Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Денеска во 12:30 часот В.М. (33) пријавила кривично дело насилство сторено од А.В. и С.А. двајцата од село Василево, соопштија од СВР Струмица. Според полицијата денеска околу 11 часот додека пријавителката заедно со уште неколку лица ги посетувала жителите на село Василево во рамките на изборната кампања за Локалните избори 2021, забележале дека подолго време се движело возило зад нив во кое имало две лица. -Кога пријавителката и лицата кои биле со неа влегле во дворното место на Б.И. од сeло Василево, во дворот влегле С.А. и А.В. и почнале да упатуват навреди и закани кон нив. Кога пријавителката го…
Вселенскиот патријарх Вартоломеј е примен в болница за „медицинско набљудување“ во Вашингтон, откако се почувствувал лошо. Вартоломеј се почуствувал лошо денеска непосредно пред да замине на служба во катедралата „Света Софија“, поради долгиот лет и напорниот распоред на настани кои следеле по неговото пристигнување во САД. Неговиот лекар го советувал да се одмори, а од превентивни причини бил пренесен во Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“. Вселенскиот патријарх пристигна во Вашингтон синоќа и беше срдечно пречекан од членовите на грчко-американската заедница и црковни претставници, што е негова прва посета од 2009 година. Неговиот авион слета во воздухопловната база „Ендрјус“. Предвидено е Вартоломеј…
Од почетокот на пандемијата досега во земјава се регистрирани 199.766 позитивни случаи на Ковид – 19. Од нив, 186.322 оздравеа, а 7.051 ја изгубија битката со корона вирусот. Моментално има 6.393 активни случаи на Ковид – 19. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.595 тестирањe, а регистрирани се 227 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 128, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и…
Полициски службеници од СВР Велес денеска околу 12:30 часот ги лишиле од слобода Л. Л. (35) и С. Т. (46), двајцата од Велес, откако при претрес во нивниот дом биле пронајдени и одземени марихуана, неколку дигитални ваги и други предмети. -При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, куршуми калибар 6,35 мм, шприц со непозната течност, неколку дигитални ваги, пасош на име на друго лице и други предмети. Л.Л., исто така, се сомничи дека е сторител на кривично дело “разбојништво”, информираат од МВР. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против нив…
Неексплодирани гранати од Првата светска војна се пронајдени вчера во атерот на прилепското село Алинци и гевгелиското село Мрзенци. За двата случаи полицијата била информирана од локални жители, по што гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од Министерството за внатрешни работи. Гранатата во прилепско е пронајдена во атарот на село Алинци од страна на Б.К.(70) од Прилеп кој случајот го пријавил во Полициската станица Прилеп – Полициска канцеларија Тополчани. -Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека станува збор за артилериска граната од 155 мм од Првата…
Папата Франциск денеска ги повика државите да не ги враќаат мигрантите од небезбедните земји, како што е Либија, каде, според него, многу луѓе се злоупотребуваат и живеат во нехумани услови, слични на оние во концентрационите логори. Папата го упати овој апел за време на неговата традиционална неделна молитва во момент кога лидерите на Европската унија се обидуваат да ги надминат разликите во начинот на справување со приливот на мигранти, прашање кое ја зголеми поддршката за националистичките и популистичките групи во Унијата. – Треба да ставиме крај на враќањето на мигрантите во земји кои не се безбедни, рече папата, давајќи ги…
Најмалку 128 мигранти во два брода се наоѓаат во Медитеранот и постои опасност да се удават, пишува денеска италијанскиот весник „Република“. На првиот брод, кој е речиси потонат, се наоѓаат 60 луѓе, додека на вториот има 68 патници. Меѓу нив, според пораките на телефонот за итни случаи Аларм, има и многу деца кои заминале во Европа со своите родители, од бреговите на Либија. Според „Република“, во тоа подрачје има турбуленции и силен ветер и потребна е итна интервенција. Неколку часа по барањето за помош, Аларм во ажурираниот твит наведува: „Изгубивме контакт со 60 луѓе на гумен чамец кој издишува!“ Во…
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори во Јемен, денеска соопшти дека во изминатите три дена убила повеќе од 260 бунтовници Хути во близина на стратешкиот град Мариб. – Триесет и шест воени возила се уништени и повеќе од 264 бунтовници се убиени во напади во изминатите 72 часа во Ал-Џауба, на околу 50 километри јужно од Мариб, и во Ал-Касара на 30 километри северозападно, соопштија коалициските сили. Хутите поддржани од Иран ретко ги коментираат жртвите, па западните медиуми не се во можност незавосно да го потврди бројот на загинати.
Кочани е важен град во Источна Македонија, центар на македонскиот Исток и зато е важно да продолжи по вистинскиот пат. А вистинскиот пат е со СДСМ и Николчо Илиев напред – кон развојот, кон напредокот. Во овие четири години потавивме високи економски стандарди, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев. – Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари. Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра. Тоа е логична претпоставка имајќи предвид дека растат платите во сите сектори, дека расте просечната плата во континуитет. Државниот завод…
Во Договорот одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна. И во тоа смисла нашата обврска да не се мешаме во бугарските внатрешни работи постои, но постои и обврска за Бугарија да не се меша во внатрешните македонски прашања. Туку можеби прво прашање е правото на самоопределување и самоизјаснување и тука е тој судир на позициите со договорот и правната рамка на некој начин што ја прави договорот, вели во интервју за РСЕ, вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров. Во однос на работата на Комисијата за историски и образовни прашања, Димитров, вели дека тоа што можат владите да го направат е…
Категорично ги отфрламе како невистинити сите обвинувања за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”, демантира МВР откако ВМРО – ДПМНЕ обвини дека началници, командири, полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани, а нивната комуникацијата била на апликацијата „Вибер“, именувана како „XXX“. Од партијата обвинија и дека биле следени нивни членови, како кандидатот за градоначалник на Прилеп од оваа партија. – Во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало. Ја…
Арапските земји, кои минатата година ги нормализираа односите со Израел, „направија грешка“ и мора да ги поништат тие потези, изјави денеска иранскиот врховен лидер Али Хамнеи. Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Судан и Мароко соопштија дека ќе ги нормализираат односите со Израел во 2020 година, бидејќи Вашингтон, на чело со тогашниот американски претседател Доналд Трамп, ја стави арапско-израелската кохезија како надворешнополитички приоритет. – За жал, некои влади направија големи грешки со нормализирањето на (нивните односи) со узурпирачкиот и угнетувачки ционистички режим, истакна Хамнеи, мислејќи на Израел. – Ова е акт против исламското единство, тие мора да се вратат од тој пат…