Author: НОВА ТВ

Пензионираниот војник кој го застрела Осама бин Ладен во 2011 година, го повика највисоко рангираниот офицер во американската армија, генералот Марк Мили да поднесе оставка поради американските хаотични напори за евакуација од Авганистан, откако талибанците вчера во Кабул ја презедоа контролата врз целата земја. – Има Авганистанци кои загинаа од нашите што се повлекоа. Дали @thejointstaff ќе си поднесе оставка?, напиша на „Твитер“ пензионираниот војник Роберт О’Неил и го означи официјалниот профил на Советот на генералштабовите на армијата на САД, кој го предводи Марк Мили. There are Afghans falling to their deaths off of our retreating aircraft. Has @thejointstaff resigned…

Read More

Над 300 пожарникари интервенираат во двата пожари што претпладнево избувнаа на две локации во западниот и југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а вкупно осум пораки за евакуација од бројот за итни случаи 112 беа испратени до локалното население во деловите во близина на огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. За ситуацијата со пожарите вечерва информираше министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис. – Уште еден тежок ден со 45 нови пожари, а во целата држава денеска противпожарните служби се соочуваат и справуваат со вкупно 96 пожари, рече Хрисохоидис. Ситуацијата со пожарот што изби…

Read More

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска повика на итен прекин на сите воени дејствија во Авганистан и на формирање нова влада, која ќе биде „обединета, инклузивна и репрезентативна“, а во која треба да бидат вклучени и женски претставници. Американските медиуми наведуваат дела во првата изјава на Советот за безбедност на ОН по освојувањето на Авганистан од страна на талибанците се потенцира дека „мора да се обезбеди уставен континуитет, почитување на меѓународните обврски, како и безбедноста на сите Авганистанци и странци“. Членовите на Советот повикаа на „итен прекин на насилството во Авганистан, враќање на безбедноста, граѓанскиот и уставниот поредок“, како…

Read More

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговараа за ситуацијата во Авганистан, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во телефонскиот разговор  двајцата дипломати се согласиле да продолжат консултациите со Кина, Пакистан и Обединетите нации, пренесуваат британските медиуми. Шефот на руската дипломатија телефонски разговарал и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ли за политичката координација поради ситуацијата во Авганистан и последиците од неа за регионот, соопшти руското МНР.

Read More

Руски суд денеска ја осуди Кира Јармиш, портпаролка на рускиот опозиционер, Алексеј Навални, на 1,5 година ограничено движење заради организирање протести за време на епидемијата на коронавирусот. Јармиш (31) во јануари беше обвинета за учество во организирањето собири за поддршка на Навални, кога тој беше уапсен по неговото враќање од лекување во Германија во Русија. Тимот на Навални на Твитер соопшти дека Јармиш е прогласена за виновна за „поттикнување прекршување на мерките против коронавирусот“. Таа од февруари се наоѓа во домашен притвор и според одлуката на судот следната 1,5 година ќе и биде забрането да ја напушта Москва или да…

Read More

Американските сили што го штитат аеродромот во Кабул убиле две вооружени лица, изјави денеска неименуван американски претставник. Британскикте медиуми пренесуават дека претставници на американската војска претходно денеска соопштија дека седум лица загинале во хаосот на аеродромот во Кабул, меѓу кои имало и луѓе кои паднале од американски воен транспортен авион. Авганистанците побрзаа на аеродромот во Кабул додека ги фати паника обидувајќи се да ја напуштат земјата поради талибанците, а некои се качија на американски воен авион пред полетување.

Read More

Грција денеска надмина 11 милиони аплицирани дози, над 5,8 милиони граѓани примиле барам една доза или 55,6 отсто од општото, односно 65 од возрасното населени, а над 5,5 милиони, односни 52,5 проценти од општото или 61,6 проценти од возрасното население е целосно имунизирано, соопшти попладнево генералниот секретар во Министерството за здравство Мариос Темистокелус на редовната прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на вакцинацијата по старосни групи, највисок е процентот на оние што се на возраст од 75 до 79 години, 84,4 отсто веќе имаат примено барем една доза. Како што се намалува возраста, така се намалува…

Read More

Русија ги повикува сите страни вклучени во авганистанскиот конфликт да се воздржат од употреба на насилство, изјави денеска рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небезња. -Ги повикуваме сите страни во Авганистан, вклучени во напорите за решавање на насилството да се воздржат од непријателства и да промовираат мирно решение, рече Небезња на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, пренесува Тасс. Рускиот амбасадор во ОН апелираше да не се крева паника поради ситуацијата во Авганистан. -Во овој момент, ние веруваме дека не треба да паничиме, бидејќи е важно да се спречи масовно крвопролевање меѓу цивилното население, рече тој. Небезња на…

Read More

Молскавичната победа на екстремните талибански исламисти во Авганистан и исто така молскавичниот распад на локалните власти, поддржани од САД и НАТО, претставуваат несомнена победа на светскиот тероризам и „горчлив пораз за Западот што целосно се прецени, неодоливоста на неговите вредности и верувања дека секој сака да биде како нас, без разлика на историјата, културата, идентитетот“, оценува денеска данскиот весник „Јиланд постен“. Многу е слично мислењето и на другите западноевропски медиуми и аналитичари, кои предупредуваат дека самите Авганистанци, иако имале огромна финансиска и воена помош од Западот, пропуштиле судбоносна можност да го уништат исламскиот фанатизам во нивната земја. Францускиот дневен весник…

Read More

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска го повика Советот за безбедност да ги искористи сите средства што ги има на располагање за да се бори против „глобалната терористичка закана во Авганистан“ и да гарантира почитување на основните човекови права во таа земја. -Добиваме страшни извештаи за сериозни ограничувања на човековите права низ целата земја, рече Гутереш, обраќајќи им се на земјите -членки на Советот за безбедност на ОН. Тој нагласи дека е особено загрижен за извештајот за зголеменото кршење на човековите права на жените и девојките во Авганистан. -Не можеме и не смееме да го напуштиме народот во…

Read More

Претседателот Џо Бајден стои зад одлуката за повлекување на американската војска од Авганистан, и посочува дека хаосот што се случува по заземањето на власта од страна на талибанците не е „најлошото сценарио“,  денеска во емисија на телевизијата Ен-Би-Си изјави Џејк Саливан, советник за национална безбедност на Бајден. -Всушност, сметам дека најлошото сценарио за САД би било околности во кои ние ќе додавама назад илјадници и илјадници војници да се борат и да умрат во граѓанска војна во Авганистан кога авганистанската армија не е спремна да се бори, истакна тој Тоа било алтернативниот избор со кој Бајден се соочил. -Ако останавме…

Read More

На аеродромот во Кабул владее паника додека очајните Авганистанци се обидуваат да побегнат од земјата откако талибанците вчера го презедоа главниот град. Очевидци наведуваат дека најмалку тројца цивили загинаа на аеродромот обезбеден од американските војници. Не е јасно дали било стрелано во нив или се убиени во стампедо. По откажувањето на редовните летови на аеродромот се заглавен и стотици странци и Авганистанци. САД и другите земји истовремено се обидуваат да го евакуираат својот персонал и сојузниците. Додека толпата упадна на пистата, американските војници пукаа во воздух за да ги растераат луѓето кои насилно се обидоа да се качат во авионите.…

Read More