Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Постои обврска и Бугарија да не се меша во внатрешните македонски работи

0
By НОВА ТВ on October 24, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров оцени дека Владата и министерот Бујар Османи во голема мера ги влошиле преговарачките позиции на Македонија во однос на Бугарија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 24, 2021 16:03

Во Договорот одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна. И во тоа смисла нашата обврска да не се мешаме во бугарските внатрешни работи постои, но постои и обврска за Бугарија да не се меша во внатрешните македонски прашања. Туку можеби прво прашање е правото на самоопределување и самоизјаснување и тука е тој судир на позициите со договорот и правната рамка на некој начин што ја прави договорот, вели во интервју за РСЕ, вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров.

Во однос на работата на Комисијата за историски и образовни прашања, Димитров, вели дека тоа што можат владите да го направат е да создадат позитивна клима, за непречена работа на историчарите, но политичарите не можат да им наредат на историчарите што да прават и што да не прават.

– Значи нашата задача е позитивен амбиент. Проблемот во работата на оваа Комисија е пред се идејата дека нивната работа треба да биде услов за нашиот напредок кон Европската унија. Кога ќе се стави тој притисок и таа уцена, не само што не се прави позитивен амбиент, туку се прави негативен амбиент и затоа мислам дека без разлика на желбите, големиот проблем во сегашната констелација на односи, позиции и политика по ова прашање е токму во тоа. Се сака резултати од таа Комисија за историски и образовни прашања, меѓутоа се направи амбиент на уцена, нагласува Димитров.

Прашан за планот 5+1 разговаран на Самитот Брдо кај Крањ, во Словенија, Димитров вели дека, клучно е дали техничката влада во Бугарија може да испорача, ако се најде решение.

– Многу е битно да знаеме, дали ако најдеме разбирање, со оглед на датумот на изборите, и претседателски и парламентарни кај соседите во Бугарија, дали техничката влада може да испорача зелено светло, усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, тоа е клучно. Второ, за нас исклучително важно е македонскиот јазик во преговарачката рамка, формулацијата за македонскиот јазик во однос на тоа дека земјата треба сите, целиот корпус на европско законодавство да го преведе на македонски и да има доволен број на преведувачи пред да стане членка, да биде така напишана како и за сите други европски јазици, изјави Димитров.

Тие точки, посочи Димиртов, се контекст на спроведување на Договорот за пријателство со Бугарија, меѓутоа вкупниот пакет мора да содржи почеток на преговорите, значи усвојување на преговарачката рамка, одржување на првата меѓувладина конференција.

– Нам ни е исклучително важно ова што го споменав, македонскиот јазик, македонскиот идентитет, што е апсолутно наша работа, прашање за македонскиот народ. Нам ни е исто така многу важно пристапниот процес да носи европеизација – дали одиме напред кон ЕУ, отвораме кластери, исполнуваме одредници итн, да зависи од реформите дома. Не, не може да зависи тој процес од работи што не се на накој начин во наша ингеренција, на пример работата на Комисијата за историски и образовни прашања. Ако нашиот прогрес во ЕУ зависи од историчарите тогаш многу тешко тој процес можеме да го наречеме европеизација, вели Димитров.

Исклучително важно, нагласува Димтров, е една одредба од Договорот за пријателство, членот 14, кој што вели дека Договорот не може да влијае на права и обврски што државите, договорни страни, обете ги презеле по други меѓународни конвенции, договори итн.

– Членот 14 е на некој начин врзан или е другата страна на заложбата за немешање во внатрешните работи, бидејќи и ние и Бугарија имаме извесни права и обврски коишто сме ги презеле по други меѓународни конвенции и тоа не значи мешање во внатрешните работи. На пример, Европската конвенција за човекови права и нашата улога како држава членка на Советот на Европа, нагласува Димитров.

Бугарија Димитров Историја Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.