Author: НОВА ТВ

Заврши увидот на истражните органи по пожарот во модуларната ковид болница во Тетово. Истрагата треба да покаже кои се причините за избувнување на пожарот. На неа работат пет јавни обвинители, троца од ОЈО Тетово и двајца од ОЈО Скопје. Паралелно, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги истражува јавните набавки за сите модуларни болници кои се изградија во земјава. Станува збор за 19 објекти. Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека уште утре ќе ја побараат целата документација за модуларните болници од Бирото за јавни набавки. Обвинителството ќе утврдува евентуални…

Read More

Приватна здравствена установа информираше дека нивен здравствен работник го загуби животот во синоќешниот пожар во Тетово. Здравствениот работник Ферди Шакири е дел од жртвите при пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, каде бил хоспитализиран. Тој бил дел од медицинскиот тим на тетовска поликлиника за општа и семејна медицина. – Со длакока болка и тага ги известуваме сите наши соработници и пациенти дека на ден 08.09.2021 трагично го загуби животот во синоќешниот пожар нашиот долгогодишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, сопруг и татко. Изразувавме длабоко сочуство до семејството, напишаа од ПЗУ „Бамикор Медика“ на социјалната мрежа…

Read More

Талибанците сметаат дека САД го кршат мировниот договор со тоа што на нивната „црна“ листа на терористи се уште се имињата на дел од новоизбраните министри во владата. „Фактот дека членови на новата авганистанска влада се на американската црна листа го крши мировниот договор постигнат во Доха“, се вели во соопштението на талибанското движење. „Сите функционери, без исклучок, требаше да бидат исклучени од црните листи на Обединетите нации и САД. Барањето останува во сила”, се додава во соопштението. Талибанците и САД потпишаа мировен договор во главниот град на Катар на 29 февруари 2020 година, кој предвидува дека во замена за…

Read More

Од одговорност не бегам, ниту ќе бегам, ќе почекам да заврши истрагата, поради тоа што и во овој период има потреба од менаџирање на кризата, рече Филипче. Министерот за здравство, Венко Филипче повика да не се создава паника и недоверба кон ковид центрите во земјава, бидејќи во нив се спасуваат животи. – Вакви објекти се користат на многу места во светот, пожари и несреќи се случуваат. Овие трагедии може да бидат предизвикани од многу фактори и затоа ќе повторам, апелирам да се почека резултатот од истрагата и да не се прејудицира, изјави Филипче. Тој рече дека нема да бега од…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите пациенти во модуларната болница во Тетово. – Ова е тажен ден за нашата земја и огромна трагедија којашто не потресе сите нас. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите на оваа несреќа. Длабоко не потресе она што се случи во Тетово и од вчера и во текот на целата ноќ целокупните капацитети на министерството и на сите други институции се целосно мобилизирани за што побрзо да се утврдат причините за оваа трагедија, изјави министерот Филипче. За модуларните болници Филипче рече дека се запазени сите стандарди. Истрагата ќе утврди дали…

Read More

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот во објава на Твитер изрази сочуство до семејствата и блиските на жртвите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово. – Страшна трагедија во Тетово во Северна Македонија. Наше длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите кои ги загубија нивните животи. Нашите мисли се со повредените, наведе Рот во објавата на Твитер. A terrible tragedy in #Tetovo in #NorthMacedonia. Our deep condolences go to the families and friends of the victims who lost their lives. Our thoughts are with the injured. 🇲🇰🇪🇺🇩🇪 — Michael Roth MdB 🇪🇺 (@MiRo_SPD) September 9, 2021

Read More

По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија вечерва се одржа првиот од низата културни настани со кои се претставуваат значајните дела од богатата современа македонска културна ризница. Одбележувањето на 30-годишнината на независноста во Кабинетот на Претседателот е насловено „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ и преку него се нагласува клучната улога на културните и уметничките практики за демократизацијата и еманципаторските политики во општеството. Свечено беше отворена изложбата „Ликовни блесоци“ чијшто куратор е Маја Чанкуловска и се реализираше во соработка со Националната галерија на Република Северна…

Read More

Не дозволувајте да ве попишува лице кое нема овластување за тоа. Попишувачите ангажирани за потребите на пописот имаат специјални овластувања издадени од Државниот завод за статистика и брендирани маици кои го содржат логото на Попис 2021. Тие најпрвин треба да го покажат овластувањето и со својата лична карта да се идентификуваат, а доколку лицето нема такво овластување, Државниот завод за статистика апелира граѓаните да не го примат во својот дом. – На предната страна од овластувањето се наведени податоци за попишувачот: име и презиме, број на лична карта, пописен реон и седиште на Комисијата на пописниот реон. На задната страна…

Read More

Врховниот лидер на талибанците Хибатула Акунџада, кој ретко се појавува во јавност, денеска побара од новата авганистанска влада да го применува шеријатскиот закон, пренесува Бета. – Ги уверувам сите наши сограѓани дека владата ќе се стреми да ги почитува исламските правила и шеријатските закони во земјата, рече Акунџада во соопштението издадено на англиски јазик. Талибанците денеска го објавија составот на новата влада, а министерските позиции ги добија личности кои се истакнаа во изминатите 20 години во борбата против САД и нивните сојузници. https://novatv.mk/talibantsite-sostavija-nova-vlada-na-avganistan/

Read More

Затвореникот Зоран Милевски – Кичеец ќе мора порано да влезе зад решетки. Судија на претходна постапка му одреди ефективен притвор од 30 дена, откако обвинителството го осомничи дека тој ја предизвика сообраќајката кај Стража. Оваа мерка важи веднаш, иако е на сила одлуката на Управата за извршување на санкциите со која Кичеец до 9 септември е слободен човек. Судот во Гостивар на Зоран Милевски – Кичеец му одреди 30 дневен притвор. Ваква одлука донесе судија на претходна постапка откако гостиварското обвинителство ја побара таа мерка. Кичеец е осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако…

Read More

Кандидат на СДСМ за градоначалник на Кавадарци е Горан Тодоров. Него го претстави потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски. – Со Тодоров, во Кавадарци излегуваме со најдобрата понуда за вашата општина, понуда која заедно со програмата и советничката листа ќе обезбеди забрзан напредок и иден развој на овој важен град во Повардарието, истакна Спасовски.

Read More

Најавен е мото – пешачки протестен марш. Од 10:30 часот утре етапно ќе бидат затворени за сообраќај  бул. „Гоце Делчев”  на потег од ул. „Беласица” кон бул.„Илинден“ и бул.„Илинден” на потег од бул.„Гоце Делчев” до бул.„Климент Охридски”, поради најавениот мото-пешачки протестен марш од Скопски саем кон Влада. Полицијата апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Read More