Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кличко: Можно е Кијив да биде времено евакуиран во случај на целосен прекин на струјата

0
By Gabi Tocko on November 6, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 6, 2022 12:00

Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека Кијив подготвува целосна евакуација доколку градот остане во целосен мрак.

Станува збор за град со три милиони жители, а наводно веќе постои комплетен план за оваа неверојатна опција. Околу 40 отсто од енергетската инфраструктура веќе е оштетена или уништена при руските бомбардирања.

Доколку Русија продолжи со вакви напади, јасно ни е дека би можеле целосно да останеме без струја, изјави Роман Ткачук, владин претставник од Кијив.

На градските власти им беше кажано дека ќе имаат предупредување околу 12 часа однапред дека системот е на работ на откажување. Во тој случај, како што рече Ткачук, луѓето ќе бидат известени да си заминат.

Но, засега, вели тој, ситуацијата е таква што се уште може да се управува. Сепак, евентуалниот целосен прекин на електричната енергија, се разбира, би донел многу други проблеми. Значи во тој случај не би имало вода или многу други работи кои зависат од струја.

Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко синоќа за украинската државна телевизија изјави дека градот се соочува со можни недостатоци на струја и прекини во водоводните и топлинските мрежи предизвикани од руските напади, поради што жителите на главниот град треба да создадат резерви и да размислат за привремено иселување.

Тој го опиша ова како најлошото можно сценарио. „Правиме се што можеме за да се погрижиме работите да не дојдат до тоа“, истакна Кличко.

Ако сакаме да бидеме отворени. Нашите непријатели прават се што можат за да го остават овој град без греење, без струја и без снабдување со вода – накратко, сите да умреме, рече градоначалникот на Киев.

Тој процени дека во градот има околу три милиони луѓе, вклучувајќи 350.000 внатрешно раселени лица.

Кијив се обидува да ја стабилизира својата електрична мрежа со повремени исклучувања што оставаат делови од градот во мрак по неколку часа и поставува 1.000 помали топлани во случај да се прекине топлинската мрежа.

Кличко, познат како поранешен светски шампион во бокс, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да ја уништи Украина како нација. „На Путин не му требаме ние Украинците, туку му треба регионот, му треба Украина без нас“.

На 24 февруари Русија започна воена агресија врз соседна Украина и оттогаш прогласи четири региони на југ и исток како дел од руската територија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.