Author: НОВА ТВ

Наставник по англиски јазик пред цело одделение во училица физички малтретира ученик во основното училиште „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2. Овој случај е пријавен во полицијата. На видеото кое е објавено на социјалната мрежа „ТикТок“ се гледа како наставникот прво му замавнува на ученикот, а потоа го крева со двете раце и го пушта. Директорката на училиштето за „Слободен печат“ потврди дека случајот го пријавила во полиција. Наставникот повеќе години предавал во тоа училиште. – Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив…

Read More

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од локалните избори кои се одржаа на 17 октомври. Правото на глас го оствариле 938.631 граѓани, односно излезноста изнесува 51,44%. Овие податоци се наведени на веб – страницата на ДИК. Во вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи на 31 октомври 2021 година, ќе се гласа во вкупно 44 општини. Во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се повтори гласањето, бидејќи не е исполнет законскиот цензус на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. Државната изборна комисија во рок од 15 дена ќе ја извести Владата, за…

Read More

Голем хакерски напад е извршен во Бугарија врз Националниот систем за издавање зелени сертификати. Ова го потврдија од „Информативни служби“ кои во изминатите три денови неутрализирале над 400 непријателски кампањи против здравствениот сајт, јавија бугарските медиуми. Во моментите на пикови на големиот кибер напад, системот не беше достапен и корисниците не можеа да влезат на страницата и да ги издадат своите зелени сертификати за Ковид-19. Најголем пик на нападот бил во утринските часови на 21 октомври. За време на нападите не протекоа лични податоци, соопштија од Информативните служби. „Информативни служби“ АД е бугарски национален системски интегратор на државната администрација. Компанијата…

Read More

Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, како што напиша на својот „Фејсбук“ профил, денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација. – Како припадници на денешните генерации, со гордост се сеќаваме на македонските револуционери и на прогресивната интелигенција, собрани околу Македонската револуционерна организација, која ја понесе борбата за вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава – држава на слобода, правда, еднаквост, независност, објави Заев. Нашата борба, додава премиерот секогаш била само да се биде свој на своето – стремеж за држава на сите и за сите.…

Read More

Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за време на корона-кризата со мерки за поддршка, што придонесе за одржување на целокупната стабилност, истакна Пол Хилберс, извршен директор во Меѓународниот монетарен фонд за Конституенцата во којашто членува нашата земја. Тој додаде дека „тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, но неопходно е внимателно следење на инфлациските движења“. Овие констатации беа дадени за време на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше тимот на Народната банка предводен од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска. Оваа година, како и минатата, средбите се одржуваат виртуелно поради пандемијата. Извршниот директор…

Read More

Владина делегација составена од Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“. Република Северна Македонија денеска го чествува „23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“, во знак на сеќавање на денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација која ја понесе борбата за остварување на вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава…

Read More

По повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, делегацијата на СДСМ во состав Александар Саша Димитријевиќ, потпретседател на СДММ и Мелиса Ценовска Серафимовска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче, учествуваше на XIV Национална конференција за рак на дојка, за одбележување на месецот за борба против оваа болест. Подобрувањето на достапноста на современата терапија и дијагностика за онколошките пациенти во Република Северна Македонија, почна во 2018 со стратегија за подигнување на здравствената грижа на граѓаните, која беше на иницијатива на министерот за здравство Венко Филипче. Со решавањето на долгогодишниот проблем со паралелниот увоз на лекови, сега сите пациенти со малигни заболувања се сигурни дека примаат оригинална терапија и терапија при чие транспортирање се запазени сите мерки на добра дистрибутивна пракса (ладен ланец и сл.). -Во изминатите…

Read More

Во Словенија вчера биле регистрирани 2.270 нови случаи на Ковид, што е најголем број заразени во претходните речиси 10 месеци, додека осум лица починале во истиот ден. Од вкупниот број на тестирани, 30,2 отсто биле позитивни, според официјалните податоци, јави СТА. Моментно хоспитализирани 440 лица, а на интензивна нега се 123 пациенти. Бројот на нови случаи се зголеми во просек за 121 во изминатите седум дена, сега на 1.550, а двонеделната инциденца на 100.000 жители сега е 825, додаде Националниот институт за јавно здравје. Институтот проценува дека во моментов во Словенија има 17.436 активни случаи во државата.

Read More

Полициски службеници лишиле од слобода двајца тетовци, откако кај нив се пронајдени марихуана и нож, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. – Синоќа во 21:35 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(21) и еден малолетник, двајцата од Тетово, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и нож, посочи МВР. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски денеска, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Read More

Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави американската амбасада во Загреб. Таа одлука на Електронскиот систем за овластување за патување (ЕСТА) се однесува на хрватските граѓани кои заминуваат во САД во туристички или деловен аранжман, не подолго од 90 дена, објави „Јутарњи лист“. Членството на Хрватска во таканаречената програма за ослободување од визите (VWP) е важен чекор во натамошното зајакнување на економската и безбедносната соработка меѓу двете земји, соопшти Амбасадата. За да може една земја да влезе во програмата за укинување на визите, таа мора да ги исполни критериумите во областа на…

Read More