Author: Ivana

Директорката на Карил, Маја Мојсова во емисијата 24 анализа објасни зошто Денис Тот бил без видливи траги на насилство при приемот во клиника и како Денит Тот бил донесен и како бил третиран по приемот кога е јавено во МВР за сомнителна смрт. – Тоа е протокол и од клиника се јавуваат во МВР и за млад и за стар човек, МВР треба да знае дека во тој момент непознато лице починало со сомнителна смрт. Сме виделе натепани луѓе, луѓе повредени во сообраќајки. На телото нема модринки, скршеници, повреди на ребра. Колешката испратила урина за да се откријат супстанци кои го немаше…

Read More

Уапсен е мажот кој вчера со огнено оружје изврши напад во воз во метрото во Њујорк и рани десет луѓе. Френк Р. Џејмс (62) е приведен на Менхетен, изјави полициски претставник. Претходно, напаѓачот на социјалните мрежи објавувал видеа на кои вели дека САД се расисти, преплавени со насилство и го критикува градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс. Тој зборувал и за неговата борба со ментална болест. Вооружениот напаѓач активирал димни бомби во преполн вагон на метрото, а потоа со пиштол пукал најмалку 33 пати, соопшти полицијата. Петорица од десетината ранети се во критична состојба, а на уште десет им е укажана помош од вдишување чад и повреди. Напаѓачот избега…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да го информира за американската помош за Украина, соопшти Белата куќа. Разговорот траел околу еден час. Зеленски на Твитер напиша дека разговарале за руските воени злосторства и се согласиле да се засилат санкциите против Русија. Тој исто така информира дека дискутирале за дополнителен пакет одбранбена и можна макрофинансиска помош за Украина.

Read More

Производителите на масло за јадење во државата имаат доволно залихи и суровини и во континуитет и непречено се одвива снабдувањето со суровини за производство на масло за јадење. По предлог на Секторот за трговија во Министерството за економија и врз основа на разговорите што ги имав со производителите и трговците пратив известување дека од денеска не треба да се продава масло за јадење на пакети или палети во маркетите и кај трговците на мало, посочи вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. -Масло за јадење во нашата држава има. Се прават соодветни контроли и доколку не се пушта масло во малопродажба…

Read More

Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања едногласно оцени дека не е време да се „олабави одбраната“ во однос на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска претседателот на комитет Дидие Усин. – Ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена, рече тој во Женева. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, истакна дека врз основа на таа проценка, тој го задржал највисокото ниво на тревога на СЗО на меѓународно ниво поради Ковид-19: „состојба на итна ситуација за јавното здравје“. – Констатирано е дека ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена: циркулацијата на вирусот сè уште е многу активна, смртноста…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека во оваа фаза не планира да оди во Киев, како што од него побара Володимир Зеленски, оценувајќи ја како „иритирачка“ одлуката на украинскиот претседател да не го прими шефот на германската држава. На прашањето на јавното радио РББ дали ќе замине во Украина, германскиот канцелар повтори дека е во редовен контакт со украинскиот претседател и оти бил во Киев непосредно пред руската инвазија на 24 февруари, сугерирајќи дека не му е во план повторување на таква посета. – Речиси и да нема друг шеф на држава или влада кој има толку интензивни контакти со мене, рече Шолц.…

Read More

АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, како Национален поштенски оператор, кој ја обезбедува универзалната услуга, која е од јавен интерес, на целата територија на Република Северна Македонија, врз основа на издадена Индивидуална дозвола од Агенцијата за пошти, како независно регулаторно тело, Ве информира за следното: По најавениот штрајк од страна на двете синдикални организации, АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје согласно позитивите законски прописи на Република Северна Македонија, поднесе иницијатива за започнување на постапка за мирно решавање на работниот спор. Во очекување на спроведување на постапката за помирување, во законски утврдениот рок, кое е во надлежност на Министерството…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео во кое го повикува Западот да испрати оружје. Зеленски истакна дека е потребно повеќе оружје за „да се спасат милиони Украинци, како и милиони Европејци“. – Слободата мора да биде вооружена подобро од тиранијата, рече тој. Зеленски наведе голем број потребни специфични оружја, вклучувајќи артилерија од 155 милиметри, системи за лансирање ракети, оклопни возила и борбени возила за пешадија. Тој побара тенкови Т-72 „од САД или Германија“ и рече дека се потребни повеќе воени авиони. Украинскиот претседател предупреди дека конфликтот во земјата ќе стане „бескрајно крвопролевање, ширење беда, страдање и уништување“. – Но, Русија сè уште има капацитет да…

Read More

На Црната листа на САД, покрај Груевски е и неговата фирма регистрирана во Унгарија во малото место во близината на Будимпешта, Пецел. I.C.I.C. Дооел е регистриран на 14 јули во куќата на улицата Боцскаи бр. 9 во Печ. Управител и сопственик на компанијата е самиот Груевски, основна дејност на фирмата е деловен и ПИ АР, организирање на конференции, но и други активности вклучувајќи трговија на големо со порцелан, стакларија и производи за чистење. Фирмата иако со седиште во ова село крај Будимпешта е регистрирана на адреса на живеалиштето на неговата мајка, Нада во Скопје. Како управител на фирмата фигурира извесна…

Read More

Независниот синдикат на приватниот сектор на Косово (СПСПК) изрази незадоволство од нацрт-законот што денеска го усвои владата на Албин Курти, со кој се предвидува месечната минимална плата во државата да биде 250 евра, и останува на барањето таа да биде 400 евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Претседателот на синдикатот на приватниците, Јусуф Аземи изјави дека една од главните причини за таквото барање е недостигот на работна сила во државата. – СПСПК останува на ставот дека минимална плата под 400 евра не може да се прифати. За оваа плата ние како пример зедовме едно четтиричлено семејство и видовме дека…

Read More

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство против полициските службеници Е.Ш. и З.Р.  ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“, а ќе биде покрената и постапка за утврдување дисциплинска одговорност. Како што соопшти МВР, полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството. -Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Република Косово и Република Албанија, го документираше…

Read More

Штрајкот ќе продолжи и во наредните денови зашто немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во висина од некој процент. Со преговори ќе продолжиме и сме расположени во секое време да се сретнеме кога ќе побараат од нас, ќе бидеме достапни, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков по денешната средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на кој се разговарало на повеќе теми поврзани со образовниот систем во државата. – Сите сме расположени да прекине штрајкот и да почне наставата, но секако за тоа треба да одлучи членството, а…

Read More