Author: НОВА ТВ

Според сите анализи, нашите очекувања се дека ќе имаме најмногу градоначалници, најмногу советнички места и најмногу гласови како владина коалиција. Овие избори се важни бидејќи испраќаат порака по кој пат треба да се движи Северна Македонија, граѓаните ќе кажат во кој правец треба да продолжиме, кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на вестите на Сител ТВ. Тој додаде дека на Северна Македонија не ѝ требаат нови парламентарни избори, туку ѝ треба период во кој ќе се работи на економијата и на подобрување на стандардот. Сепак, најави дека доколку пораката на локалните избори е спротивна од нивните очекувања, отворени…

Read More

Во Националната палата на културата во Софија се оддржа основачко собрание на кое иницијативен комитет ги предложи Румен Радев и Илијана Јотова за независни кандидати за претседател и потпретседател на Бугарија. Меѓу присутните беше познатата актерка Цветана Манева, генерал Михо Михов, поранешен шеф на воздухопловните сили, кој беше амбасадор на Бугарија во Северна Македонија, одбојкарот Владимир Николов,  уметникот Греди Аса, познатиот филмски режисер Стефан Командарев, уметникот Иван Токаџиев… Како што јави дописникот на МИА од Софија, поранешниот амбасадор на Бугарија во Скопје Михов, изјави дека неговите симпатии за Радев се разбирливи, дека тој е колега со Радев, бидејќи заедно, летајќи,…

Read More

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре претпладне ќе допатува во Тирана. По официјалниот дочек, во Палатата на бригадите, таа прво ќе се сретне со премиерот Еди Рама, а  потоа во претседателската резиденција и со шефот на државата Илир Мета. Претпладне  Лајен и Рама ќе учествуваат на свеченото предавање во употреба на реконструирани  училиште и градинка, оштетени од катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди на 26 ноември 2019 година. Истите се обновени со средства од фондовите на ЕУ во рамки на програмата ” EU4Schools”. По овој настан со Рама  ќе имаат заедничка прес- конференција, а потоа Лајен заминува…

Read More

Компанијата Фајзер денеска објави дека почнала големо истражување во кое тестира орален антивирусен лек за да спречи инфекција со Ковид-19 кај лица кои биле изложени на вирусот, пренесуваат британските медиуми. Истражувањето од средината до доцната фаза ќе го тестира лекот на Фајзер PF-07321332 врз најмногу 2.660 здрави возрасни лица, на возраст од 18 и повеќе години, кои живеат во исто домаќинство со лица со потврдена симптоматска инфекција со Ковид-19. Лекот PF-07321332, според соопштението на компанијата, е дизајниран да ја блокира активноста на клучниот ензим потребен за репродукција на коронавирусот, заедно со ниската доза на ритонавир, постар лек кој е широко…

Read More

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска изјави дека, што се однесува до „нуклеарната програма“, Иран во голема мера ја преминал недозволената граница и потенцираше дека Израел нема да дозволи Техеран да поседува нуклеарно оружје. Во својот прв говор пред Генералното собрание на ОН, Бенет оцени дека Иран се обидува да се стекне со доминација на Блискиот Исток под „нуклеарен чадор“ и повика на посилни меѓународни напори за запирање на иранските нуклеарни активности. – Иранската нуклеарна програма е на крстопат. Сите црвени линии се преминати, инспекциите се игнорирани. И сето тоа им минува, рече Бенет, кој во јуни оваа година стави крај…

Read More

Изборната кампања на ВМРО – ДПМНЕ почна во Охрид, под мотото „Создади нова иднина!“. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, пред охриѓани ги претстави проектите. – Проекти на развој, солидарност, проекти за грижа за луѓето и за подобрување на инфраструктурата, проекти за поквалитетна животна средина, проекти кои ќе не доближат брзо до европските градови и држави, за тие проекти ние имаме рокови и во оваа кампања ќе ви презентираме еден поинаков пристап, кој до сега не е презентиран, за тоа ќе имаме посебен настан и ве уверувам само тој пристап ќе донесе резултати веднаш, и подобра, нова иднина, рече Мицкоски пред…

Read More

Шатори со капацитет да згрижат 2.500 лица ќе бидат поставени во деловите погодени од земјотресот на Крит, а во поширокиот регион е прогласена вонредна состојба, соопшти министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилијанидис кој од утрово е на островот и додаде дека повредени се 12 лица, јави дописничката на МИА од Атина. -Заедно со градоначалникот, префектот и целиот тим на локалната самоуправа решивме да се постават шатори за сите семејства и сите луѓе кои не треба вечерва да се вратат во нивните домови. Можеме да згрижиме 2.500 лица, рече Стилијанидис и додаде дека за нив приоритет…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска оствари средби со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ. На средбите беа презентирани препораките, кои произлегоа од Конференцијата што ја организираше Министерството за финансии во рамки на Економскиот и финансиски форум,  а кои треба да бидат усвоени од Владата и се дел од Планот за финансирање на економското заздравување и забрзување на економскиот раст кој е во завршна фаза на подготовка во Министерството за финансии и кој, исто така, беше дискутиран на средбите. – Во насока на заложбите за фискална…

Read More

Генералната секретарка на Амнести Интернешнл, Агнес Каламар, ги обвини фармацевтските компании дека намерно создале недостаток на вакцини продавајќи ги дозите по недостапни цени за сиромашните земји, јави дописничката на МИА од Брисел. Во интервју за белгискиот весник Ле Соар, и неколку дена по објавувањето на критичниот извештај на Амнести Интернешнл за кризата со Ковид-19 и вакцините, генералната секретарка на оваа организација уште еднаш остро ги нападна фармацевтските компании за нивната улога во здравствената криза. Извештајот кој го објави АИ минатата недела детално ги анализира процесите на производство и дистрибуција на шесте наголеми компании. Заклучокот е дека овие фирми не ги…

Read More

Северна Македонија е земја со одлична деловна клима каде компаниите имаат можност за долгорочно планирање и развој на инвестициите, е заклучокот од состанокот на премиерот Зоран Заев со главниот извршен директор на „Филип Морис Интернешанал“, Јацек Олчак. Ова е прва посета на Олчак во Северна Македонија, каде оваа мултинационална компанија има партнерски однос со „Тутунски Комбинат“ – Прилеп во заедничка компанија. На средбата присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министрите за финансии, Фатмир Бесими, за земјоделство Арјанит Хоџа и за здравство Венко Филипче, како и раководството на „Тутунски Комбинат“ – Прилеп.…

Read More

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим А.Х. Кан, денеска побара итно одобрување за продолжување на истрагата за воени злосторства извршени во Авганистан. Обвинителот Кан заклучи дека откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан „веќе нема перспектива за вистинска и ефикасна домашна истрага во оваа земја“. МКС минатата година дозволи отворање истрага за наводни воени злосторства сторени од талибанците, Исламската држава, авганистанската Влада и меѓународните сили. Тогашната авганистанска Влада, што минатиот месец беше соборена од талибанците, побара да ги преземе случаите. Кан денеска изјави дека доколку добие одобрение, неговата канцеларија ќе им даде приоритет на злосторствата за кои се…

Read More