Author: НОВА ТВ

Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 13:00 часот  на подрачје на Гази Баба го лишија од слобода А.Б.(33) од село Арачиново, скопско, кој со потерница се барал за издржување на казна затвор во траење од 18 месеци, поради сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ казниво по чл.418-б од Кривичен законик. Како што информира МВР, лицето ќе биде предадено на соодветната установа.

Read More

Секогаш кога како земја добиваме меѓународен извештај поврзан со човековите права, владеењето на правото, корупцијата или било која област, го гледаме како водич за тоа како да се подобриме и што да направиме повеќе од она што го правиме, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за МИА, дадено за време на неговата посета на Стразбур. – Така што сите овие извештаи се добредојдени, бидејќи ни помагаат како да ја подобриме и легислативата и законодавството и институционалната пракса. Ние не бегаме од проблемите, не ги замолчуваме или замижуваме, напротив сакаме да ги решиме. Затоа со внимание пристапуваме кон секој…

Read More

Професорот од правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски, вели дека министерот оставка од својата функција може да поднесе до премиерот, а не до Собранието, од причина што премиерот е тој кој ги именува министрите. – Оставка се поднесува до мандаторот кој вас ве предложил. Нема што министерот да му поднесува оставка на спикерот Талат Џафери. Заев е мандатар, тој форимирал влада, а Филипче е тим од владата. Ако ја прифати премиерот оставката, на негово место ќе предложи друг за кој потоа ќе се изјасни Собранието. Собранието само гласа тоа што ќе му предложи мандаторот, вели универзитетскиот професот Борче Давитковски. Според…

Read More

Денеска Христијан Мицкоски повторно покажа две работи, на маката, на националната трагедија сака да профитира за себе, и второ дека не разбира политика ниту право. Предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано, регираат од владејачката партија СДСМ по прес – конференцијата на Христијан Мицкоски, кој му порача на Филипче оставката да ја поднесе во Собрание. – Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница. На Мицкоски…

Read More

Епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија, Бранислав Тодоровиќ, зборувајќи за Ковид сертификатите, чиешто можно воведување вчера го најави премиерката Ана Брнабиќ, изјави дека тие имаат за цел да се обезбедат оние што се одговорни и кои ја примиле вакцината, како и оние кои се контролирааат со тестови и кои ја прележале оваа заразена болест, а се ова во овој сертификат мора да биде напишано. Тодоровиќ нагласи дека Ковид сертификатите ќе се користат во внатрешноста на ноќните клубови, барови, ресторани и кафулиња. Премиерката Брнабиќ ги потврди овие ставови и додаде дека во моментов се размислува полека да се воведат…

Read More

Центарот за превенција и контрола на болести на САД (CDC) вчера објави нова студија, која јасно ја нагласува ефикасноста на вакцините против Ковид-19 против сериозни болести или смрт. Оваа студија е спроведена во период од повеќе од три месеци, испитувајќи ги хоспитализациите и смртните случаи од вирусот Ковид-19 и заклучоците од истата покажуваат дека дури 10 пати е поголема веројатноста невакцинираните луѓе да бидат хоспитализирани, односно 11 пати е поголема веројатноста дека ќе имаат смртен исход од болеста. Според анализите во раното издание на студијата за состојбата со пандемијата, земајќи го во предвид четвртиот епидемиолошки бран и значајното проширување на…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 758.622 граѓани. Прва доза вакцина во петокот и саботата примиле 4.019 граѓани, а вкупно се вакцинирале 23.221 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.381.901 дози вакцини, а ревакцинирани се 623.278 граѓани. Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите…

Read More

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изјави дека таа партија и Српската напредна партија (СНС) треба да го имаат Александар Вучиќ како заеднички кандидат на претстојните претседателски избори, јави дописникот на МИА од Белград. – Имавме иста таква одлука на последните избори и се покажа дека е вистинската. Вучиќ е персонификација на нашата заедничка политика, а начинот на кој ја извршува должноста претседател на Србија е израз на она што и ние и СНС сакаме да го спроведеме кога станува збор за Србија, изјави Дачиќ за Блиц. Тој оцени дека личниот рејтинг на Вучиќ меѓу граѓаните е…

Read More

До Општинската изборна комисија Гевгелија доставени се пет кандидатури за градоначалници. Во законскиот рок за пријавување кандидатури за претстојните локални избори доставени се пет пријави за градоначалници и шест за советнички листи, потврдија денеска од ОИК Гевгелија. Свои кандидати за градоначалници доставиле политичките партии СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, Интегра, коалицијата на ЛДП и ДОМ како и еден независен кандидат, а листи со кандидати за членови на Советот доставиле партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Интегра, коалицијата ЛДП и ДОМ, Левица и независна листа на Томе Ќичуков. Сите поднесени кандидатури ОИК официјално ќе ги потврди на 18 септември при што кандидатите за градоначалници и советничките…

Read More

Предупредувањето следи по повлекувањето на американските војници од Авганистан. Според шефот на МИ5, Кен Мекалум, одлуката на САД ги охрабрува исламските екстремисти за прегрупирање на терористите и извршување посложени напади. Повлекувањето на американските војници од Авганистан го зголемува ризикот од нов терористички напад, каков што беше тој на 11 септември 2001 година во САД. Ова го изјави шефот на британската контраразузнавачка служба Кен Мекалум, пренесува Тајмс. Според шефот на МИ5, одлуката на Вашингтон ги „оживеа и охрабри“ исламските екстремисти. Ова значи не само подигнување на расположението, туку и голема веројатност за прегрупирање на терористите за извршување посложени напади. – Ризикот…

Read More

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност (ИНАКУ) од Скопје распишува конкурс за Меѓународниот фестивал на бајката 2021, што ќе се одржи онлајн и со физичко присуство на крајот од декември. Конкурсот е за бајки и илустрации на бајки наменети за деца од градинка и основно училиште. На конкурсот може да учествуваат автори од државава и од странство со неограничен број на свои бајки. Обемот на бајките треба да биде од една до десет страници А-4 формат. Инаку, нема никакви други ограничувања на темите и возраста на авторите. Учесниците на конкурсот од соседните земји бајките треба да ги испраќаат на…

Read More

Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе допатува во Белград каде ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, а во вторник во Тирана ја завршува европската турнеја, каде ќе има средба со премиерот Еди Рама. На средбата во Тирана ќе присуствуваат и шефовите на владите на Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина. Африм Красниќи од Институтот за политички студии во Тирана за Бета изјави дека посетата на највлијателната германска политичарка е многу поважна за Западен Балкан во целина отколку за самата Албанија. – Таа го обновува интересот и го враќа Западен Балкан како приоритет за Германија и ЕУ, особено по…

Read More