Author: Ivana

Канцеларијата за човекови права на ОН (ОХХР) денеска предупреди на „бројни, многу вознемирувачки извештаи“ за воздушни напади во регионот Тигар во Етиопија, наведувајќи дека најмалку 108 цивили се убиени во областа од почетокот на јануари. „Најмалку 108 цивили се убиени, а 75 се ранети од почетокот на јануари, според извештаите, како резултат на воздушни напади наводно извршени од етиопските воздухопловни сили“, изјави за новинарите Лиз Тросел, портпаролка на ОХХР. Станува збор за напад на приватен минибус, аеродром и камп за раселени лица, рече Тросел, нагласувајќи дека во нападот на бегалскиот камп загинале најмалку 59 лица и дека тоа е најкрвавиот…

Read More

Врховниот суд на САД му зададе голем удар на претседателот Џо Бајден со што го блокираше задолжителниот мандат за вработените во големи компании да бидат вакцинирани против Ковид или да доставуваат неделни тестови. Истовремено, највисоката судска истанца во САД дозволи да има задолжително вакцинирање за здравствените работници коишто работат со федерално финансирање, пренесе Асошпиејтед прес. „Разочаран сум што Врховниот суд одлучи да го блокира барањето со кое може да се спасат живот во големите бизнис-корпорации, изјави Бајден во соопштение. Агенцијата пренесе дека тој ја поздрави одлуката на Врховниот суд дека останува во сила барањето за здравствените работници да бидат вакцинирани…

Read More

На Москва и е исцрпено трпението во врска со Западот, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Тој вели дека Русија очекува писмен одговор на нејзините барања за безбедносните гаранции во рок од една недела, откако не успеаја дипломатските разговори со НАТО и САД да се постигне напредок по ова прашање, во услови кога се зголемува руското воено присуство на границата со Украина. Лавров за време на прес-конференцијата на која ја престави годишната програма на Министерството за надворешни работи рече дека Кремљ нема да чека бесконечно Западот да одговори на барањата на Москва НАТО да не се…

Read More

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон денеска испрати извинување до Бакингемската палата за двете забави организирани во градината Даунинг стрит. Забавата беше организирана пред погребот на принцот Филип минатата година. На 16 април се одржаа две проштални забави, едната за директорот за комуникации Џејмс Слек, а другата за владиниот фотограф, со консумирање алкохол до раните утрински часови. „ Длабоко жалиме што ова се случи за време на национална жалост, а Даунинг стрит ѝ се извини на палатата поради тоа“, изјави портпаролот на Џонсон, пренесуваат британските медиуми. Тој одби да каже дали Џонсон лично ќе ѝ се извини на кралицата, но…

Read More

Голем сајбер напад, со предупредувачка порака до Украинците „да се плашат и да го очекуваат најлошото“, е извршен врз веб-страниците на украинската влада во четвртокот вечерта (13-ти јануари). Поради тоа , некои од владините веб-услуги денеска не се достапни, а Киев отвори истрага за нападот. „Како резултат на масовен хакерски напад, веб-страниците на Министерството за надворешни работи и на голем број други владини агенции привремено не работат. Нашите експерти веќе работат на обновување на ИТ системот“, напиша на Фејсбук портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко. Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи изјави за Ројтерс дека е…

Read More

Австралискиот судија Ентони Кели денеска изјави дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да биде депортиран од Мелбурн додека не се заврши жалбата за укинување на визата и оти случајот сега е префрлен на Сојузниот суд на Австралија. Како што прецизираше судијата на рочиштето, Ѓоковиќ вечерва во 22 часот по средноевропско време (сабота наутро по локално време) во Мелбурн ќе разговара со имиграциските власти, а дотогаш нема да биде во миграциски притвор. По сослушувањето Ѓоковиќ ќе биде одведен во миграциски притвор, до новото сослушување кое е закажано за недела. Неговиот адвокат Ник Вуд изјави дека е загрижен за безбедноста на светскиот тенисер број еден доколку…

