Author: НОВА ТВ

Изгаснат е пожарот на адвокатска улица во Скопје, меѓу МАНУ и Универзитетската библиотека. Во пожарот до темел изгоре куќа, која била напуштена и нема повредени лица. На терен огнот го гаснеа пожарникари со четири противпожарни возила. На социјалните мрежи се појави видео од пожарот:

Read More

Министерството за информатичко општество и администрација одржа виртуелна (онлајн) средба со претставници на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Секретаријатот за законодавство, како и претставници на Генералниот секретаријат на Владата со претставници на СИГМА. Целта на состанокот беше институционална координација за реализација и имплементација на дигиталната агенда на Владата на Република Северна Македонија, информираат од МИОА. Од министерството соопштуваат дека во изминатиот период МИОА  работело и подготвило три нови закони и тоа: Законот за висока раководна служба, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници. – Овие три закони, кои се меѓусебно поврзани се основа за целосно исклучување…

Read More

Земјотрес со интензитет од 3,6 степени во Албанија, почувствуван и во југозападните делови од нашата држава. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 16 часот и 04 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 140 км југозападно од Скопје. – Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје.

Read More

Владата на денешната 107-ма редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. – Предложените измени ќе го подобрат фискалниот капацитет и ќе ги зголемат приходите на општините преку постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход, со цел поголема финансиска самостојност и стабилност на единиците на локалната самоуправа, соопштија од Владата.

Read More

Владата на денешната седница ја прифати Информацијата за потребата од склучување амандман на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави – САД со кој се предвидуваат дополнителни 540.000 УСД, соопштија од Владата. Со овој амандман, наведуваат, вкупната вредност на грантот за партнерство за развој се зголемува, односно ќе изнесува 8.798.792 УСД. Со Амандманот доделените средства од 540.000 УСД се распределени за постигнување на развојната цел за зајакната економска конкурентност и за мерките борба против корупцијата. – Освен за овие цели, грантот на САД, кој се реализира преку УСАИД, е наменет и за…

Read More

На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои информацијата и го прифати текстот на Билатералниот договор помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за ко-финансирање на големиот инвестициски проект „Интегриран и самоодржлив систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион“. – Со проектот „Интегриран и самоодржлив систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион“ се решаваат значајните еколошки и оперативни проблеми поврзани со создавање и управување со отпад и ќе се создадат услови за развивање на интегриран систем за управување со отпад во овие региони,…

Read More

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за склучување на Меморандум за разбирање меѓу Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Северна Македонија и Естонскиот центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување. Со Меморандумот со Естонија, којашто е лидер во дигитализацијата и е-управувањето, се дефинираат областите на соработка, и тоа: Мапирање на моменталната состојба во однос на дигитализацијата и е-управувањето во Република Северна Македонија; Подготовка и предлагање решенија за подобрување на правната, рамката на политики и институционалната рамка за дигитализација и е-управување во Република Северна Македонија; Размена на експертиза и искуство во однос на…

Read More

Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец септември 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година. – Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според…

Read More

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев на средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ја потврдил принципиелната позиција на Бугарија за поддршка на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Република Северна Македонија, соопшти прес-центарот на бугарското МНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стоев истакнал дека Бугарија, за да го поддржи почетокот на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ,  има потреба од конкретни дејствија и гаранции за трајното и неповратно исполнување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. – Очекуваме од Република Северна Македонија да покаже политичка волја…

Read More

Моментално има 12.433 активни случаи на Ковид – 19. Од почетокот на пандемијата досега во земјава се регистрирани 187.622 заразени лица, од нив 168.700 се оздравени, додека 6.489 ја изгубија битката со вирусот. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 309, Куманово – 44, Прилеп и Велес…

Read More

Државниот секретар за европски прашања на Словенија, Гашпар Довжан, кој денеска претседаваше со Советот за општи работи на ЕУ, рече дека на денешниот состанок на министрите на ЕУ се разговарало за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел. Запрашан како ЕУ планира да го зајакне својот кредибилитет во регионот со оглед на билатералната блокада наметната од страна на Бугарија за почеток на преговори со Северна Македонија, Довжан рече дека денеска министрите не разговарале детално за ова прашање но изрази надеж дека спорот ќе се реши за да може да се усвои преговарачката рамка за Северна…

Read More

Надлежноста за контрола на модуларните болници е на локалните власти и на директорите на болниците, се наведува во документ на Светска банка и на Министерството за труд и социјална политика кои се надлежни за спроведување на проектот за изградба на модуларните болници. Според документот објавен на веб – страницата на МТСП, директорите на болниците се задолжени за противпожарна заштита, редовно одржување на инсталациите како што се водоводот, канализацијата, струјата и греењето. Оваа надлежност директорите на болниците ја делат со локалните власти, а евентуалните санации во модуларните болници паѓа на товар на болничкиот буџет. Ова е наведено во „Планот за еколошки и…

Read More