Талибанците сметаат дека САД го кршат мировниот договор со тоа што на нивната „црна“ листа на терористи се уште се имињата на дел од новоизбраните министри во владата.

„Фактот дека членови на новата авганистанска влада се на американската црна листа го крши мировниот договор постигнат во Доха“, се вели во соопштението на талибанското движење.

„Сите функционери, без исклучок, требаше да бидат исклучени од црните листи на Обединетите нации и САД. Барањето останува во сила”, се додава во соопштението.

Талибанците и САД потпишаа мировен договор во главниот град на Катар на 29 февруари 2020 година, кој предвидува дека во замена за повлекување на силите на НАТО од Авганистан, милитантите ветија дека ќе ги прекинат врските со Ал Каеда и ќе седнат на преговарачка маса со администрацијата на земјата. Во август оваа година, во светло на повлекувањето на американската армија од Авганистан, талибанците ги окупираа сите поголеми градови и прогласија крај на 20-та војна.