Author: НОВА ТВ

Шпанскиот премиер Педро Санчез в среда ќе пристигне во Загреб од Љубљана за да се сретне со премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ, што е прва официјална посета на шпански премиер на Хрватска од независноста во 1991 година. Социјалистот Санчез, на власт од 2018 година, ќе учествува на состанокот на Европската унија и земјите од Западен Балкан во Љубљана в среда наутро и ќе пристигне во Загреб попладне, јави Хина. Хрватската страна го покани Санчез во посета во септември, но тогаш посетата беше откажана поради промена на неколку министри во шпанската Влада. Затоа, Мадрид сега одлучи да ја искористи…

Read More

Наставниците и училишниот персонал во Њујорк од денеска треба да се вакцинираат против Ковид-19. Претседателот на Обединетиот синдикат на наставници, Мајкл Малгру рече дека 97 проценти од членовите на неговиот синдикат примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио во петокот предупреди дека 148.000 луѓе вработени во училиштата мора да бидат вакцинирани за да не добијат неплатено отсуство или прекин на работата. Според него, 90 проценти од вработените во Министерството за образование примиле барем една доза од вакцината, вклучувајќи 98 проценти од директорите на училиштата.

Read More

Завршување на стратешката цел на Северна Македонија, членство во ЕУ, и во тој контекст, очекувањата и перспективите за следниот самит Брдо на ЕУ-СБ во Крањ, Словенија, била темата во фокусот на разговорите на денешната средба во Берлин на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Германија, Бујар Османи и Хајко Мас. На средбата се разговарало и за теми поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за најновите регионални случувања. – Пријателите и партнерите ги земаат предвид меѓусебните перспективи и интереси. Нашиот состанок беше длабинска размена за изгледите за следниот исчекор на Северна Македонија кон Европската…

Read More

Поддршката на ЕУ за проширувањето се предвидува да биде спомената во завршната декларација на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо во Словенија, како и тоа да се каже дека Унијата ја реафирмира поддршката за регионот и има капацитет да прими нови членки, брифираат дипломатски извори од Брисел. Во однос на прашањето меѓу Скопје и Софија, дипломатските извори исто така брифираат дека преговорите меѓу двете земји продолжуваат и ЕУ го поддржува тоа, како и оти се изнаоѓаат начини двете земји да го решат билатералното прашање со цел да се одржи првата меѓувладина конференција. Тие додаваат дека Самитот во ЕУ ќе биде добра…

Read More

СДСМ и Коалицијата вечерва на граѓаните на Градско, Чашка, Велес, Пробиштип и на Илинден, им ги претстави кандидатите за градоначалници. Централниот настан од караванот „Најдоброто за мојата општина“ вечерва се одржа во Велес. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, пред велешани рече „парите не ги трошиме на камења и барок, градиме патишта, водоводи, училишта, галиите ги заменивме со велосипедски патеки, паркови, ние ги слушаме потребите на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ уште го слушаат Груевски, оној кој заедно со нив ги полнеше своите џебови, меѓу кои е и Мицковски еден од подобрите негови соработници“. – Две третини од нивните поранешни функционери…

Read More

ДУИ вечерва ја продолжи предизборната кампања во Сингелиќ, општина Гази Баба, презентирајќи ја листата на кандидати за советници во оваа општина. Пред присутните се обратија претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Артан Груби од ДУИ и носителот на листата на кандидати за советници, Сафет Адеми. Ахмети пред присутните додаде дека приоритет на ДУИ е унапредувањето на кадарот и неговото школување. – Имавме обврска да ја имплементираме и работиме за нашата програма која го дефинираше меѓународниот договор што го потпишавме, ДУИ пред се јас како нејзин лидер, го имав приоритет унапредувањето на кадарот, нивното школување и нивната специјализација, затоа што така мислев…

Read More

Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија на 6 октомври „уште еднаш ќе укаже на стратешката важност на регионот за Унијата“, а клучните финансиски институции ќе презентираат како може да се помогне за закрепнувањето на регионот, додека лидерите на ЕУ и Западен Балкан ќе објаснат како да се продлабочи политичкиот дијалог, безбедноста и регионалната соработка и решавање спорови. Ова го посочи претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во својата порака до учесниците на самитот, кој подвлече дека ангажманот на Унијата на Западен Балкан исто така ќе биде важна тема. Мишел истакна дека на специјална сесија, претставници на Регионалниот совет за соработка, Европската…

Read More

Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили е уапсен откако на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека се вратил во земјата од Украина каде живееше во бегство, соопшти премиерот на Грузија, Иракли Гарибашвили. Саакашвили беше советник на украинскиот претседател Зеленски. Враќањето на Саакашвили во Грузија доаѓа на само еден ден пред изборите. Тој во 2008 година беше осуден за злоупотреба на службената положба на шест години затвор. На него му се судеше во отсуство. Саакашвили, должноста претседател на Грузија ја извршуваше во два мандати. Првиот од јануари 2004 до ноември 2007 година, а вториот мандат го извршуваше од јануари 2008 година до ноември 2013…

Read More

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска  во Брисел разговараше со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, за аранжманот за деескалација на тензиите во северно Косово и рече дека „НАТО и ЕУ имаат заеднички интерес.за трајно политичко решение во регионот“. „Мисијата на КФОР предводена од НАТО ќе продолжи да обезбедува сигурна и безбедна средина и слобода на движење. НАТО и ЕУ имаат заеднички интерес за трајно политичко решение во регионот”, напиша Столтенберг на Твитер, објавувајќи фотографија од средбата со Лајчак. Лајчак денеска присуствува и на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел. Вчера, по постигнувањето на…

Read More

Според Глобалниот индекс за организиран криминал, Црна Гора е рангирана на прво место во Европа и на 14 место во светот кога станува збор за трговија со дрога, а четврта во Европа по криминал, по Русија, Србија и Украина и 45 -та во светот, јави РТЦГ. Кога станува збор за отпорот кон криминалот, како што е наведено во Институтот за алтернативи, од 44 европски земји, Црна Гора е на 38 -то место и 112 -то место во светот. Во извештајот за Црна Гора се наведува дека земјата главно служи како транзитна зона, без разлика дали станува збор за дрога, оружје…

Read More

Иако Европската комисија пред три години предложи да се укине сезонското поместување на стрелката на часовникот, земјите-членки сè уште не се договорија за ова, и се чини дека нема да го направат тоа во догледна иднина, јавува Хина. – Во недела, на 31 октомври, ќе ја поместиме стрелката на часовникот, изјави денеска портпаролот на Еврокомисијата Стефан Де Кирсмакер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што се случува со предлогот да се запре со поместување на стрелката на часовникот секоја последна недела во март и во октомври. Различното сметање на времето требаше да престане во 2019 година, откако поранешниот претседател на…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама за време на посетата на Абу Даби остварил средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеф Борел. На објава на Фејсбук, шефот на албанската влада наведува дека разговарал со Борел за самитот што следната недела ќе се одржи меѓу ЕУ и Западен Балкан, ситуацијата во регионот, како и „отворениот конфликт меѓу Бугарија и Северна Македонија“ што, според него ја држи како заложник неговата земја. -Средба со Жозеп Борел, главен дипломат и посредник на ЕУ во разговорите Косово-Србија, со кого разговаравме за Самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела, ситуацијата во регионот, како и отворениот конфликт на…

Read More