На хуманата акција во Кавадарци донирани прехранбени производи.

По повод денешниот светски ден на хуманоста, Комисијата за еднакви можности при Совет на општина Кавадарци, во соработка со Здружението на граѓани ,,Еко-живот”, вечерва организираше хумана акција за собирање на прехранбени производи донирани од граѓаните.

– По социјалното мапирање, утврдивме дека има околу 371 социјален случај, што прима паричен надоместок, прехранбени пакети и друг облик на помош, рече доктор Виолета Димитрова, советник и претседател на Комисијата.

Роберто Паризов, претседател на „Еко-живот” и претставник на Банка за храна Кавадарци, рече дека соработуваат со Општината и Центарот за социјални работи. Тој го повика населението на хуманост и солидарност.