Author: НОВА ТВ

Христијан Мицкоски најдобро е да не драматизира и промашени проекти од нивното владеење да ги препишува како неуспех на оваа Влада, соопштија од СДСМ. – Очигледно Мицкоски не ги познава добро институциите, нека го праша својот ментор Никола Груевски која е разликата помеѓу Европската банка и Банката на Советот на Европа. Мицкоски исто нека го праша неговиот ментор Груевски, зошто во негово време се потпишани два катастрофални догвори? Еден за изградба на Клинички центар со компанија од Италија пред стечај, кој оваа Влада го раскина, а другиот за КБ Штип, веќе започнат со нецелосен проект, каде недостасуваа цели сегменти на…

Read More

СДСМ во моментов има мнозинство со сите прогресивни сили, новата влада ќе биде поголема и постабилна од таа што беше порано, ќе има стабилно парламентарно мнозинство, без оглед дали се тоа 64, 65 или 67 пратеници, кое понатаму ќе успее да владее до крајот на мандатот и конечно во нашата земја да имаме парламентарни избори во четири години, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа на ТВ 24. Тој истакна дека сосема е јасно дека мораме на нашите деца да им покажеме дека знаеме да направиме чекор понатаму и да се погрижиме за нивната иднина, а нивната…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Најроби се сретна со Воркне Гебејеху, извршен директор на Меѓувладината управа за развој (ИГАД), јави денеска портпаролот Нед Прајс.  На средбата се разговарало за регионални прашања, вклучително и за ситуацијата во Етиопија, Судан, Јужен Судан и Сомалија. ИГАД е трговски блок што осум земјо од источна Африка.   -Државниот секретар ја истакна потребата од неодложно запирање на сите непријателства во Етиопија и укажа на тоа сите страни да почнат преговори, кажа Прајс. За Судан, државниот секретар охрабрил одржливи регионални напори за враќање на премиерот Абдала Намдок и граѓански водената транзициска влада во склад со Уставната декларација, укинување…

Read More

Заборавени цела деценија, седумте научните установи и институти кои добија средства за финансирање на научно-истражувачки проекти, го поддржуваат отворањето на новата програма на Министерството за образование и наука, соопштија од МОН. Хидробиолошкиот завод–Охрид, Институтот за македонска литература–Скопје, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Институтот за национална историја-Скопје, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и Институтот за старословенска култура–Прилеп, односно сите јавни научни установи и институти во државата учествуваа на јавниот Конкурс и за тригодишно финансирање на по еден проект добија вкупно 19 милиони денари. Раководителите на проектите на кои министерката за образование и…

Read More

Американски федерален суд денеска на 41 месец затвор осуди еден од демонстрантите кои упаднаа во Капитол, попознат како „QAnon Shaman“, за неговата улога во смртоносните настани при упадот во Капитол на 6 јануари годинава, пренесоа британските медиуми. Џејкоб Ченсли, поради своето исшарано лице со бои, крзното на себе и роговите на главата, стана еден од симболите на крвавиот упад на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп во центарот на американската демократија, на денот на потврдувањето на изборната победа на демократот Џо Бајден. Обвинителите за Ченсли побараа подолга затворска казна, 51 месец затвор, откако тој во септември се изјасни за виновен…

Read More

Полскиот претседателот Анджеј Дуда утре ќе допатува во дводневна официјална посета на земјава, во чии рамки в петок ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев. Како што соопшти Кабинетот на полскиот претседател, посетата на земјава, Дуда ќе ја почне утре вечер со церемонија на доделување Медал на претседателот на Република Полска на Здружението на полската заедница во Северна Македонија „Полонија“. Според најавата, Дуда в петок ќе биде пречекан со највисоки државнички почести од претседателот Пендаровски во Вилата Водно,…

Read More

Телохранителот на Христијан Мицкоски, Влатко Илиевски, кој со еден купопродажен договор, продал пет парцели на ЕВН Електрани во вредност од половина милион евра, истите ги добил како подарок само две-три недели претходно. Во период од први до деветти септември, Илиевски како дар добил пет парцели со вкупна површина од околу 40 илјади метри квадратни. Потоа, како што истакна денес пратеничката од СДСМ, Слвајанка Петровска, тој ова земјиште го продал на ЕВН Електрани за сума од половина милион евра. Првите два договора биле склучени на први септември, кога на име на Илиевски се впишани две парцели. Едната ја добива на подарок…

Read More

Она кое што се случуваше во Собранието во четвртокот е грубо нарушување и прекршување на демократијата во земјата. Начинот на кој се спречи формирањето на ново парламентарно мнозинство наликува на недемократските и тоталитарните земји во кои е нормално да се заканувате на пратеници, односно луѓе избрани од народот, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на „Топ тема“. Според Мицкоски, пратеникот Кастриот Реџепи не само што го погазил сопствениот збор поради материјални придобивки, туку го погазил и зборот на политичката партија БЕСА која што за разлика од него на денот на гласање пристигнала во Собранието. – Крајно несериозно…

Read More

Само во последната година над 100.000 Американци починале од предозирање со дрога, што здравствените власти го поврзуваат со пандемијата со Ковид- 19 и присуството на уште поопасните опијати во системот за снабдување со лекови. Во САД смртноста од предозирање расте повеќе од две децении, а во последните две години е забрзана и, според последните податоци, во последната година е зголемена за речиси 30 отсто. Врз основа на најновите достапни податоци од регистарот на смртни случаи, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) проценува дека од мај 2020 година до април 2021 година 100.300 Американци починале од предозирање со…

Read More

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не планира да се вработи во Манчестер јунајтед доколку Оле Гунар Солскјер поднесе оставка. Јунајтед сакаше да го покани францускиот стручњак, но тој им порача на клупските газди дека во моментов не се чувствува подготвен да работи во Премиер лигата. Зидан сака да паузира од работа до лето, пишува новинарот на „Sport Bild“, Кристијан Фалк. Четириесет и деветгодишниот тренер го напушти Реал Мадрид во мај и оттогаш е невработен. Солскјер е тренер на Манчестер јунајтед од 2018 година. Под негово водство, тимот загуби шест од последните 12 натпревари. Сега Манчестер Јунајтед се наоѓа…

Read More

Администрацијата во Вашингтон има намера да објави дека претседателот Џо Бајден и сите останати владини чиновници на САД нема да присуствуваат на Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг, јави синоќа Вашингтон пост.  Од извори на весникот се дознава дека бојкотот е планиран како протест против нарушувањето на човековите права од страна на кинеските власти.  Притоа, американските спортисти ќе имаат право да учествуваат во натпреварите.   Конечното решение се уште не е донесено, официјани препораки веќе биле испратени до Бајден, и најверојатно тој ќе ги потврди до крајот на ноември, се наведува во објавата.  Во одговор на објавата на Вашингтон…

Read More

Исламска држава ја презеде одговорноста за двете денешни експлозии во главниот град на Авганистан, Кабул, се наведува во соопштението на оваа терористичка организација што беше објавено на социјалната мрежа Телеграм. Британските медиуми, цитирајќи ги талибанските власти, пренесуваат дека во експлозиите загинало едно лице, а најмалку шест се повредени, меѓу кои и три жени. Терористичките акции на Исламската држава во Авганистан зачестија откако Талибанците ја презедоа власта во август. Претходно овој месец, во напад на Исламска држава врз болница во Кабул загинаа најмалку 23 лица, а десетици беа повредени. Во средината на октомври, сунитската милитантна организација Исламска држава изврши напад врз…

Read More