Read More

 Македонската ракометна репрезентација го остави зад себе вчерашниот незаслужен пораз од Словенија на стартот од Европското првенство во Дебрецин и го насочи фокусот кон утрешниот натпревар против Црнa Гора во рамки на второто коло во групата А. Селекторот Кирил Лазаров на денешната прес-конференција најави дека „црвено-жолтите“ ги очекува уште еден тежок натпревар, но изрази уверување дека македонските ракометари можат да дојдат до победа доколку не ги повторат техничките грешки од дуелот со Словенија. – Во ниту еден случај не сакам да ја потценам Црна Гора. Напротив, имаат добри индивидуалци, дури можеби и подобри од нашата репрезентација, но мислам дека сме…

Read More

Бугарската влада усвои закон со кој се укинуваат таканаречените „златни пасоши“, програма која дозволува државјанство во замена за големи инвестиции. Законот треба да го усвои Парламентот, каде сличен предлог веќе има поднесено и Движењето за права и слободи (АЛДЕ).Министерството за правда соопшти дека „златните пасоши“ не довеле до реални инвестиции во Бугарија. Граѓаните на земји надвор од Европската унија добија дозвола за постојан престој во Бугарија („златна виза“) или „златен пасош“, благодарение на инвестициите главно во купување државни хартии од вредност или банкарски депозити во земјата. Тоа, сепак, не се реални инвестиции кои придонесуваат за економски развој и отворање нови…

Read More

Албанскиот национален комитет на експерти за справување со пандемијата, на денешната седница оцени дека ситуацијата со пандемијата достигнува кулминација, во просек со по над 1.700 нови случаи на дневно ниво и одлучи да ја продолжи важноста на досегашните антиковид мерки. Како што изјави Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство, иако инфекциите бележат рекорден раст, во послените две недели, одлучиле да не воведуваат нови дополнителни мерки, туку оставаат на граѓаните строго да ги почитуваат веќе постојните антиковид мерки, за кои призна дека недоволно се почитуваат. -Евидентно е значително зголемување на случаите, кај млади возрасни групи до деца,…

Read More

 Во Австралија денеска е регистрираната рекордно висока температура, откако во градот Онслоу, на западниот брег беа измерени 50,7 степени Целзиусови. Како што јави Би-Би-Си, со ова е израмнет рекордот од 1962 година, кога во јужниот дел на Австралија биле измерени 50,7 степени. Локалната метеоролошка служба потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време. Просечната температура во градот во овој период од годината изнесува 36,5 Целзиусови степени. Два други града, Марди и Роборн, вчера исто така пријавија температури од над 50 степени, изјави Лук Хантингтон од Службата. Според метеоролозите, температурите утре дополнително ќе растат, а во наредните денови се очекува „заладување“.

Read More

Шест земји во регионот се наоѓаат на црната листа по бројот на починати од Ковид во Европа, пишува веб-страницата Worldometers. Според податоците, на врвот на листата е Бугарија, каде што починале 31.838 лица, што значи дека умреле 4.635 на милион Бугари. По нив следува БиХ, каде од коронавирус починале 13.696 луѓе, што значи дека починале 4.215 луѓе на милион жители. Потоа следуваат Унгарија, Црна Гора, па Македонија. Хрватска се најде на седмото место од 10-те најлоши во Европа, каде од коронавирус починале 12.983 лица. Хрватска има 4.066.593 жители, што значи дека на милион жители починале 3.193 луѓе. Словенија не влезе…

Read More

Делови од Хрватска утрово осамнаа оковани во мраз, а температурата е од минус 10 во Загорје до минус 15 на Плашки. Метеоролозите најавуваат затоплување за утре. Најстудено е во планинските предели на Хрватска, така што Огулин, Оточац и Босиљево имаат минус 12. Снег има претежно во планинските предели, околу 20 сантиметри, а поради бурниот ветер затворени се делници од патиштата, претежно на крајбрежјето. Сè уште е на сила црвеното предупредување на Метеоалармот за Велебитскиот канал каде се можни удари на ветер до 165 км/ч. Голем дел од Загреб остана без струја повеќе од еден час пред зори. Дефектот е отстранет…

Read More