Published: Tuesday, September 21, 2021 20:26
Владата на денешната 107-ма редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
– Предложените измени ќе го подобрат фискалниот капацитет и ќе ги зголемат приходите на општините преку постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход, со цел поголема финансиска самостојност и стабилност на единиците на локалната самоуправа, соопштија од Владата.




