Author: Ivana

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре во Брест ќе одржат неформален состанок за Кина, Украина, Белорусија, партнерството со Африканската унија и проектот Стратешки компас, се наведува на веб-страницата на француското Претседателство со Советот на ЕУ. – Француското претседателство со Советот на ЕУ и високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел одлучија средбата во Брест да ја посветат на главните теми за афирмирање на суверенитетот на Европа на меѓународната сцена, а тоа се – Стратешки компас за суверена Европа, балaнсирани односи со Кина, ситуацијата во Украина и Белорусија и партнерството со Африканската унија, се вели во…

Read More

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ја прикажат изминатата година, денеска напладне официјално почнува Вевчанскиот карневал „Василичари 2022 година“. Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во земјава и светот ќе продефилираат низ вевчанските улици. Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, а секое карневалско издание за вевчанци е доживување и инспирација за изработка на маска за следната година. Вевчанци ќе кажат се, но до последен момент, до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.…

Read More

Највисока снежна покривка  од 68 сантиметри утрово е измерена на Попова Шапка. Следат со 17 сантиметри Маврови Анови, 14 Ѓуриште, 13 Крушево, 9 Пожаране, 6 Демир Капија, 2 Битола, Прилеп. На Шапка е измерена и најниската темепратура од -16 степени. -12 Маврови Анови, -11 Крушево, -8 Прилеп, Виница, Дебар, -7 Крива Паланка, -6 Охрид, Претор, Битола, -5 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, -4 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија, Дојран -2 Гевгелија,. Според УХМР, денеска се очекува сончево и студено, претпладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура…

Read More

Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе – министер без ресор, место што и припадна на Алтернатива. Од Владата си заминуваат осум досегашни членови, вклучувајќи го и Зоран Заев. Никола Димитров веќе нема да биде вицепремиер за европски прашања, Радмила Шекеринска заминува од Министерството за одбрана, а членови на Владата нема да бидат ни досегашниот министер за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска…

Read More

Секој четврти тестиран, според последната статистика на МЗ, е позитивен на Ковид-19, а 68 проценти од секвенционираните примероци се со новиот сој на вирусот – омикрон. Вчера беа евидентирани 1.822 нови случаи на Ковид-19, од направени 7.123 тестови. Регистрирани беа тројца починати, а 668 оздравени пациенти. Активни се 13.478 случаи. Според последните податоци во земјава, омикрон варијантата на коронавирусот e детектирана кај 68 отсто од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје. Омикрон сојот е откриен во 12 градови – во Скопје, Охрид, Кочани, Тетово, Велес, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Виница, Неготино…

Read More

Имаме јасни државни позиции во однос на разговорите со Бугарија и усвоена Резолуција во Собранието, поддржана од сите партии. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не биле, не се, и нема да бидат тема на разговор. Владата во целост ќе ги заштити националните интереси, а преговорите на ниеден начин не се загорезени, е заедничката оценка на идниот и на досегашниот премиер, Димитар Ковачевски и Зоран Зав, како и на шефот на дипломатијата Бујар Османи по вчерашните обвинувања на вицепремиерот за евопски прашања Никола Димитров за политиките кон Бугарија. Димитров вчера изјави дека не се повлекол сам од функцијата и оти тоа…

Read More

Речиси 4.900 здравствени работници во Израел се во карантин, покажуваат денешните податоци. Во претходните 24 часа во земјата се регистрирани 43.815 нови случаи на коронавирус, јави „Џерусалим пост“. Во изолација се 690 лекари и 1282 медицински сестри. За споредба, до вчера во карантин беа околу 3.800 здравствени работници. Меѓу нив имаше 542 лекари и 1.000 медицински сестри. Недостигот од критичен персонал е една од причините за одлуката на Министерството за здравство да им дозволи на заразените со варијантата Омикрон наместо за десет дена да излезат од изолација после една седмица, под услов да немале никакви симптоми во претходните три дена.…

Read More

Повеќе од 80 организации за проверка на факти од светот го повикаа Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите коишто се шират преку видео содржините прикачени на оваа онлајн платформа. Глобалната коалиција на организации за проверка на факти посочува дека Јутјуб е главниот канал на онлајн дезинформации во светот, при што компанијата не прави доволно за да се справи со ширењето невистини преку видеата што се прикачуваат, пренесува Гардијан. Меѓу 80-те организации коишто го потпишаа писмото до Јутјуб се и Вашингтон Пост, Политифакт од САД и Фул Факт од Обединетото Кралство. Во писмото тие наведуваат дека онлајн видео платформата им овозможува…

Read More

Централниот влез на бугарското Националното собрание во Софија е блокиран одвнатре со маси, откако демонстрантите се обидоа да влезат во зградата. Митингот против зелениот сертификат го организираше парламентарната партија Преродба. Пратениците од партијата, кои се внатре во Народното собрание, ги повикуваат обезбедувањето да ги пуштат демонстрантите во парламентот. – Ова не треба да се случува пред бугарскиот парламент, изјави пратеникот од „Демократска Бугарија“ Ивајло Мирчев, јави БТА. Мислам дека ова е недостојно, протестите мора да бидат мирни, рече тој и истакна дека секој има право на протест. Најдобар коментар е едноставно објективно да се размислува за тоа што се случува…

Read More

Компаниите во Холандија се подготвуваат речиси двојно да го зголемат производството на гас во регионот Гронинген поради зголемената побарувачка во Германија и покрај незадоволството на граѓаните од зголемениот ризик од благи земјотреси. На Германија најверојатно ќе и требаат околу 1,1 милијарди кубни метри гас оваа деловна година. Претходно оваа недела, холандското Министерство за економија се обиде да ги смири граѓаните кои живеат во близина на наоѓалиштата на гас и се жалат на производството по стотиците главно благи земјотреси и предизвикана штета. Холандската Влада вети дека ќе престане со производство на гас во Гронинген до крајот на следната година, но Холанѓаните засега имаат договорна обврска да испорачаат…

Read More

 Денешниот состанок на Советот НАТО-Русија е навремена можност за дијалог во критичен момент за европската безбедност, напиша на Твитер генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. – Кога тензиите се високи, уште поважно е да седнеме околу иста маса и да разговараме за нашите грижи, додаде Столтенберг. Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот НАТО-Русија на кој Москва ја претставуваат заменик министерот за надворешни работи Александар Грушко и заменик министерот за одбрана Александар Фомин. Денешниот состанок е втор од трите клучни ангажмани со Русија, наменети за смирување на растечката закана што ја претставува Москва за соседна Украина, додека земјата распоредува илјадници војници долж границата.…

Read More

На Универзитетската Клиника за Ортопедски болести,  минатата година за прв пат се направени четири експлантации  на коскено ткиво од починат донор, со што е отворено ново поглавје и е направен значаен исчекор во полето на трансплантационата медицина, а воедно и во полето на ортопедијата во земјава.  По првата експлантација која ја направи тимот од клиниката на 17 април, до крајот на годината  беа направени уште три експлантации на коскено ткиво од починат донор. На осум пациенти, од кои четворица со малигна болест ,им беше трансплантирано здраво коскено ткиво, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот. – Ова за…

Read More