Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Центарот за превенција и контрола на болести на САД со нова студија која ја нагласува ефикасноста на вакцините против Ковид-19

0
By НОВА ТВ on September 12, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: gallup.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 12, 2021 14:13

Центарот за превенција и контрола на болести на САД (CDC) вчера објави нова студија, која јасно ја нагласува ефикасноста на вакцините против Ковид-19 против сериозни болести или смрт. Оваа студија е спроведена во период од повеќе од три месеци, испитувајќи ги хоспитализациите и смртните случаи од вирусот Ковид-19 и заклучоците од истата покажуваат дека дури 10 пати е поголема веројатноста невакцинираните луѓе да бидат хоспитализирани, односно 11 пати е поголема веројатноста дека ќе имаат смртен исход од болеста. Според анализите во раното издание на студијата за состојбата со пандемијата, земајќи го во предвид четвртиот епидемиолошки бран и значајното проширување на новата делта варијанта во САД, хоспитализацијата и смртта од болеста доживуваат пад во текот на целиот период.

Центарот за превенција и контрола на болести на САД(CDC) во својот неделен извештај кој се однесува на морталитетот и морбидитетот укажува на стапките на инциденца, поврзани со ефективноста на вакцините. Инциденцата на инфекција со САРС-КоВ-2, хоспитализација и смрт е повисока кај невакцинираните отколку вакцинираните лица, и според Центарот за превенција и контрола на болести на САД(CDC) вакцинирањето штити од тешки заболувања од Ковид 19, вклучувајќи го и делта сојот на вирусот. Следењето на инциденцата на Ковид-19 според статусот на вакцинација може да обезбеди рани сигнали за потенцијални промени во ефективноста на вакцината, што може да се потврди преку цврсти контролирани студии.

Линк до студиите:

https://www.cdc.gov/mmwr/volumes/70/wr/mm7037e1.htm?s_cid=mm7037e1_w

https://www.cdc.gov/mmwr/volumes/70/wr/mm7037e2.htm?s_cid=mm7037e2_w

Вакцините се безбедни и штитат од неконтролирано ширење на вирусот Ковид-19. Сите вакцини штитат од тежок тек на болеста и смртен исход и тие се единствениот начин да се спречи оваа пандемија со која се бориме веќе долго време. Сите студии, анализи насекаде во светот покажуваат значајни придобивки во борбата вирусот. Само со масовна вакцинација ќе успееме да се извлечеме од вирусот Ковид-19 и да се вратиме во нормален и безбеден начин на живеење.

антивакцери Вакцина студија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.