Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
По првиот ден од министерскиот состанок за одбрана на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг порача дека Алијансата ќе продолжи да набљудува што се случува во Авганистан, јави дописничката на МИА од Брисел. Првиот физички состанок на министрите за одбрана на НАТО беше посветен на геополитичките предизвици и лекциите што треба да се извлечат по повлекувањето на воените трупи од Авганистан, каде талибанците ја преземаа власта. – Разговаравме како да се сочуваат добивките и Авганистан никогаш повеќе да не биде безбедно место за терористи, ќе ги набљудуваме сите обиди на терористичките групи да се здружат во Авганистан и имаме капацитет за…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека лишувањето од правото на вето на постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе го уништи тоа светско тело. Русија е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН која има право на вето. Како што пренесуваат странските агенции, постојаните членки со години се соочуваат со притисок да ја реформираат организацијата за да ги земат предвид промените во светската демографија и економијата од нејзиното формирање по Втората светска војна. Сепак, Путин на состанокот со руските експерти рече дека укинувањето на правото на вето ќе ја сведе светската организација…
Медицински техничар од Тексас е прогласен за виновен поради убиство на четворица пациенти на кои им вбризгувал воздух во вените по операција на срцето. Триесет и седум годишниот болничар, Вилијам Дејвис сега се соочува со смртна казна, пишува Би Би Си. Машки пациенти во болница во Тексас, на возраст меѓу 47 и 74 години, имале „симптоми слични на напади“ и починале од смртоносно оштетување на мозокот, откако Дејвис им вбризгувал воздух во вените. Пациентите претходно добро закрепнувале од операциите и на лекарите не им било јасно како нивната состојба драстично се влошила. Во текот на судењето објавени се снимки од…
Во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа, која се одржува во Атина, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери се сретна со потпретседателката на шведскиот Риксдаг, Лота Џонсон Форнаве. -Оценувајќи ги односите меѓу двете држави како особено добри и пријателски, претседателот Џафери изрази благодарност за континуираната поддршка на Шведска на демократскиот и економскиот развој на нашата држава преку бројни развојни проекти, како и за силните заложби за продолжување на политиката на проширување на ЕУ. Тој ја поздрави иницијативата на Риксдагот да започне соработка за демократски развој со Собранието на Република Северна Македонија, и…
Русија пријави случаи на инфекција со новата варијанта на коронавирусот, за која се верува дека е позаразна од Делта поради рекордното зголемување на бројот на заразени и починати. Тоа ги принуди московските власти повторно да воведат порестриктивни санитарни мерки, пренесува Радио Слободна Европа. Можно е варијантата AY.4.2 да биде широко проширена, изјави денеска Камил Кафизов, истражувач во рускиот здравствен супервизор Роспотребнадзор. Тој додаде дека новата варијанта може да поттикне пораст на стапката на нови случаи на Ковид-19, а на крајот може дури и да го замени Делта сојот, иако, како што изјави, процесот најверојатно ќе биде бавен. Русија има најголем…
Светската здравствена организација денеска соопшти дека 80.000 до 180.000 здравствени работници во светот можеби умреа од Ковид-19 до мај годинава, инсистирајќи на тоа дека тие треба да бидат приоритетно вакцинирани. – Новиот работен документ на СЗО проценува дека меѓу 80.000 и 180.000 здравствени работници и вработени во старечките домови можеби умреле од Ковид-19 меѓу јануари 2020 и мај 2021 година, соопшти здравствената агенција на ОН.
Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе донесе одлука за одобрување на Спутник В, руска вакцина против коронавирусот, најрано во првиот квартал од 2022 година, бидејќи се уште нема доволно податоци, изјави денеска извор кој е запознаен со тоа прашање. – Одлуката на ЕМА до крајот на годината сега е целосно невозможна, истакна изворот. Доколку бараните податоци стигнат до крајот на ноември, „тогаш регулаторите би можеле да донесат одлука во првиот квартал од следната година“, додаде изворот кој сакаше да остане анонимен. ЕМА започна официјално тестирање на руската вакцина во март. Претходно се очекуваше дека ќе ја одобри вакцината Спутник В…
Фолклорни танци, гастрономија, ракотворби, модерни и традиционални носии и заеднички проекти, беа презентирани во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија на Седмиот европски ден на територијалната соработка, насловен „Минато, традиција, иднина. – Начинот на кој комуницираме!“, што се одржа денеска во центарот на албанскиот град Корча, јави специјалниот известувач на МИА. Евроамбасадорот во нашата земја Дејвид Гир истакна дека одбележувањето на Европскиот ден за територијална соработка е настан кој ја промовира заедничката соработка на Северна Македонија и Албанија во рамките на програмата за прекугранична соработка финансирана од ЕУ и е потсетник дека сме подобри кога…
Алијанса за Албанците и Алтернатива за одлуката на ДИК имаат право на тужба пред Управниот суд. Државната изборна комисија на денешната седница со 4 гласа „против“ и 3 „за“ го отфрли приговорот на коалицијата на Алијансата за Албанците (АА) и Алтернатива за избирачкото место 543 во Дебар. Претставнилот на АА и Алтернатива бараше поништување на гласањето на ова избирачко место, што беше поддржано од членот на ДИК, Кренар Лога. Според Лога, записникот од Избирачкиот одбор е невалиден бидејќи не бил потпишан од мнозинството членови на ИО. Исто така, беше наведено дека претседателот на Одборот на избирачкото место на денот на…
Од почетокот на пандемијата досега во земјава се регистрирани вкупно 198.646 заразени од Ковид – 19. Од нив, 185.660 оздравеа, а 7.012 ја изгубија битката со заразата. Моментално има 5.974 активни случаи на корона вирусот. Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.073 тестирањe, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 223, Куманово – 38, Прилеп – 33, Велес – 32, Штип – 24, Битола – 20, Кавадарци – 19, Охрид – 17, Крива Паланка – 16, Кочани – 10, Кичево – 8, Македонска Каменица –…
Во Сирија се погубени 24 лица осудени за подметнување шумски пожари, соопшти Министерството за правда. Во соопштението се наведува дека се „погубени криминалци кои извршиле терористички напади што доведоа до смртни загуби и уништување на инфраструктурата и јавниот имот“. По истата основа, уште 11 лица беа осудени на доживотен затвор. Во минатогодишните шумски пожари загинаа три лица, а изгореа илјадници хектари шума. Егзекуциите се вообичаени во Сирија, но бројот на егзекуции денес е поголем од вообичаеното.
Европскиот парламент, два дена по објавувањето на пакетот за проширување на Европската Комисија, денеска на пленарна седница расправаше по декларацијата на Европскиот Совет и Европската Комисија за заклучоците од Самитот со земјите од Западен Балкан. Во скоро двочасовната расправа, мнозинството од европските пратеници изразија поддршка на европските перспективи на земјите од регионот, изразувајќи и разочарување од самитот во Брдо, Словенија, кој не им пружи јасна иднина на земјите што според нив, ќе беше поттик за реформи. Во дискусијата беше побарано почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија. Во однос на европските перспективи на регионот, резервите доаѓаат само од редовите на крајната десница, јави…