Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Бугарија се размислува за продолжување на електронскиот попис

0
By НОВА ТВ on September 12, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 12, 2021 20:08

Податоците заклучно со 12 часот денеска покажуваат дека 459.118 лица кои живеат во речиси 200.000 домаќинства се преброени по електронски пат. Во последните три дена, и покрај тешкотиите што ги имавме, се пребројуваат по околу 100.000 луѓе дневно. Сепак, темпото е побавно отколку што се надевавме, рече претседателот на Националниот институт за статистика Сергеј Цветарски во интервју за БТА.

– Онлајн пописот не почна „глатко“ поради нападите на информативната страница, преку која се влегува во системот, рече Цветарски, додавајќи дека овие напади наложија да се ограничи капацитетот на системот, што ја отежна регистрацијата.

Во првите денови од електронскиот попис, како што рече, „имаше DDoS напади или напади „одбивање на услугата”.

– Изолираните IP адреси беа претежно од Кина. Најсилниот напад што го надминавме беше 250 гигабајти сообраќај во секунда. Во Бугарија досега немало толку голем DDoS напади, рече претседателот на НСИ.

Тој додаде дека има напади со генерирање огромен злонамерен сообраќај и нивната цел е да ја блокираат работата на системот.

Цветарски рече дека немало обид да се пробијат податоците од системот и додаде дека во јавноста секој кибер напад се доживува како хакирање.

– Во секој случај, постои обид да се дискредитира процесот и тоа создаде тешкотии за луѓето кои имаат желба да се попишат електронски. Како водечка институција во пописот, НСИ и јас лично сме одговорни. Им се извинувам на луѓето за тешкотиите, им се заблагодарувам на оние кои се попишаа и апелирам до другите да го сторат истото, рече претседателот на НСИ.

Тој нагласи дека целта на овој тип напад не е да протекуваат податоци. – Целта е да се блокира процесот. Податоците што ги пополнуваат луѓето се заштитени, рече Цветарски.

Според него, нормално е да се даде малку повеќе време за електронско броење, најмалку за да се компензира за првите денови во кои, поради тешкотиите, многу луѓе одбија да се попишат електронски.

– Сепак, одлуката мора да ја донесат Централната пописна комисија и Владата. Во првите четири работни дена, 18.260 луѓе се јавиле во центарот за попис, рече Цветарски, додавајќи дека само во последниот час имало неколку повици дека регистрацијата во одредена пошта не работи.

– Случаите се проверуваат еден по еден и се покажа дека луѓето обичного мешаат продолжувањето – напишете .bg наместо .com. Има луѓе кои се обидуваат да се регистрираат неколку пати затоа што одеднаш одлучиле да напишат друга адреса. Нормално, системот одбива бидејќи тој препознава дека личноста е иста. Некои потешкотии се поврзани со обележувањето на местото на живеење на мапата, посочи Сергеј Цветарски на тешкотиите на луѓето во пописот.

Претседателот на НСИ се надева дека за 10 години регистрите во земјата ќе бидат на такво ниво што пописот ќе може да се направи само од административни извори.

Бугарија електронски попис Население
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.