Author: НОВА ТВ

Полицијата застрела маж кој пукал врз група луѓе во Менхетен, во Њујорк. Во пукањето повредени се четири лица, кои се пренесени во болница. Полицијата соопшти дека полицаецот го застрелал напаѓачот во колкот откако видел дека отворил оган врз луѓе. Осомничениот е приведен и се наоѓа во стабилна состојба, а полицаецот не е повреден. Инцидентот се случил во четири наутро по локално време во горниот дел на Менхетен. Мотивот за нападот не е познат.

Read More

Амбасадорот на Авганистан во Обединетите нации се откажа од обраќањето пред светските лидери на Генералното собрание, изјави портпаролот на ОН. Гулам Исакаи, кој ја претставуваше својата земја под претседателство на Ашраф Гани, кој беше соборен минатиот месец, требаше да им се спротивстави на талибанците со говор, но неговото име денеска беше отстрането од списокот на говорници. – Земјата го повлекува своето учество во општата дебата, изјави Моника Грели, портпаролка на претседателот на собранието. Таа додаде дека мисијата на Авганистан во ОН не ја кажала  причината за повлекувањето. Талибанците минатата недела напишаа писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, барајќи…

Read More

Утре и во среда ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Секторот за внатрешни работи Скопје, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје поради официјална посета на делегација предводена од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Оттаму апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги дава полицијата.

Read More

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев се најпопуларните политичари во изминатите три децении, оцениле испитаниците опфатени со истражувањето на фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за општествени истражувања „МК91“, по повод 30 години од независноста на државата. Од вкупниот број испитаници, 42 проценти дале највисока оценка 5 за поранешниот претседател Борис Трајковски, 33 проценти дале оценка 5 за поранешниот претседател Киро Глигоров и 21,1 процент дале петка за поранешниот премиер Никола Кљусев. Според резултатите од истражувањето, 43,1 процент сметаат дека државата има успешен развој изминатите три децении, што претставува разлика од 6,9 проценти во однос на оние што имаат спротивен…

Read More

Дваесет пациенти со повеќе коморбидитети и хронични болести заболени од Ковид-19 на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби примиле моноклонална „коктел терапија“ со антитела, информираа за МИА од Министерството за здравство. – Моноклонална „коктел терапија“ со антитела се дава кај пациенти кои имаат повеќе коморбидитети и хронични болести, во претходна консултација со специјалистите и супспецијалистите кои ги третирале пациентите од почеток на појавата на инфекцијата со Ковид-19. Вкупно се набавени се 1200 дози од лекот, а досега се искористени околу 20-тина дози, истакнуваат од Министерството. Станува збор за најсовремен метод на терапија за пациенти заболени од Ковид-19. Терапијата…

Read More

Во Скопје утре ќе се одржи „Социо-еколошки форум Скопје 2021“. Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Read More

Државната изборна комисија го затвори избирачкиот список. На локалните избори во октомври право на глас ќе имаат 1.824.864 граѓани. Од нив, во изводите од избирачкиот список се запишани 1.740.147 гласачи. Правото на својот глас на избори од странство ќе можат да го остварат 82.461 гласачи колку што се запишани во посебниот извод од гласачкиот список. – Во посебните изводи од гласачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на казна затвор или се во притвор се запишани 1.899 гласачи. Во посебните изводи од гласачкиот список за гласање на граѓаните кои за време на изборите се наоѓаат во…

Read More

На средбата се разговарало и за системско вклучување на шахот во образовниот процес, за што од Светската шаховска федерација изразиле подготвеност за неопходна поддршка. Премиерот Зоран Заев прими делегација на Светската шаховска федерација (FIDE) предводена од претседателот на федерацијата Аркадиј Дворкович и којашто е во посета на нашата земја по повод 36-тиот Европски клупски куп (ЕКК) во шах, што се игра Струга. – Премиерот Заев на средбата, на која што присуствуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, истакна дека во рамките на спортската дипломатија заложбата на Република Северна Македонија е да биде домаќин на што поголем…

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, за време на посетата на САД по повод учеството на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. – Двајцата претседатели разменија мислења и информации за актуелните состојби во двете држави. Претседателот Штајнмајер изрази најдлабоко сочувство за трагедијата во тетовската модуларна болница, соопшти Кабинетот на Пендаровски. Шефот на државата му се заблагодари на претседателот Штајнмајер за неговите лични напори и ангажман, како и за континуираната германска поддршка за нашата европска интеграција. -Претседателот Пендаровски нагласи дека градењето пријателски релации со Германија, основани на искрен и доверлив…

Read More

Најдено е привремено решение за оперативниот програм за идната недела. Ќе се бара постојано решение за користење на операционите сали во ГОБ „8 Септември“ во време на пандемија. Министерот за здравство Венко Филипче попладнево оствари средба со претставници на хируршкиот колектив на Градската општа болница „8 Септември“ и со директорот на болницата, Христијан Костов. Средбата доаѓа откако хирурзи од болницата јавно побараа да се вршат операции и за пациентите кои не се итни, односно повторно да работат шест операциони сали, а не само две. Од Министерството за здравство соопштија дека на средбата се разгледани повеќе аспекти на состојбата. – Во…

Read More

Хирурзите бараат да работат шест, а не само две сали за операции, за пациентите да можат да добијат интервенции. Директорот на ГОБ „8 Септември“ вели дека кадарот е распределен во ковид – одделенијата. Министерот за здравство, Венко Филипче најави состанок со хирурзите за да се надминат проблемите во болницата. Хирурзи од градската општа болница „8 Септември“ за в понеделник најавија штрајк, односно прекинување со опеациите, ако директорот Христијан Костов не им создаде услоби за хируршки интервенции кои не се сметаат за итни. Хирурзите во отворено писмо изразуваат незадоволство што дневно во само две сали се вршат операции, наместо во полн…

Read More

На маргините на десеттиот состанок на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа посветен на проширувањето, што се одржува во Будимпешта, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со неговиот колега од Собранието на Унгарија, Ласло Ковер. Одржување на овој состанок, претседателот Џафери го оценил како исклучително значаен за земјите од Југоисточна Европа, со оглед на неговиот континуитет и политичката поддршка со донесувањето на завршен документ, со кој се испраќа силна порака за ставот на земјите од Вишеградската група за членството на земјите од нашиот регион во Европската унија. Како што соопштија од кабинетот…

Read More