Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен повика на меѓународно решение за бегалците пред самитот на Г7 за Авганистан. – Важно е сите држави вклучени во мисијата во Авганистан да обезбедат доволни квоти за бегалците и нивно безбедно минување, за да можеме да им помогнеме на оние на кои им е потребна заштита, изјави денеска Фон дер Лејен за агенцијата ДПА. Говорејќи за медиумите првпат откако талибанците ја презедоа власта по повлекувањето на силите на САД и НАТО од Авганистан, германската политичарка истакна дека е неопходно да се спречи луѓето да паднат во рацете на криумчарите. – Тоа ги…
Велика Британија вчера воведе санкции против седуммина офицери на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), за кои се претпоставува дека се вмешани во инцидент со труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, соопшти британското Министерство за надворешни работи во ажурираната листа на санкции. САД се приклучија кон санкциите кои ги воведе Велика Британија против седум руски офицери на ФСБ, се наведува во заедничкото соопштение на Стејт департментот. Во документот се наведува дека се воведени санкции против Алексеј Седов, Кирил Василиев, Станислав Макшаков, Владимир Богданов, Алексеј Александров, Иван Спиридонов и Владимир Пањајев. Тоа значи дека нивните банкарски сметки се замрзнати и дека…
Германската канцеларка Ангела Меркел на денешната средба воп Кремљ со рускиот претседател Владимир Путин побара ослободување од од затвор на неговиот политички противник Алексеј Навални, по повод годишнината од труењето на опозицискиот лидер. – Инсистирав рускиот претседател да го ослободи Навални, рече Меркел од Кремљ, пренесуваат француските медиуми. Путин негираше дека Навални е зад решетки заради неговите политички активности. Рускиот претседател , од своја страна, денеска ја повика светската заедница да го спречи „распаѓањето“ на Авганистан и предупреди на „терористите“ кои влегуваат во соседните земји, вклучувајќи и под превезот на бегалци. На прес -конференција со германската канцеларка Меркел во Кремљ…
Копнената граница за туризам со Канада и Мексико останува затворена до 21 септември, соопшти американското Министерство за внатрешна безбедност (ДХС). Канада во јули соопшти дека ќе ги отвори своите граници за целосно вакцинирани американски туристи од 9 август, откако многу компании се пожалија. – Во координација со експерти за јавно здравје и медицина, ДХС продолжува тесна соработка со своите партнери низ САД и работи на меѓународен план за безбедно да се овозможат нормални патувања, објави ДХС на својот налог на Твитер. САД постојано ги продолжуваат вонредните ограничувања за Канада и Мексико на месечно ниво од март 2020 година, кога беа…
Столтенберг пак ги повика талибанците да дозволат безбеден премин за сите кои сакаат да ја напуштат државата. Приоритет на НАТО е да ги извлече луѓето од Кабул и да го одржува аеродромот во функција, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по виртуелниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки за ситуацијата во Авганистан. Тој оцени дека ситуацијата во таа земја останува „тешка и непредвидлива“. Според него, најголемиот предизвик е да се обезбеди луѓето да влезат на аеродромот во Кабул. Откако талибанците го презедоа Кабул, повеќе од 18.000 луѓе се евакуирани од градот, а Столтенберг вели дека…
На 27 септември ќе почне учебната година во Албанија. Од 1 септември дополнителна настава за учениците. Албанската министерка за образование, спорт и млади, Евис Куши информираше дека почетокот на новата учебна 2021-2022 година е одложен и таа наместо на 13 септември, како што беше најавено, ќе почне на 27 септември, бидејќи е „одлучено да се продолжи периодот на дополнителната настава“. На прес – конференција, министерката Куши објасни дека за време на дополнителниот наставен период, што почнува на 1 септември, од учениците не се бара да одат на училиште секој ден, додека наставниците и целиот училишен персонал ќе бидат таму со…
