глобалниот индекс на мирот што секоја година го подготвува Институтот за економија и мир, скокот од 97 место во 2017 на 36-то во 2022 година, заслужува анализа за тоа кои се факторите што овозможија вакво поместување за 61 место кон врвот.
Светската метеоролошка организација (СМО) денеска предупреди дека топлото време на планетата и зголемувањето на нивото на морето се влошуваат побрзо од порано.
Парични казни во висина на неколку часа искористена електрична енергија, но не и кривична одговорност. Крупниот бизнис кој што со шема користел електрична енергија како домаќинства ќе се спаси од истрага.
Однесувањето на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кое во фокусот го имаат личниот, наместо државниот интерес, ја чинат државата и граѓаните околу 200 милиони евра во време на најголемата економска и енергетска криза во Европа по Втората светска војна. Поради деструктивните политики на опозицијата и блокадата во Собранието земјава ги загуби 100-те милиони евра од ЕБОР за справување со енергетската криза, Град Скопје не ги искористи 70-те милиони евра, исто од ЕБОР, за БРТ градскиот превоз, а Скопје нема да добие ниту пречистителна станица откако внатрепартиските игри во ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска го пропаднаа тендерот вреден 136 милиони евра.
Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека Кијив подготвува целосна евакуација доколку градот остане во целосен мрак.