Author: НОВА ТВ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на Министерството, оствари работна средба со делегација на Македонскиот полициски синдикат, предводена од претседателот Марјан Кицев. На средбата, како што соопшти МВР, министерот го информирал раководството на Синдикатот за предлог буџетот на Министерството за 2022 година и го потенцирал планираното зголемување на платите за пет проценти за вработените во Министерството. Тој го потенцирал и досегашното реновирање на 63 полициски објекти и планот следната година да се реновираат други полициски станици, како и почетокот на градба на ПС Аеродром, реконструкција на Центарот за обука во Идризово и реконструкција на Одделот…

Read More

Денеска, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 91 возач, информира МВР. Од нив, 18 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. – Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.

Read More

Секако двете страни треба да се вратат на преговарачката маса и треба да се искористат сите можности за да се воспостави довербата. Тоа е најдобриот начин Договорот од 2017 година да се исполни. Гледам дека има огромни напори од двете страни, и од Скопје и од Софија, за да се стават на маса отворените прашања и да се најде нивно решение што ќе даде сериозна основа за да започне Првата меѓувладина конференција, вели европратеникот и известувач за нашата земја во Европскиот парламент Илхан Ќучук. Тој вечерва во интервју за ТВ Сител посочи дека Бугарија уште е во процес на формирање…

Read More

Израел соопшти дека ќе забрани влез на сите странци поради ширењето на новата варијанта на коронавирусот – омикрон, првпат откриена во Јужноафриканската Република. Мерката ќе трае 14 дена, а ќе стапи во сила на полноќ, 29 ноември . Израел станува првата земја која целосно ги затвори своите граници поради варијантата омикрон. Во земјата веќе е евидентиран еден случај од овој сој и за уште седум се чекаат конечни резултати. Премиерот Нафтали Бенет денеска рече дека забраната е „тежок чекор, но привремен и неопходен“. Покрај затворањето на границите, властите ќе почнат да ги следат луѓето заразени со новата варијанта на вирусот…

Read More

Жител на село Долни Дисан починал денеска од повреди од дива свиња кон која пукал, а не ја погодил. – Во СВР Велес е пријавено дека околу 8 часот во близина на селото Вешје-Неготино, при лов на дива свиња, Т. Т. (1971) од село Долни Дисан, испукал еден куршум кон дива свиња, но не успеал да ја погоди, пo што таа го нападнала нанесувајќи му повреди, по што тој починал на лице место,  појаснуваат од МВР.

Read More

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска на ул. „Јужноморавски бригади“ во Скопје го привеле И.М. (26) од Сингилиќ, кој бил барал со потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување мерка притвор, а во врска со член 418 Б, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Најавија дека И.М. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.

Read More

До крајот на денов ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни и поројни, од над 20 литри на метар квадратен за 12 часа. Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и во источните делови. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје во вечерните и ноќните часови ќе биде облачно со врнежи од дожд и ќе дува умерен јужен ветер. Според прогнозата на УХМР, утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи…

Read More

Територијалната противпожарна единица од Кочани доцна попладнево локализираше голем полски пожар во атарот на селото Мојанци, што се закануваше да ги зафати и објектите на пречистителната станица за отпадни води. Во четиричасовното справување со огнената стихија се вклучија шест пожарникари со две возила, поголем број волонтери од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, како и месно население. -Дојава за пожарот добивме околу пладне и дури по 16 часот, со натчовечки напори, успеавме да го спречиме ширењето на огнот од оризовите површини кон пречистителната станица. Во еден момент пламените јазици практично беа во кругот на станицата, а голема опасност претставуваше тоа што…

Read More

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши утре во 14 часот ќе одржат нова средба за тоа дали партијата ќе се приклучи во Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок, потврдија за МИА од Алтернатива. Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.  Заев и Гаши, претходно одржаа средба и на 19 месецов. На седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа исто така во петокот, беше констатирана…

Read More

Владата на Косово понуди награда од 20 илјади за оној што ќе помогне во откривањето на сторителот или сторителите на тројното убиство, што се случи во петокот, на 26 ноември, кај селото Глоѓан, во близина на градот Дечане во западно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Наградата за тој што ќе помогне да се расветли тешкото злосторство, во кое загинаа двајца матуранти и возачот на автобус со средношколци, се распиша денеска, откако надлежните истражни органи потврдија дека се уште немаат конкретни информации кои би воделе кон откривање на виновникот, или виновниците и на мотивите за злосторството. Веднаш по инцидентот,…

Read More

Поднесени се кривични пријави против три лица од Русија, Скопје и Куманово, за приложување лажен ПЦР тест на Граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи. – СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север поднесоа кривични пријави против А.Н.(25) од Русија, К.А.(31) од Скопје и А.О.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавените, на излез од државата на граничен премин Табановце, покажале фалсификувани негативни ПЦР тестови, се вели во соопштението на МВР.

Read More

Полициски службеници лишиле од слобода 16-годишен малолетник по пријава дека синоќа со остар предмет нападнал врсник, соопшти Министрството за внатрешни работи. – На 28.11.2021 во 00:30 часот во с.Чегране, гостиварско од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода 16-годишен малолетник по претходна пријава дека на 27.11.2021 околу 22,45 часот на локален пат Гостивар с.Чегране во близина на поранешна железара, по претходна расправија, физички нападнал со остар предмет друг 16-годишен малолетник, посочуваат од МВР. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Read More