Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Во текот на вчерашните протести во Западен Брег поради израелската колонизација повредени се околу 270 Палестинци. Најмногу повредени се во Беита, во близина на Наблус, каде што израелската армија редовно е во судир со жителите кои протестираат од средината на мај против изградбата на дива еврејска населба. – Повеќето од жртвите се повредени од вдишување солзавец, педесетина се ранети од гумени куршуми, а седуммина со боева муниција, соопшти Црвена полумесечина. Според израелската армија, околу 150 Палестинци фрлале камења и запалени гуми кон војниците, кои возвратиле со „средства за растурање на демонстрации“ и истрели. Според Црвена полумесечина во слични судири минатата…
Пожар што веќе шести ден гори во северозападна Финска опустоши повеќе од 300 хектари шума. Пожарот избувна на 26 јули на околу 25 километри јужно од пристаништето Калајоки и се уште не е ставен под контрола и покрај вчерашниот дожд во регионот. Според пожарникарите за целосно гаснење на огнот ќе бидат потребни неколку недели. Шумите се суви бидејќи јуни и јули беа невообичаено топли во Финска, каде што во некои области температурата беше повисока од 30 степени Целзиусови. Во гаснењето на пожарот учествуваат околу 250 пожарникари и војници, како и четири хеликоптери. Тоа е најголем пожар во Финска од 1971…
Гренланд во средата загуби огромно количество мраз, што се стопи поради високите температури предизвикани од климатските промени. Според научниците стопената вода е доволна за да ја покрие американската сојузна држава Флорида со 5,1 сантиметри. Тоа е трета најголема загуба на мраз на Гренланд во еден ден од 1950 година. Другите два рекорда се случија во 2012 и во 2019 година. Брзото топење е последица на топлиот воздух, заробен над арктичкиот остров, што го смени моделот на атмосферска циркулација. Тоа може да доведе до уште поголемо топење на мразот. – Само во средата (28 јули), околу 22 гигатони мраз се стопија,…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце време на чекање еден час, за излез на ГП Ќафасан време на чекање 30 минути, а на ГП Богородица време на чекање за излез околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што соопшти АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ…
Скопје очекува наскоро да се формира новата Влада на Бугарија и да продолжат разговорите за надминување на бугарското вето за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Македонската страна вели дека е конструктивна, подготвена да влезе во сериозен дипломатски ангажман за да се надминат разликите, но оти за тоа ќе мора да се почека, зашто реално во моментов нема нема соговорник од другата страна. Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера изјави дека се надева на интензивирање на разговорите по формирањето на новата влада во Софија по 15 август со цел да се направи евентуален пробив уште во септември. – Доколку…
Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври, а претседателот на Собранието ќе ги распише на 6 август. Но, останува неизвесно дали изборниот процес ќе биде по нови правила за изборниот праг на независните кандидати, кои веќе се влезени во собраниска процедура. Претседателот Стево Пендаровски вели дека нема да ги потпише измените на Изборниот законик во сегашната форма, пред се поради двата проценти праг наменети за независни кандидати. Предложените измени на Изборниот законик би го добиле потписот на шефот на државата само доколку во однос на прагот за независните кандидати се постигне поширок консензус меѓу партиите. Шефот на државата смета…
Откако неколку дена по ред состојбата со Ковид-19 беше стабилна, вчера беа регистрирани 74 нови случаи. Сепак, надлежните уверуваат дека нема голем број на пациенти во болниците, а рестрикции се размислува да се воведат само за невакцинираните. Повеќе сознанија за тоа дали вакцината ќе стане сезонска или не, се очекуваат во септември или октомври. Нема простор за паника, увери вчера министерот за здравство, Венко Филипче. Тој посочи дека се размислува за рестрикции во есенските месеци, заради тоа што луѓето повеќе ќе бидат во затворени простории, а ќе се вратат и од годишните одмори. Постои можност да се оди по примерот…
Сончевото и многу топло време со температури над 40 степени продолжуваат и денеска, поради што во сила е портокаловиот метео аларм, а се издадени и препораки за заштита на населението. УХМР предупредува дека и во наредните денови во земјава ќе има натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности долж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен. Денеска максималната температура ќе достигне до 42 степена, а вредноста на УВ индекост до 9. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе…
Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва најави дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски и против советниците во Општината. Според партијата ребалансот на буџетот во Општина Гази Баба е донесен на насилен и криминален начин. – Борче Георгиевски старо-новиот пулен на Зоран Заев за Гази Баба, брутално и насилнички го презеде советот, го исклучи претседавачот на советот и украде 150 милиони денари од од општинската каса на Гази Баба . Со една цел- изборен поткуп. Цели 31 час непрекинато траеше седницата на која советниците на ВМРО-ДПМНЕ го спречуваа грабежот. Спречуваа грабеж и втор ребаланс на општинската…
Американскиот претседател Џо Бајден и се заблагодари на косовската претседателка Вјоса Османи за постхумното одликување на неговиот син, наведувајќи дека Косово е во срцата на сите членови на неговото семејство. По повод одлуката на Вјоса Османи постхумно да му додели медал на синот на Бајден, Бо, за неговиот придонес во напредокот на Косово, Бајден рече дека тоа е „голема чест“ за целото негово семејство и оти „многу им значи“. – Бо се за вљуби во Косово, каде што отиде доброволно пред 20 години, за да ја поддржи независноста на Косово и вашата нова демократија и, пред сè, владеењето на правото.…
Кумановската полиција изрече 63 санкции за пребрзо возење, соопшти МВР. Засилената акциска контрола, полициските службеници ја спровеле денеска за период од осум часа, од 14 до 20 часот. Од полицијата најавија дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. – Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, повикаа од Министерството за внатрешни работи.
Тајландската Влада забрани споделување на вести кои „предизвикуваат страв кај јавноста“, дури и да се вистинити, јави Гардијан додавајќи дека Владата се соочува со зголемени критики за начинот на кој се справува со пандемијата. Владата на Тајланд ги заостри мерките според вонредниот указ издаден пред повеќе од една година, кој првично беше насочен кон лажни вести. Според последните ограничувања, на луѓето им е забрането да шират „информации што предизвикуваат страв кај јавноста“ или да споделуваат „искривени информации што предизвикуваат недоразбирања кои влијаат на националната стабилност“. Мерките беа осудени од медиумските групи и експерти за човекови права како обид да се…