Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Европската федерација на новинари и Европската радиодифузна унија испратиле писмо на загриженост до еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, за моменталната ситуација со слободата на медиумите во Албанија. Напишано од мрежата SafeJournalists, која вклучува повеќе од 8.200 членови во Западен Балкан, поставува неколку прашања и бара реакција, поддршка и помош, пишува Exit News. Првата загриженост е поради тоа што нема избрано генерален директор на албанската радотелевизја (РТШ) повеќе од седум месеци. -Загрижени сме дека нема суштинско оправдување за одложување на изборот на нов генерален директор, чија улога е клучна за претставување на РТШ како единствен јавен сервис во Албанија.…
Непознати сторители ноќеска ги вандализирале спомен бистите на македонските поети Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга. Бистата на Поповски била фрлена во водите на Охридското Езеро, додека, онаа на Јаневски е оштетена и свртена наопаку на постаментот. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски посочувајќи дека полициски службеници извршиле увид и се работи на расчистување на случајот. – Настанот е пријавен во ОВР Струга, полициски службеници веднаш излегоа на терен да извршат увид на лице место. Полицијата работи на расчистување на случајот и откривање на сторителите, изјави Димоски. Настанот го осуди и директорот на националната установа „Струшки…
Портпаролката на Европската комисија (ЕК) Ана Писонеро Хернандез во писмен одговор за Гласот на Америка оцени дека „иднината на целиот Западен Балкан е во ЕУ“, во врска со текстот на агенцијата Ројтерс, во кој се наведува дека не постои согласност за членството на шесте земји од Западен Балкан. Ројтерс се повикува на неименувани дипломати и пишува дека ЕУ, во страв од политички реакции во земјите-членки, повеќе не може да се согласи за давање гаранции за идно членство на шесте балкански држави на кои тоа своевремено им беше ветено, потсетува Гласот на Америка на српски јазик. Писонеро наведува дека „Европската комисија…
Струмица стана европски град уште пред многу години покажувајќи им на сите како се работи најдобро. Струмица беше и моторот во битката со режимот и моторот во напредокот кон Еврoпа. Треба дa се признае на овој град за храброста и одважноста во придонесот за слободата, кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашaта општина“ во Струмица. Тој додаде дека во кандидатот за градоначалник на оваа општина, Костадин Костадинов се препознава себеси и кажа дека верува во него бидејќи има јасен план и визија. – Немам дилема, Костадин Костадинов ќе биде новиот градоначалник на Струмица, а…
ДУИ вечерва кампањата за локалните избори ја продолжи од Долнени во Пласница. Партијата ги претстави кандидатите за градоначалници на Долнени и на Пласница, Урим Ибески и Алија Јаоски, како и листата на советници. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред жителите на Долнени и на Пласница рече дека изборната платформа на неговата партија се базира на Зелената агенда која гарантира подобар квалитет на животот за сите граѓани на Пласница. – Никој не веруваше дека во оваа земја ќе се постигне заедниците да се разбираат меѓу себе, има уште многу работа, дали има предрасуди, се разбира дека има. Оваа земја наскоро ќе…
Стратешки приоритет и стратешка цел за Грција е и останува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Потенцираше дека за нив, би била загрижувачка „било која друга перспектива што ќе излегува од рамката на солунската агенда од 2003 година“, бидејќи остануваат цврсто на нивната „стратегија за целосна интеграција на Западен Балкан“, а ова за Атина е пат во една насока. – Не е тактика, туку е стратешка цел и останува стратешка цел. Не знам како поинаку да…
Ракометарите на „Вардар 1961“ ја забележаа втората победа сезонава во Лигата на шампиони, откако триумфираа вечерва во Скопје над данскиот првак „Алборг“ со 30-28 (16-16) во рамки на третото коло од групата А. Македонскиот шампион беше во негатива од четири голови разлика на средина од првиот дел (7-11), но, во продолжението го подигна квалитетот во играта и влезе во завршните пет минути од натпреварот со идентична предност (28-24). Серијата на Алборг од 4-1 внесе неизвесност во самиот финиш, но Вардар одолеа до самиот крај за да му го нанесе првиот пораз на тимот од Данска во групната фаза. Најефикасен во…
Државниот завод за статистика досега нема побарано продолжување на Пописот 2021. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок, изјави вечерва за МИА директорот на ДЗС Апостол Симовски. Тој појасни дека ако требало ќе побарале продолжување пред пет дена, а не на последниот ден. – Нас ни е битно да бидат опфатени сите објекти за домување. Ние имаме своја технологија по која го следиме процесот и ќе знаеме дали и кога точно ќе го завршиме процесот. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок, изјави Симовски. Согласно Законот за попис,…
Бугарскиот претседател, Румен Радев, за време на неговата посета на Карџали изрази надеж дека нова политичка партија ќе предизвика раздвижување, мислејќи на очекуваната улога на партијата „Промената продолжува“ на доскорешните министери Кирил Петков и Асен Василев. Бугарскиот претседател изјави дека очекува парламентарните избори во Бугарија на 14 ноември да бидат фер, како и претходните на 11 јули, и ги повика одговорните институции да ги преземат сите неопходни мерки за да спречат манипулација. -Се уште имаме купување гласови – тоа е видлива појава. Земја -членка на ЕУ не може да дозволи купување гласови и искривување на гласовите на граѓаните, додаде Радев.…
СДСМ и Коалицијата вечерва ја претставиja изборната кампања „Најдоброто за мојата општина“ во Кисела Вода и Петровец, а предизборната Kонвенција за кандидатот за градоначалник и на листата за советници за Град Скопје ја одржаа во паркот „Ибни Пајко“. – Јасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат.Мицкоски најде некој да му глуми независен и да му го однесе поразот, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на промоцијата на кандидатите за градоначалник на Скопје и за листата на советници. Тој додаде дека можеби одлуката не е на Мицкоски , туку на менторот од Будимпешта, но дека и тој знаел дека Шилегов е…
ДУИ кампањата за локалните избори вечерва ја продолжи во Тетово, каде ја претстави кандидатката за градоначалничка, Теута Арифи и листата на советници во оваа општина. Претседателот на ДУИ Али Ахмети пред жителите на Тетово истакна дека изборната платформа на неговата партија се базира на зелената агенда која гарантира подобар квалитет на живот за сите граѓани на Тетово. – Вие сте првиот фронт накај каде не само очите на Тетово, туку и на другите Албански градови во Република Северна Македонија се свртени со цел кој ќе го води нашиот град. Тетово не е само на Тетовчани, туку и на сите Албанци,…
Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен која престојува во посета на Република Северна Македонија. Пендаровски изрази благодарност за оваа посета и за личниот ангажман на претседателката на Европската Комисија и посветеноста кон земјите од Западен Балкан, соопшти кабинетот на шефот на државата. – Пендаровски и Фон дер Лајен разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија дополнително ќе го интензивира реформскиот процес и ќе овозможи економски и социјален напредок. Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста…