Author: Ivana
Околу 400 килограми кокаин вчера попладне биле откриени во дистрибутивниот центар (ЛДЦ) на компанијата Воли Трејд, која е во мнозинска сопственост на бизнисменот Драган Бокан. Кокаинот бил во пакувања кутии со банани од Еквадор. Според неофицијални податоци, сомнителниот бел прашок го пронашле работниците на таа фирма, по што била известена полициската управа и другите надлежни државни органи. Според податоците до кои дојде порталот ПРЕСС, компанијата Воли Трејд со години увезува банани од Латинска Америка. Компанијата увезла дури 211 бродски пратки од Еквадор, а 14 од Бразил. Според специјализираниот сајт „ImportGenius“, компанијата на Бокан, Воли Трејд од Еквадор увезла банани од…
Светската здравствена организација (СЗО), со помош на независен комитет од експерти, денеска ќе одлучува дали да ја продолжи глобалната вонредна состојба во јавното здравство, јави ДПА. Сегашната „вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес“ е во сила речиси две години поради пандемијата на коронавирус. Тоа е највисокото ниво на тревога што може да го наметне СЗО. Комитетот планира да даде препорака до вечер – а СЗО обично го следи неговиот совет. Без разлика дали комисијата ќе препорача да се прогласи вонредната состојба заради коронавирусот за завршена или не, ќе има неколку практични последици. Сепак, многу експерти се загрижени дека…
По барање на студентите, работното време на читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде 24 часа. Град Скопје соопшти дека тоа било договорено на вчерашната средба на градоначалничката Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Ева Цветковска и Вера Палевска. -Цветковска и Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалната непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читални секогаш кога тие ќе им бидат потребни. Градоначалничката Арсовска искажа недвосмислена поддршка за нивните предлози и…
На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции. Како што информираа денеска од МВР, 10 мерки се изречени за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 санкции за возење повеќе од дозволената брзина. – Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 38 за непрописно паркирање, се наведува во соопштението од МВР. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила…
Хјуман рајтс воч денеска го критикуваше американскиот претседател Џо Бајден и другите западни лидери поради слаба одбрана на демократијата и неуспех да се справат со климатската криза, пандемијата на Ковид-19, сиромаштијата, нееднаквоста и расните неправди. За разлика од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кого извршниот директор за човекови права Кенет Рот го опиша како „пријателски автократ“, Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година со ветување дека човековите права ќе ги стави во центарот на неговата надворешна политика. – Но, тој продолжи да им продава оружје на Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Израел и покрај нивната постојана репресија, напиша Рот во годишниот светски извештај на Хјуман Рајтс Воч…
Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок сè уште ја разгледува одлуката за статусот на визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон. Хок сè уште размислува за употреба на дискреционите овластувања да ја укине визата на 34-годишниот Србин, откако ги разгледал доказите обезбедени од адвокатите на Ѓоковиќ за ова прашање, изјави Морисон во Канбера. – Ова се лични министерски овластувања што може да ги спроведува министерот Хок и нема да давам дополнителни коментари во овој момент, рече Морисон во забелешките што ги објави австралиската новинска агенција ААП. Според ДПА, учеството на Ѓоковиќ на Австралија Опен следната недела останува нејасно во очекување…
Ждрепката за првиот АТП турнир во сезоната донесе интересни дуели уште од самиот почеток, но и предвидување за неверојатни средби во елиминацијата па така патот до 21. голем трофеј и „вечност“ Новак Ѓоковиќ го започнува против сонардоникот Миомир Кецмановиќ, а дуел против Рафа Надал е можен тек во полуфиналето. Рускиот ас Данил Медведев почнува против Швајцарецот Лаксонен, а веќе во второто коло силите може да си ги одмери со Ник Кирјос. Рафа Надал ќе се сретне со Американецот Гирона, додека Александар Зверев ќе игра против сонародникот Алтмајер. Фаворитите за трофеј на Австралија Опен до третото коло „налетуваат“ на неколку незгодни…
На барање на ОМО Илинден Пирин“ од Бугарија, претседателот на Македонија Стево Пендаровски ќе прими Maкедонците кои живеат кај источниот сосед. Се уште не е утврден точниот термин за средба. Ова е позитивен чекор од страна на шефот на државата конечно да се информира и загрижи за нашето малцинство во Бугарија. ОМО Илинден Пирин“ пред судот за човекови права во Стразбур има добиено десетина пресуди против држава Бугарија но таа одбива да ги спроведе. Во последно време претседателот на Бугарија Румен Радев има редовни средби со претставниците на македонските Бугари.
Градоначалничката Данела Арсовска освен што покажува неспособност и незаинтересираност за проблемите на скопјани, не работи ништо. Наместо да менаџира единствено што го прави е да бара пари и помош од Владата, обвинуваат од СДСМ. – И покрај тоа што Владата има обезбедено 70 милиони евра за превоз во Скопје, таа бара пари од Владата за ЈСП. Бара пари за парно, а Владата обезбедува 80% од трошоците за актуелната цена на парното. Истовремено, додека бара пари Арсовска вработува 109 партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ, велат од таму. Според нив, Арсовска нема пари за парно за скопјани, но издвојува 670.000 евра од парите…
Утрово на 68-годишна возраст почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм. Тозија починал од пневмонија. Тозија беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“. Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.
Студено утро ширум земјава, а така ќе биде и следните неколку денови. Утрата ќе бидат многу студени, насекаде со минимални температури под нулата, особено денес и утре кога на места ќе се спуштаат под -10 степени. Утрово било најстудено на Попова шапка каде што се измерени – 16 степени. Во Маврово минусот бил 12 а 11 во Крушево. Охрид и Битола се разбудиле со температури од – 6 додека Скопје и Гевгелија со -2 степени. Денес ќе биде студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Утре утрото ќе биде многу студено,…
Македонија денеска се соочува со Словенија во 1 коло од групата А на ЕУРО 2022 во Дебрецин. Без позитивни на Ковид-19 во нашиот тим, селекторот Кирил Лазаров може комплетно да се посвети на мечот. – Не очекува дуелот со Словенија, спремни сме за тоа. Репрезентација има играчи кои настапуваат во силни клубови. Тие работат со врвни тренери ве текот на целата година. Селекторот на Словенија е во голема предност, затоа што има изградени играчи. Ние сме Македонија, знаеме како функционираме, нема да одиме со бело знаме, но фаворит е Словенија. На сите ни е јасна целата ситуација, ние имаме желба да одиме во…