Author: НОВА ТВ

На маргините на Меѓународната конференција за жените Ромки и патувачите министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се сретна со генералната директорка на директоратот за демократија Снежана Самарџиќ Марковиќ. Министерката Шахпаска информираше дека преку дијалог и инклузивен процес Северна Македонија успеа со консензус да усвои два клучни закони, односно Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.Ова, констатираше министерката Шахпаска, е дополнителна гаранција дека законите целосно ќе се имплементираат. Таа нагласи дека во Законот за спречување и заштита од дискриминација родовиот идентитет и сексуалната ориентација е препознаена…

Read More

„Блиската соработка и редовна комуникација меѓу бизнис секторот и Стопанската комора на Северна Македонија е клучна во обезбедување што подобри услови за работа на компаниите, земајќи предвид дека Комората е гласноговорник на бизнис заедницата. Во таа насока, денеска на средбата со претседателот на Комората Азески и делегацијата на СКСМ која ја предводеше претседателот Азески, ги презентиравме нашите досегашни и тековни активности, но и идните планови кои вклучуваат сериозни инвестициски проекти, насочени пред сè кон енергетската и еколошката ефикасност, кои истовремено значат подобрување на процесните параметри и зголемување на нашата конкурентност“, изјави Герасим Кујунџиев, прв генерален директор на Еуроникел Индустри. На…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Според МВР, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17, 8 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум санкции за користење на мобилен телефон и пет санкции на минување на затворен сигнал – црвено светло. – Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно…

Read More

Северна Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW), соопштија од Владата. Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија. – Соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на следната 2022 година на локацијата која беше предвидена за карго аеродромот во Штип. Поради движењата на ветровите оваа локација не е погодна за изградба на аеродром, но согласно анализите на соларната радијација, карактеристиките на земјиштето како и оддалеченоста од преносната мрежа, оваа местоположба има одлични услови…

Read More

Советодавниот панел на Светската здравствена организација (СЗО) го класифицираше новиот вид на Ковид-19, откриен во Јужна Африка, како „загрижувачки“ и високо пренослив вирус и го нарече Омикрон. Тоа е првпат за неколку месеци СЗО да класифицира нов вид на вирус како таков. Во истата категорија е и делта сојот што стана најзастапен во светот. „Сојот B.1.1.529 првпат беше пријавен до Светската здравствена организација од Јужна Африка на 24 ноември 2021 година. Тој сој има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки“, изјавија група експерти задолќжени од СЗО да следат развојот на К-19. Според Панелот раните податоци покажуваат дека овој…

Read More

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа за Предлог-буџетот за следната година, откако вчера завршија предвидените пет дена за општата расправа. Поднесени се вкупно 223 амандмани, за кои исто така треба да се расправа  пет дена, по што текстот  треба да се достави до Владата, која треба да ги вгради прифатените амандмани. Откако ќе биде вратен во Собранието, дополнетиот Предлог-буџет оди на пленарна седница, а таму расправата трае пет дена. Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се…

Read More

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава втор ден е во целосен прекин, откако машинскиот и извршниот персонал од вчера во 7 часот ја бојкотираат работата, барајќи исплата на вториот дел од платата за октомври. Душко Чакаровски, претседател на синдикатот на машинскиот персонал, изјави за МИА дека бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното барање. Досега, како што вели, не ги контактирал никој и немаат најава кога би се реализирала исплатата. Ова е втор прекин на на работата во Желзницата месецов. На 1 ноември  имаше бојкот, исто така, поради неисплатен втор дел од платата за септември. По исплатата наредниот…

Read More

Австралија денеска воведе ограничувања за лицата кои живеат во девет јужноафрикански земји поради загриженоста од новиот вид на коронавирус „омикрон“, при што владата бара 14-дневен карантин за австралиските граѓани кои се враќаат од тиие земји, изјави министерот за здравство Грег Хант. Земјите кои подлежат на ограничувањата се Јужна Африка, Намибија, Зимбабве, Боцвана, Лесото, Есватини, Сејшели, Малави и Мозамбик. -Секое лице кое не е австралиски државјанин или лице издржувано од него, а било во африканските земји каде што е откриен сојот „омикрон“ и раширен во последните 14 дена, нема да може да влезе во Австралија, објасни Хант.

Read More

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, соопштија властите, пренесе ДПА. Автобусот удрил во куќа во малиот град Сан Хозе Ел Гард, на околу 50 километри југозападно од Мексико Сити, откако му откажале сопирачките, соопштија властите. Автобусот патувал од западната држава Мичоакано, до местото за аџилак Чалмо, се наведува во соопштението на властите. Меѓу повредените има и малолетници. Според медиумите, сите патници биле аџии. Мексиканскиот помошник секретар за безбедност Рикардо де ла Круз изјави дека ќе оди на местото на несреќата за да ги координира напорите за помош на повредените…

Read More

Дури 69 отсто од заразените во период од 6 август до завчера, не биле вакцинирани и 81 отсто од хоспитализираните. Во тој период, биле регистрирани 58.276 случаи на Ковид-19, од кои 17.896 или 31 отсто биле целосно вакцинирани, а 40.380, односно 69 отсто не биле вакцинирани. Од починатите, 1.571 пациент, односно 79 отсто не биле вакцинирани, а 21 отсто, односно 415 примиле вакцина, информира вчера Министерството за здравство, напоменувајќи дека починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем. Од 468 моментно хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани. Од Министерството информираат дека секоја вакцина…

Read More

Заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник Бисер Јорданов Михајлов и истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија Младен Христов Петров денеска од јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески ќе ги преземат материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во тешката автобуска несреќа во Бугарија. Преземањето на материјалите, како што соопшти ЈО, ќе биде во 11 часот во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Read More

Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки, музика во живо, дружење и уживање, ќе понуди Фестивалот на италијанска храна што ќе се одржува денеска и утре на плоштадот Македонија во Скопје. Настанот го организираат Амбасадата на Република Италија и Italian Trade Agency Skopje (ИТА) по повод 6. Недела на италијанската кујна во светот која има за цел промоција на традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот. Како што најавуваат организаторите, најреномираните италијански ресторани од Скопје, Kaj Џино, Ла Тераца, Венето, Таверна Тоскана, Ботега дел Густо, Ботега дел Вино, Мато Наполетано, Еуролаб и ИТА Бренд, ќе…

Read More