Author: НОВА ТВ

Европската комисија предложи продолжување на рокот за разгледување на планот за закрепнување и издржливост на Унгарија, додека Будимпешта го обвинува Брисел за кратење пари од фондот на ЕУ поради новиот унгарски закон за ЛГБТ заедницата. Потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис денеска рече дека ЕК и предложила на Будимпешта да го продолжи рокот за разгледување на планот до 30 септември. Проверката требаше да биде завршена на почетокот на овој месец, но несогласувањата доведоа до одложување. Повеќе од половина од земјите-членки сега имаат одобрение од Европската комисија за нивните национални планови за закрепнување и издржливост од Механизмот за закрепнување. Овој механизам…

Read More

Авион со кој се превезувал турскиот министер за одбрана и други високи воени претставници денеска принудно слета откако удри во птица. Авион на турското воено воздухопловство ги превезуваше министерот за одбрана Хулуси Акар, началникот на ГШ Јашар Гулер и командантот на копнените сили Умит Дундар, кои се враќаа во Анкара по посетата на воената база Газиантеп, недалеку од границата со Сирија. Авионот удрил во птицата непосредно по полетувањето, што го принудило да изврши принудно слетување на аеродромот во блиската воена база недалеку од градот Адана. При принудното слетување никој не е повреден, а авионот претрпел мала штета.

Read More

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска, не сакаше да го коменитра завршниот збор на нејзниот поранешен колега – министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој го праша обвинителството зошто и Канческа не е опфатена во случајот „Организатори на 27 април“ бидејќи ја има во СМС комуникациите. – Мислам дека е добро да го прашате Миле Јанкиески, бидејќи сатнува збор за завршни зборви на одбрана, а согласно кривичната постапка, ова од искуство го кажувам, кога се даваат завршни зборови тоа е единствениот момент кога обвинетото лице може да се осврне на целокупната постапка, така што во делот на…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска номинираше осуммина кандидати за американски сојузни обвинители, вклучувајќи го и главниот федерален обвинител, кој доколку биде потврден, ќе ги надгледува постапките во процесот против лицата кои упаднаа во Капитол на 6 јануари. Метју Грејвс, адвокат и поранешен помошник обвинител на САД, е изборот на Бајден за сојузен обвинител на округот Колумбија, во кој обвинителството е преплавено со случаи поврзани со немирите на 6 јануари. Сојузните обвинители издадоа потерници за повеќе од 535 лица, обвинети за учество во насилството во кое демонстрантите се судрија со полицијата, ги искршија прозорците и ги принудија членовите на Конгресот, а…

Read More

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со неговиот австриски колега Александар Ван дер Белен за време на денешната посета на австрискиот град Салцбург. Како што јави дописникот на МИА во Софија, на средбата меѓу Радев и Ван дер Белен, било истакнато дека европската интеграција на земјите од регионот е во интерес на стабилноста и економскиот развој на Европа. Претседателот на Бугарија Радев истакнал дека државата принципиелно и доследно ја поддржува европската перспектива…

Read More

Фармацевтската компанија Бионтек денеска соопшти дека сака да ја користи технологијата мРНА, која е применета на нејзината вакцина против коронавирусот, за борба против маларијата. Германската компанија, која ја разви првата широко одобрена вакцина против коронавирусот заедно со американскиот партнер Фајзер, планира да почне клинички испитувања за безбедна и високо ефективна вакцина против маларија до крајот на следната година. Бионтек информира и дека сака да отвори фабрика за производство на мРНА вакцини во Африка, која спаѓа во регионите кои се борат да добијат доволно дози од вакцината против Ковид-19. Компанијата претходно соопшти дека работи на кандидат за вакцина против туберкулоза, за…

Read More

Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово –…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министрите за надворешни работи на уште 20 други земји ги осудија масовните приведувања на Куба и ги повикаа властите на островот да го приклучат интернетот за сите во земјата. -Демократите од целиот свет денеска се единствени во поддршката на кубанскиот народ и го повикуваат владата на Куба да ги послуша барањата на Кубанците за универзални човекови права, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен. -Како што кажа претседателот Бајден, кубанскиот народ изрази гласен повик за слобода, рече тој Заедно со САД, заедничка изјава за ова потпишаа Австрија, Бразил, Колумбија, Хрватска, Кипар, Чешка Република, Еквадор, Естонија,…

Read More

По консултациите со различните парламентарни блокови, либанскиот претседател Мишел Аун денеска го назначи новиот премиер на земјата, Наџиб Микати, чија влада треба да се справи со исклучително сериозните економски тешкотии во земјата, соопшти претседателската палата во Бејрут. 66-годишниот Микати е милијардер и бизнисмен, кој веќе двапати беше премиер на Либан, во 2005 и 2011 година, денеска ги доби потребните 72 гласа за формирање на новата влада. Микати, кој потекнува од северниот пристанишен град Триполи, денеска беше именуван од главните парламентарни блокови во земјата, вклучувајќи го и проиранското шиитско движење Хезболах. Христијанските либански сили и Слободарското патриотско движење на Аун не…

Read More

Собранието трет ден одржува општа расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот во кој се вметнати и осумте амандмани усвоени на матичната Комисијата за финансирање и буџет. Општата расправа може да трае пет дена. Во текот на расправата пратениците од власта нагласија дека ребалансот е развоен и дека со него се зголемуваат средствата за инвестиции и за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19, а нивните колеги од опозицијата порачаа дека претставува предизборен поткуп и одраз на неодговорното работење на Владата. Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање посочи дека со ребалансот на Буџетот нема да има инвестиции и развој…

Read More

САД ќе продолжат да изведуваат воздушни напади за поддршка на авганистанските сили во борбата против талибанците, изјави регионалниот воен командант на САД. Американските и другите странски трупи се повлекуваат од Авганистан, а талибанците за кусо време, во последните неколку недели, ги повратија руралните области и околните провинциски метрополи. Американскиот претседател Џо Бајден во мај соопшти дека американската армија ќе се повлече од Авганистан до почетокот на септември, на 20-годишнината од военото присуство во оваа земја. -САД во текот на изминатите неколку дена ја засилија воздушната поддршка за авганистанските сили и подготвуваме сме тоа да го правиме и во наредните недели…

Read More

Помал надоместок за телевизиско емитување, медиумската писменост и алатки за брзо откривање и спречување на ширењето на лажни вести, ова, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, се дел од фокусот на работа во текот на целиот мандат. Од МИОА дополнуваат дека нивната работа ќе се фокусира и на медиумите а, како што наведуваат, нивната примарна цел е да создададат средина каде што можат да работат слободни и независни медиуми и за ова, како што велат, ќе работат интензивно. Дел од фокус точките кои ги посочуваат, покрај алатките за новинарите и граѓаните, за брзо откривање и спречување на…

Read More