Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Албанија останува во сила полицискиот час

0
By Ivana on January 13, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 13, 2022 15:06

Албанскиот национален комитет на експерти за справување со пандемијата, на денешната седница оцени дека ситуацијата со пандемијата достигнува кулминација, во просек со по над 1.700 нови случаи на дневно ниво и одлучи да ја продолжи важноста на досегашните антиковид мерки.

Како што изјави Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство, иако инфекциите бележат рекорден раст, во послените две недели, одлучиле да не воведуваат нови дополнителни мерки, туку оставаат на граѓаните строго да ги почитуваат веќе постојните антиковид мерки, за кои призна дека недоволно се почитуваат.

-Евидентно е значително зголемување на случаите, кај млади возрасни групи до деца, но без придружба со иста стапка во хоспитализацијата. Нивото на мерки за заштита што се во сила се во согласност со епидемиолошките случувања. Нема да има промени. Постојат две варијанти на коронавирусот во оптек, Делта и Омикрон, како и сезонскиот вирусот на грип, рече Ракацили.

На граѓаните и правните субјекти, додаде таа, кои заборавија на заштитните маски и протоколите, оставаме да бидат поодговорни за да не мораме да воведуваме дополнителни ограничувачки мерки.

Според тоа, додаде Ракацоли, полицискиот час воведен во средината на ноември 2020 година останува и понатаму и тоа од 23 до 6 часот, музика во угостителските објекти се дозволува до 23 часот, групни собирања до 50 лица а присуство на спортски и културни настани со 30 отсто исполнетост од капацитетот.

Граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини, освен деца до 6-годишна возраст мора да поседуваат сертификат за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели, или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген тест не постар од 48 часа или потврда дека прележале Ковид, валиден до 6 месеци по заздравувањето.

Комитетот оценува дека неповолната епидемиолошка состојба е последица на непочитувањето на мерките и групирањето за време на божикните и новогодишни празници, како и присуството на голем број иселеници, кои за празниците беа дојдени од западно европските земји. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.