Author: НОВА ТВ

На Македонската берза денеска се одржа „Инвеститорски ден“ на кој се склучија вкупно 262 трансакции што е најголем број на склучени трансакции во еден ден годинава. Инвеститорискиот ден се организира втора година по ред, а на овој ден сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници во износ на остварен промет до 10.000 евра. – Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции денес надмина 640 илјади евра, односно изнесува околу 40 милиони денари што е зголемување за повеќе од…

Read More

Моментално има 13.045 активни случаи на Ковид – 19. Од почетокот на пандемијата досега во земјава се заразиле 183.705 граѓани, 164.383 оздравеле, додека 6.277 ја изгубија битката со вирусот. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 132, Куманово – 13, Кавадарци – 6, Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3, Тетово, Битола, Велес, Охрид, Срумица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица – по 1. Регистрирани…

Read More

Претседателот на српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, и порача денеска на германската канцеларка Ангела Меркел „дека би било фер сега кога ја напушта политиката, со себе да го земе и Александар Вучиќ бидејќи го донесе на власт и постојано го одржува на власт“, објави агенцијата Бета. – Меркел е историска фигура, која означи една епоха на Германија и Европа. Многу работи ќе останат зад неа, но како наследство ќе останат и Орбан, Јанша и Вучиќ. Со нејзина поддршка тој дојде на власт, таа го доведе на власт, изјави Ѓилас пред зградата на Претседателството на Србија,…

Read More

Осигурителните компании можат да очекуваат побарувања по проценките за штетата предизвикана од ураганот Ида во САД во вредност од 20 до 30 милијарди долари, соопшти компанијата за развој на модели на ризици поврзани со катастрофи AIR Worldwide. AIR ги ажурираше проценките за осигурените загуби по анализата на влијанието на поплавите во внатрешноста на земјата на траекторијата на ураганот Ида, вклучувајќи ги и федералните држави во североисточниот дел на САД. Досега тие очекуваа осигурените загуби да изнесуваат од 17 до 25 милијарди долари, а сега проценуваат дека ќе се движат од 20 до 30 милијарди долари. Проценката вклучува штета на станбени,…

Read More

Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека блокадата на Северна Македонија поради спорот со Бугарија лошо влијае врз соседните земји, посебно Србија и Косово, јави дописничката на МИА од Брисел. Лајчак денеска заедно со заменик претставникот на Стејт Департментот на САД за Европа, Габриел Ескобар, одговорија на неколку прашања во рамки на конференцијата организирана од страна на Европскиот центар за политика. На прашањето на МИА како гледа на блокадата на Северна Македонија за почеток на пристапните преговори, Лајчак призна дека ситуацијата има негативни последици врз дијалогот помеѓу Белград и…

Read More

Повеќе од две третини од Германците кои работеа од дома за време на пандемијата сакаат да го зачуваат правото за таа форма на работа, покажуваат резултати од денеска објавената анкета. – Популарноста да се работи во сопствените четири sида се зголеми дополнително за време на пандемијата, нагласија од енергетската компанија Еон, врз основа на резултатите од студијата спроведена од Институтот ЈуГов (YouGov). Седумдесет и еден процент од испитаниците изјавиле дека сакаат во иднина да работат од дома. На почетокот на пандемијата минатата година, само 58 проценти од анкетираните ја изразија таа желба. Но, само 26 проценти од испитаниците сакаат да…

Read More

Државниот архив денеска ја промовираше монографијата – „Печат на времето – 70 години Државен архив (1951-2021)“, на Саемот на книгата во Скопје. На монографијата работеа Бранислав Светозаревиќ и Јасмина Дамјановска, заедно со стручниот тим на Архивот. – За да се остави трага за нашето постоење, за нашата работа, за да ја поткрепиме културата на помнењето и да му се спротиставиме на заборавот, на патот по кој одиме сите ние треба да оставиме белези, траги, знаци, пишан збор, документ, сведоштво на значајни нешта што биле и што се. Токму оваа Монографија е таков документ кој дава пресек за значењето на Државниот…

Read More

Советот за безбедност и предложи на Владата, во најкус можен рок да се формира работна група, која ќе ја согледа состојбата со системот за управување со кризи, а имајќи ги предвид неодамнешните состојби со пожарите, работната група треба да предложи конкретни мерки со цел системот за управување со кризи да биде пофункционален и поефикасен, информираат од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски. Денеска во Кабинетот на Претседателот се одржа 13-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, на кој, освен за поставеноста на системот за управување со кризи, се дискутирало беа лицата од Авганистан прифатени на нашата територија. Присутните,…

Read More

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска е домаќин на висока делегација од Министерство за животна средина, просторно планирање и урбанизам на Република Црна Гора предводена од министерот Ратко Митровиќ. На официјалната средба министерот Нуредини изрази задоволство што, иако досега не е остварена поголема соработка со Црна Гора на полето животната средина, средбата ќе овозможи размена на искуства и стекнување знаења за најдобрите практики во областа меѓу министерствата и ќе отвори можности за проектирање на заеднички проекти. Се разговараше на повеќе теми од областа животна средина. Се разменија искуства и примери за добра пракса во областа на…

Read More

Италијанската полиција уапси сомалиски барател на азил откако вчеравечер со нож избоде четири лица и шестгодишно дете во туристичкиот град Римини, објави денеска новинската агенција АНСА. Истражителите засега исклучуваат терористички напад. Министерката за внатрешни работи Лусијана Ламоргезе го опиша инцидентот како „исклучително сериозен“ и во соопштението наведе дека во понеделник ќе дојде во Римини на безбедносен состанок. Италијанските медиуми јавуваат дека маж избодел две контролорки на билети во автобус, а потоа во бегство уште три лица, меѓу кои и едно дете. Сомалиецот (26) престојувал во Италија неколку месеци и поднел барање за азил. Тој е во Европа од 2015 година…

Read More

Податоците заклучно со 12 часот денеска покажуваат дека 459.118 лица кои живеат во речиси 200.000 домаќинства се преброени по електронски пат. Во последните три дена, и покрај тешкотиите што ги имавме, се пребројуваат по околу 100.000 луѓе дневно. Сепак, темпото е побавно отколку што се надевавме, рече претседателот на Националниот институт за статистика Сергеј Цветарски во интервју за БТА. – Онлајн пописот не почна „глатко“ поради нападите на информативната страница, преку која се влегува во системот, рече Цветарски, додавајќи дека овие напади наложија да се ограничи капацитетот на системот, што ја отежна регистрацијата. Во првите денови од електронскиот попис, како…

Read More

Се појави ново аматерско видео од пожарот на модуларната ковид болница во Тетово. На видеото се гледа дека за време на пожарот има неколку експлозии. Ноќта на 8 септември до темел изгоре модуларната болница во Тетово, а во неа животот го изгубија 14 лица, меѓу нив пациенти кои се лекуваа од Ковид – 19 и двајца членови на семејства. Предупредуваме дека во прилог е вознемирувачко видео:

Read More