Македонија денеска се соочува со Словенија во 1 коло од групата А на ЕУРО 2022 во Дебрецин. Без позитивни на Ковид-19 во нашиот тим, селекторот Кирил Лазаров може комплетно да се посвети на мечот.

– Не очекува дуелот со Словенија, спремни сме за тоа. Репрезентација има играчи кои настапуваат во силни клубови. Тие работат со врвни тренери ве текот на целата година. Селекторот на Словенија е во голема предност, затоа што има изградени играчи. Ние сме Македонија, знаеме како функционираме, нема да одиме со бело знаме, но фаворит е Словенија. На сите ни е јасна целата ситуација, ние имаме желба да одиме во втор круг. Тоа би било голем успех, не затоа што не заслужуваме да бидеме таму, но затоа што на ждрепката добивме силни противници. Нашата желба и стремиме да се пласираме во втората фаза но мора да бидеме подготвени на се. Сепак сме во транзиција, потребно е време и да бидеме трпеливи, изјави селекторот Лазаров.