Премиерот Зоран Заев на покана на германската канцеларка Ангела Меркел утре е во еднодневна посета на Тирана.

Заев ќе учествува на работната средба на канцеларка Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан, соопштија од Владата.

Согласно агендата, во текот на попладнето Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел.

Во рамките на оваа еднодневна работна посета, премиерот Заев ќе го посети Македонскиот културен центар во Тирана.