Актуелни и поранешни официјални лица се загрижени дека оружјето може да биде употребено за убиство на цивили, а може да биде земено од други вооружени групи како Исламска држава. Со напредувањето и земањето под контрола на поголем дел од територијата на Авганистан, талибанците дојдоа во посед на американско оружје и техника оставени од повлечената авганистанска армија. -Сѐ што не беше уништено сега им припаѓа на талибанците, изјави анонимен претставник на властите на САД, пренесуват агенциите. Актуелни и поранешни официјални лица изразуваат загриженост дека ова оружје може да биде употребено за убиство на цивили, може да биде земено од други вооружени…
Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, денеска ја повлече оставката, откако не успеа да оствари телефонски разговор за да им помогне на преведувачите да заминат од Авганистан, нагласувајќи дека брзиот напредок на талибанците го оневозможил контактот. Раб беше на одмор на Крит, кога неговиот кабинет беше советуван да му се јави на авганистанскиот колега, да го повика да помогне во евакуацијата на локалните преведувачи кои им помагаа на британските сили. Меѓутоа, повикот не е воспоставен, што доведе до барање за оставка на Раб и обвинувања дека Британија ги заборавила преведувачите. – Додека министерот за надворешни работи лежеше на лежалка,…
Порака дека границите на Грција се безбедни и заштитени, а земјата ќе се одбрани од било каква закана, испратија министрите за одбрана и цивилна заштита на Грција Никос Панајотопулос и Михалис Хрисохоидис по нивната посета на Еврос, каде што се сретнаа со претставници на војската и ја проверија ситуацијата на граничните премини, како и текот на изградбата на железната ограда на границата со Турција, јави дописничката на МИА од Атина. -Грција продолжува да се заштитува од секакаква потенцијална или постоечка безбедносна закана. Ова е волјата на Владата, ова е се наредбите и упатствата на самиот премиер. Потребна е организација, потребен…
Најмалку пет лица се пренесни во болница. Тензична атмосфера во околината на аеродромот во Кабул. Пет лица, кои се здобиле со прострелни рани во областа во близина на аеродромот во Кабул, се пренесени в болница, а ситуацијата таму се уште е многу тензична, објави денеска меѓународна медицинска организација. – Најмалку пет нови пациенти се пренесени од аеродромот в болница со повреди од куршуми. Хаосот продолжува да владее во таа област, се наведува во соопштението на организацијата „Имерџенси“, кое беше објавено на Твитер. Талибанските бунтовници го освоија Кабул на 15 август, преземајќи целосна контрола над авганистанскиот главен град за само неколку…
Се стравува дека се удавиле 52 африкански мигранти. Потонувањето на гумен чамец на пат од Африка за Шпанија преку Атлансткиот Океан, најверојатно не го преживеаја 52 лица. Единствената жена што ја пронајдоа спасувачите изјавила дека бродот ја напуштил Африка пред една недела со 53 мигранти, јави денеска шпанската спасувачка служба. Товарен брод вчера забележа гумен чамец во Атлантскиот Океан, 255 километри јужно од шпанските Канарски Острови и за тоа веднаш ја извести спасувачката служба. Преживената жена на спасувачите им кажала дека чамецот тргнал од брегот на Западна Сахара и дека патниците биле од Брегот на Слоновата Коска. Мигрантите често ги…
На хуманата акција во Кавадарци донирани прехранбени производи. По повод денешниот светски ден на хуманоста, Комисијата за еднакви можности при Совет на општина Кавадарци, во соработка со Здружението на граѓани ,,Еко-живот”, вечерва организираше хумана акција за собирање на прехранбени производи донирани од граѓаните. – По социјалното мапирање, утврдивме дека има околу 371 социјален случај, што прима паричен надоместок, прехранбени пакети и друг облик на помош, рече доктор Виолета Димитрова, советник и претседател на Комисијата. Роберто Паризов, претседател на „Еко-живот” и претставник на Банка за храна Кавадарци, рече дека соработуваат со Општината и Центарот за социјални работи. Тој го повика населението…