Author: Ivana
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека досега има испорачани една милијарда дози во рамките на програмата Ковакс. Од СЗО предупредуваат дека оваа бројка треба да биде пресвртницата и „потсетник за тоа колку останува да се направи“, по акумулацијата на залихите на вакцини во богатите земји, пренесуваат американските медиуми. СЗО прецизираше дека во вчерашната испорака на 1,1 милион дози вакцини за Руанда беше вклучена и милијардитата доза испорачана преку програмата Ковакс. Во соопоштението на СЗО се наведува дека во рамките на програмата Ковакс, досега вакцини се испорачани во 144 земји, „но тоа е само потсетник за тоа колку уште треба…
Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка, која имаше протрузија на дискус во лумбалниот р’бет, што и предизвикувал проблем со одењето, напиша на својот фејсбук профил, министерот за здравство во оставка Венко Филипче. – На моите колеги кои ми асистираа во сала им благодарам. На пациентката и посакувам што побрзо опоравување, истакна Филипче.
„Бугарија воведува нова стратегија во преговорите со Македонија, а тоа значи дека историските и идентитетски прашања ќе останат во втор план, а главниот фокус ќе биде ставен на соработката во економијата, образованието и информациите“, вели претседателот на Советот на амбасадори – Мухамед Халили во неделното интервју за Радио Слободна Европа. https://www.youtube.com/watch?v=TN_1VKyshzg
Коалицијата „Менуваме“ ги информира членовите на Здружението за слепи и слабовидни лица – Скопје дека е надминат проблемот со автобуските билети во јавниот превоз и дека тие ќе можат повторно да ги користат. Билетите ќе можат да ги подигнат утре, од 8 до 16 часот во Здружението. Од Коалицијата Коалицијата „Менуваме“ посочуваат дека на 12 јануари 2022 година членови на Здружението за слепи и слабовидни лица – Скопје се обратиле до нив за надминување на проблемот на 260 деца и лица со попречен вид. -Коалицијата „Менуваме“ пристапи на решавање на овој проблем, кој е и потреба на лицата со попречен вид.…
Австралискиот министер за имиграција, Алекс Хоук, денеска ја пофали одлуката на австралискиот Федерален суд, со која се потврди неговата претходна одлука да му ја одземе визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, изјавувајќи дека одлуката е донесена за да се зачува безбедноста на австралиската заедница. -Ја поздравувам денешната едногласна одлука на австралискиот Федерален суд, која ја потврдува мојата одлука да ги искористам моите овластувања, според Законот за миграција, за да му ја одземам визата на Новак Ѓоковиќ, поради јавен интерес, изјави Хоук. Австралискиот Федерален суд денска ја потврди одлуката на Хоук за укинување на визата на Новак Ѓоковиќ, згаснувајќи ги надежите на…
Дневниот број на заразени со Ковид-19 во Австралија денеска опадна под 100.000, прв пат во псоледните пет дена, а официјалните лица веруваат дека бранот од омикрон сојот се приближува до својот врв во Нов Јужен Велс, најтешко погодената земја на континетот. Австралиските власти во изминатите 24 часа регистрираа вкупно 85.824 случаи на инфекција, што е значителен пад од рекордните повеќе од 150.000 во четвртокот, по што бројот на новозаразени почна да се намалува. Здравствените власти вчера соопштија дека симулациите покажале дека Австралија се приближува кон врвот на бранот, предупредувајќи дека бројот на случаи ќе остане висок во „следните неколку недели“.…
На територијата на Град Скопје вчера се изречени вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти МВР. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возач почетник, 31 за непрописно паркирање. Министерството за внатрешни работи најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во…
Цунамито, што се формира по подводната ерупција на вулакнот Хунга-Тонга-Хунга-Хапаи, ноќеска оштетило најмалку 20 бродови во пристаништата во префектурите Токушима и Кочи, во западна Јапонија, јави NHK. Бродовите биле превртени и однесени во океанот, јавуваат медиумите. Првичните информации говореа за пријавени 10 оштетени јапонски бродови. Околу 230.000 Јапонци, кои живеат во областите долж брегот на Тихиот Океан, синоќа од локалните власти добија наредба за евакуација поради заканата од цунами. Засега нема информации за жртви. Дополнително, откажани се и 27 домашни летови со слетување или полетување во зоната на можно влијание на катастрофата. Националната метеоролошка управа на Јапонија ноќеска соопшти за…
На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде…
Французинката Ализе Корне ја коментираше судската одлука за укинување на визата на Новак Ѓоковиќ. Србин ќе биде депортиран од Австралија. – Знам премалку за да судам за ситуацијата. Но, можам со сигурност да кажам дека Новак е секогаш прв кој се залага за играчите, а никој од нас не застана во негова одбрана на него. Држи се Новак. И не ме нарекувајте антиваксер, ве молам! Ви благодарам – напиша Корне на Твитер. Федералниот суд на Австралија утрово одлучи да го депортира светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и со тоа тој нема да може да игра на Грен слемот во…
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ноќеска го загуби спорот пред Федералниот суд на Австралија, со што и официјално влезната виза му е добиена и сега, што поскоро, мора да ја напушти земјата, соопштено е утринава по неколкучасовната судска расправа. Ова значи дека Ѓоковиќ нема да ја брани титулата од Австралија опен и да оди на рекордна 21. гренд слем титула на турнирот кој започнува утре, а покрај тоа ќе значи дека нема да може да се врати во земјата во следните три години. Србинот чекаше тројцата судии да одлучат дали ќе може да остане во Австралија, каде што веќе утре…
Најстудено утрово е во Берово со -11 степени, во Маврови Анови се измерени -10, во Крива Паланка – 8, во Битола, Штип и Попова Шапка -7, во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево – 6, во Охрид – 5, Скопје-Зајчев Рид, Виница, Претор – 4 и -3 во Куманово. Нула степени се измерени во Гевгелија, а максимални два степена се регистрирани во Дојран. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на Попова Шапка има најмногу снег, 37 сантиметри, во Маврови Анови снежната покрива е 14, во Крушево 9, во Ѓуриште шест, во Пожаране пет и во Битола два сантиметри.…