Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И покрај поканата од Зеленски, Шолц не планира да оди во Киев

0
By Ivana on April 13, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: theconversation.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 13, 2022 20:18

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека во оваа фаза не планира да оди во Киев, како што од него побара Володимир Зеленски, оценувајќи ја како „иритирачка“ одлуката на украинскиот претседател да не го прими шефот на германската држава.

На прашањето на јавното радио РББ дали ќе замине во Украина, германскиот канцелар повтори дека е во редовен контакт со украинскиот претседател и оти бил во Киев непосредно пред руската инвазија на 24 февруари, сугерирајќи дека не му е во план повторување на таква посета.

– Речиси и да нема друг шеф на држава или влада кој има толку интензивни контакти со мене, рече Шолц.

Советник на Зеленски за јавната телевизија ЗДФ претходно изјави дека украинските власти сè уште очекуваат германскиот канцелар веднаш да донесе практични одлуки, како што е испорака на оружје.

Несогласувањата меѓу Германија и Украина почнаа откако Зеленски одби да го прими германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој сакаше да дојде во Киев со делегациите од Полска и од балтичките земји.

Германија веќе испорача одбранбено оружје на Украина, но Шолц со денови е под притисок, дури и во рамките на неговото владејачко мнозинство, да одобри испраќање на офанзивно оружје, како што се оклопни возила, пренесува Бета.

Социјалдемократската партија (СПД) продолжува да се спротивставува на снабдувањето со тешко оружје. Пратеникот Џо Вајнгарте укажа на опасноста Германија постепено да се вклучи во војната. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.