Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ најави кривична за општинскиот врв во Гази Баба, по донесенот ребаланс на општинскиот буџет

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 30, 2021 22:01

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва најави дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски и против советниците во Општината. Според партијата ребалансот на буџетот во Општина Гази Баба е донесен на насилен и криминален начин.

– Борче Георгиевски старо-новиот пулен на Зоран Заев за Гази Баба, брутално и насилнички го презеде советот, го исклучи претседавачот на советот и  украде 150 милиони денари од од општинската каса на Гази Баба . Со една цел- изборен поткуп. Цели 31 час непрекинато траеше седницата на која советниците на ВМРО-ДПМНЕ го спречуваа грабежот. Спречуваа грабеж и втор ребаланс на општинската каса за само 20 дена. Борче Георгиевски нервозен и во паника зошто не му поминува криминалот направи уште еден криминал и сам донесе одлука за ребаланс, надвор од закон и секоја правна логика. И тоа се откако дозна дека е повторно кандидат за гарадоначалник миленик на Заев, изјави вечерва портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој тврди дека Георгиевски ја злоупотребил својата службена положба и овластување, бидејќи. како што вели, спротивно на закон е донесена одлука за гласање на ребалансот на буџет, а самиот Георгиевски не е претседавач на Советот.

– Георгиевски е исплашен и до гуша заглавен во криминал.Видео снимката која ќе ја пуштиме во прилог на оваа изјава покажува како Георгиевски го крши законот, и на сила без правен основ донесува одлука за ребаланс на буџетот. Ова е кривично дело за кое и Георгиевски и советниците кои гласале ќе сносат одговорност и за кое ќе се најдат пред лицето на правдата, вели Стоилковски.

Од Општина Гази Баба соопштија дека мнозинство советници во Советот на Општината го изгласаа новиот ребаланс на буџетот за 2021 година. Според Општината, ребалансот на буџетот во Општината нови 146 милиони денари, средства наменети за подобрување на инфраструктурата во општината преку изградба на улици, водоводни и канализациони мрежи.

– Лажни и лицемерни се обвинувањата на советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Фактите говорат дека токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани процедурални излагања и чести барања паузи ја блокираа работата на Советот. Граѓаните треба да знаат дека 56 седница на Советот започна на 29.07.2021 година (четврток) во 12 часот, а дневниот ред за работа на седницата беше донесен дури во 19:30 часот. Исто така лага е дека предложениот ребаланс не поминал на комисиите во Советот. Факт кој може да се провери во службите на општината, е дека сите комисии за работа на Советот уредно беа закажани и заседаваа. Лага е дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ немаа можност да поднесат амандмани на предложениот ребаланс. Факт е дека мнозинството и градоначалникот прифати 5 предложени амандмани од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а останатите предложени амандмани самата советничка група на седницата ги повлече, информираат од Општина Гази Баба.

Оттаму уверуваат дека изминатите три години буџетот е стабилен и ликвиден и оти сите предложени ребаланси на буџетот на општината биле за зголемување на приходите со нови средства.

– Жалиме што советниците на ВМРО-ДПМНЕ и по триесет часовната расправа, не се одважија да гласаат за ребалансот, во кој беа вградени и нивните предложени амандмани и да ја напуштија 56 седница на Советот. Општина Гази Баба останува посветена на граѓаните решавајќи ги проблемите кои ги мачат, велат од Општина Гази Баба.

буџет Гази Баба Совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.