Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува битката со огнената стихија во близина на Атина

0
By НОВА ТВ on August 16, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 16, 2021 22:22

Над 300 пожарникари интервенираат во двата пожари што претпладнево избувнаа на две локации во западниот и југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а вкупно осум пораки за евакуација од бројот за итни случаи 112 беа испратени до локалното население во деловите во близина на огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина.

За ситуацијата со пожарите вечерва информираше министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис.

– Уште еден тежок ден со 45 нови пожари, а во целата држава денеска противпожарните служби се соочуваат и справуваат со вкупно 96 пожари, рече Хрисохоидис.

Ситуацијата со пожарот што изби во 10.26 часот во југоисточниот дел на областа Атика, според министерот, е подобрена, а огнената стихија брзо се проширила поради силниот ветер што достигнал јачина и до седум Бофор.

Интервенираат 104 пожарникари со три пешадиски тима, 40 возила осум авиони 11 хеликоптери, а од бројот за итни случаи 112, во конкретниот регион биле испратени три пораки за превентивна евакуација на три населби.

Вториот пожар, што изби речиси три часа подоцна во западниот дел на Атика, гори густа шума и е во близина на населени места, но засега според Хрисохоидис нема опасност за домовите.

Во конкретниот регион од бројот 112, во текот на денот биле испратени пет пораки за евакуација на жителите на седум населби, а интервенираат 240 пожарникар со четири пешадиски тим и 82 возила, девет хеликоптери и осум авиони.

Хрисохоидис истакна дека „во овој момент се зајакнуваат напорите за обезбедување на населбите“ и спречување пожарот да се прошири на населените места.

– Продолжуваме со напорите за справување со денешните пожари, а во овие напори бараме ваша соработка и истовремено упатуваме апел, пред се за ваша безбедност да ги следите упатствата на властите, им порача на граѓаните министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис.

Процените во Грција се дека следи тешка ноќ и на двата фронта, со оглед на тоа дека воздушните средства не интервенираат навечер, а пожарите ќе продолжат да се гаснат само од копно.

Атина Грција пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.