Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Упатувам голема благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од брзо и успешно спроведување на пописот и кои со масовен одзив учествуваат во оваа статистичка и државничка операција. До денеска, заклучно со 18.00 часот, попишани се повеќе од 502.000 лица, објави денеска премиерот Зоран Заев. – Им честитам на сите ангажирани лица при спроведување на пописот и на Државниот завод за статистика, за нивната професионалност и за посветеноста на сите попишувачи кои работат на терен на цела територија на нашата држава. Очекувам пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември. Продолжуваме заедно,…
Во врска со таканаречениот нон-пејпер кој беше објавен денеска во медиумите, Кабинетот на претседателот Пендаровски информира дека со Република Бугарија со месеци наназад не се водат никакви преговори и поради тоа од Софија до Скопје не е доставен никаков документ. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, ставот на претседателот Пендаровски во однос на идентитетот и јазикот на македонскиот народ е јасен и непроменет, за тоа досега ниту се преговарало, ниту пак ќе се преговара во иднина. Претходно, Владата соопшти дека за Северна Македонија официјален е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со Европската Унија и оти тој предлог…
Заклучно до 18:00 часот, попишани се 502.000 лица, објави денеска Државниот завод за стаистика и информира дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо. – Попишани над 500.000 граѓани! Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!, објави ДЗС на официјална Фејсбук страница за Попис 2021.
Администрацијата на дополнителни дози на вакцина против Ковид-19 за целата популација засега не е оправдана, оценија во понеделникот експерти од СЗО и американската агенција за лекови ФДА. – Вакцините, кои ги има во ограничени количини, ќе спасат најмногу животи ако се дадат на луѓе со висок ризик од тежок облик на Ковид и кои се уште не се вакцинирани, пишуваат експерти во британското медицинско списание „Лансет“. – Актуелните податоци не покажуваат потреба од повторно вакцинирање на целата популација, каде што ефикасноста против тешките форми сè уште е висока, истакнува групата меѓународни експерти, која вклучува експерти од Светската здравствена организација и…
Еден милион деца во Њујорк денеска тргнаа на училиште, што е првпат наставата да се одржува во училници од почетокот на епидемијата на коронавирусот. Во Њујорк од денеска нема да има повеќе онлајн часови, и покрај појавата на новата, позаразна делта варијанта на коронавирусот. Заврши и работата на далечина во градот, па денеска околу 300.000 луѓе се вратија на работа. Сите ќе мора да се вакцинираат или да се тестираат еднаш неделно. Наставниците во училиштата ќе треба да се вакцинираат, без можност да приложат негативни тестови, а рокот за примање на првата доза е 27 септември. И покрај епидемијата, во…
Заемните заложби за меѓусебна соработка и несебична поддршка со Министерството за внатрешни работи на Република Чешка беа потврдени денеска на билатерална средба меѓу делегацијата на Министерството за внатрешни работи предводена од министерот Оливер Спасовски и чешката делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот за внатрешни работи Јиржи Новачек. Во насока на продлабочување на заемната соработка, министерот Спасовски најавил можност за реализација на заеднички обуки, семинари и тренинзи наменети за полициските службеници на двете министерства, кои ќе имаат за цел размена на искуства и унапредување на тактичките способности, капацитети и професионална подготвеност на двете полиции. – Во рамки…
Француските интернационални и поранешни репрезентативци, близнаците Кевин и Оливие Њокас, се нови ракометари на Вардар 1961, соопшти вечерва македонскиот ракометен шампион. Во клупското соопштение се прецизира дека „веќе се завршени сите формалности околу нивниот настап и двајцата ракометари се пријавени за домашното првенство и Лигата на шампиони“. Левиот бек Оливие зад себе има 32 настапи за француската репрезентација, додека десниот бек Кевин Њокас националниот дрес го носеше на 41 натпревари. Обајцата имаат медали од големите европски и светски натпреварувања.
Тренерот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Роналд Куман, во интервју објавено изминатиот викенд на холандска телевизија изјави дека клубот благодарение на него има иднина. Куман посочи дека клубот има плејада млади играчи, кои во годините што доаѓаат ќе го понесат главниот товар во играта. – Не е во прашање само Педри. Има уште четворица или петмина фудбалери на возраст од 18 и 19 години, кои ќе бидат фантастични играчи на овој клуб за три до четири години, изјави Куман. Холандскиот стратег во интервјуто се осврна и на односите со претседателот на Барселона, Хуан Лапорта, оставајќи простор од одговорите да се…
Климатските промени би можеле да принудат повеќе од 200 милиони луѓе да ги напуштат своите домови во следните три децении доколку не се преземат итни мерки за намалување на емисиите на штетни гасови и разликите во нивото на развиеност, се наведува во извештај на Светската банка. Во вториот дел од извештајот, објавен денеска, авторите испитуваат како ефектите од климатските промени, како што се недостигот на вода, намалена продуктивност на посевите и зголемувањето на нивото на морето, може да доведат до милиони „климатски мигранти“ до 2050 година и претставуваат три различни сценарија. Според најпесимистичкото сценарио, што подразбира високо ниво на емисија…
Премиерот Зоран Заев на покана на германската канцеларка Ангела Меркел утре е во еднодневна посета на Тирана. Заев ќе учествува на работната средба на канцеларка Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан, соопштија од Владата. Согласно агендата, во текот на попладнето Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел. Во рамките на оваа еднодневна работна посета, премиерот Заев ќе го посети Македонскиот културен центар во Тирана.
Премиерот Зоран Заев го прими директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач, кој учествуваше на „Македонскиот енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина“, кој во организација на ЗИП Институтот, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјата и Владата на Република Северна Македонија, денеска и утре се одржува во Скопје. На средбата беше изразена благодарност за поддршката којашто ја дава Секретаријатот на Енергетската заедница за имплементација на законодавството во делот на енергетиката во Република Северна Македонија, пришто позитивно беше оценет напредокот во реформите во легислативниот дел, во насока на имплементација на Третиот енергетски пакет на законодавството на Европската Унија. Премиерот…
Ефектот на Ковид-19 врз бизнисите во Јапонија предизвика огромен број банкроти од почетокот на воведувањето на анти-епидемиските мерки. Во август, тие се зголемени за 49 отсто во споредба со една година порано, покажуваат податоците на Токио Шоко Рисрч (Токуо Ѕhоkо Rеѕеаrсh). Анализата покажува дека вкупниот број стечаи предизвикани од кризата, од јануари до август годинава, достигна 1.026, што претставува 26 отсто од сите бизнис банкроти во Јапонија за тој период. Податоците покажуваат дека 20 отсто од банкротираните фирми се барови, кафеани или ресторани. Само во јули, Јапонија регистрираше 138 стечаи предизвикани од мерките преземени за спречување на пандемијата. Од јануари,…