Author: Ivana
Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин меѓусебно предупредија дека ескалацијата на тензиите околу Украина може да ги заостри односите меѓу двете земји, изјавија американски и руски претставници. Според нив, двајцата водачи изгледаа подготвени за понатамошен дипломатски ангажман по вториот повик овој месец. „Тој јасно стави до знаење дека САД и нивните сојузници и партнери ќе одговорат одлучно доколку Русија дополнително ја нападне Украина“, изјавиле од Белата Куќа, пренесуваат медиумите. Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, кажа дека Русија е задоволна од телефонскиот разговор, за кој рече дека бил фокусиран на безбедносните гаранции што Москва ги бара од…
Најниска темепратура утрово во земјава е измеренеа на Попова Шапка од -3 степени Целзиусови. Како што соопшти УХМР, следат Маврови Анови, Тетово, Штип, Струмица со -2 степена, -1 Крушево, нула степени во Претор, Битола, Виница, Прилеп, Дебар, Скопје – Петровец, 1 Крива Паланка, Лазарополе, Охрид, Демир Капија, Скопје – Зајчев Рид, 3 Куманово, 6 Дојран, 8 Гевгелија. Наврнат воден талог за изминатите 24 часа, до 7 часот утрово од еден литар на метар квадратен е изменерен само во Маврови Анови. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен…
Во 2022 година македонските граѓани ќе имаат четири продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се поврзуваат со викендот, но два празника неработни во ист ден. Лани имаше пет продолжени празнични викенди, а во 2020 година шест. Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на божикните празници, кога неработен ден е 7 јануари, петок. Втор неработен ден што се спојува со викенд е 25 април (понеделник), вториот ден на христијанскиот празник Велигден. Продолжен викенд ќе има и за 1 мај, кој се паѓа в недела, поради што неработен ден е понеделник, 2 мај.…
Со полабави мерки во однос на лани, скопјани и сите граѓани ширум државата ќе ја испратат старата 2021, а ќе ја дочекаат новата 2022 година. Овој 31 декември и покрај тоа што пандемијата предизвикана од Ковид-19 е се уште присутна, граѓаните се организираат да ја прослават Новата година на плоштадите, во туристичките центри, во кафеаните, рестораните, пабовите, за разлика од лани кога состојбата со вирусот поттикна воведување на рестриктивни мерки и забрани. Некои земји, сепак, забранија прослави на отворено, го откажаа дочекот на Новата година и воведоа рестрикции. Годинава китењето во главниот град почна со задоцнување. Од минатата недела на…
Околу 260 илјади ученици во основните и средните училишта од денеска се на тринеделен зимски распуст, кој ќе трае до 19 јануари. Според календарот на МОН за организација на наставата, во училишните клупи треба да се вратат на 20 јануари за да ја продолжат учебната 2021/2022 година. Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот на второто полугодие засега не се планира зашто, според надлежните, состојбата со КОВИД-19 и натаму е стабилна, иако сојот омикрон е потврден и во земјава, а според експертите тој побргу се шири. По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната…
Досега во државата е потврден само еден случај на омикрон, соопшти синоќа Министерството за здравство, кое ја демантираше веста за нов потврден случај на овој сој на корона вирусот во Струга. – Со секвенционирање на вирусот SarsCoV2 досега сојот омикрон е детектиран само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија, соопшти синоќа Министерството за здравство, посочувајќи дека утврдување на присуство на сој на корона вирусот се врши единствено и исклучиво со секвенционирање, додека ПЦР тестирањето може да биде само индикација, но не и потврда дека пациент е заразен со сојот омикрон на Ковид-19. Досега на ПЦР тестови…
Цената на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 9,48 проценти, а се укинува дневната евтина тарифа. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) најави дека кон крајот на јануари или почетокот на февруари ќе воведе блок тарифи со кои ќе се обезбеди потрошувачка на струја по пониска цена, посочувајќи дека рестрикциите не се опција. Во исто време, Владата на денешната седница усвои Програма за ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, со која се предвидува најранливите категории на лица со ниски примања кои не се приматели на гарантирана помош, да добијат намалување на месечната…
Иран денеска информираше дека успешно лансирал сателити во вселената. – Ракетата Симорг (Феникс) пренесе сателитски истражувачки инструменти на височина од 470 километри, изјави портпаролот на Министерството за одбрана. Портпаролот Ахмад Хусеини го пофали лансирањето како големо достигнување за Исламската Република, пренесува новинската агенција ИРНА. Не се објавени други детали за мисијата. Според иранската влада, сателитите ќе собираат податоци за временските услови, природните катастрофи и земјоделството. Тие не служат за воени цели и затоа не ги прекршуваат меѓународните договори, тврди Техеран. Сепак, САД и Израел ја критикуваа сателитската програма на Иран. Тие стравуваат дека Иран би можел да користи вселенска технологија…
Илјадници деца во САД се хоспитализирани поради сојот омикрон, па експертите стравуваат дека голем број невакцинирани Американци помлади од 18 години ќе поминат низ новиот бран на пандемијата на Ковид-19. Просечниот дневен број на хоспитализирани деца во периодот од 21 до 27 декември се зголеми за над 58 отсто на национално ниво, достигнувајќи 334, во споредба со 19 отсто за сите возрасни групи, покажуваат податоците на Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Помалку од 25 проценти од 74 милиони Американци на возраст под 18 години се вакцинирани против коронавирусот, соопшти ЦДЦ. Училиштата ќе бидат отворени следната недела…
Врз основа на постигнатите резултати во 2021 година, Управниот одбор на Македонската традиционална карате федерација го прогласи КФ на последната седница донесе одлука за наградување на најдобрите каратисти во неколку категории за 2021 година. Најдобар сениор е Дејан Недев, европскиот шампион во кати поединечно. Кај сениорките наградата и припадна на Јадранка Недева, европска шамионка во кати, кумите, фукого и ката тим. Тренер на годината е Аљоша Недев. Победници во младинските категории се: Максимилијан Глигоров и Мила Саздова – младинци Антонија Белазелкоска и Максим Илиев – јуниори Мила Младеновска и Иван Трпковски – кадети 14-15 год. Матеј Мангаровски и Марта Димковска…
Поради ширењето на сојот омикрон, италијанската влада одлучи да воведе пропусници за вакцинација од 10 јануари, односно таканаречени здравствени карти во превозот, хотелите, терасите, рестораните. Пропусниците ќе бидат потребни и на саеми, конференции, базени и спортски сали. Мерките ќе стапат на сила на 10 јануари, според уредбата за воведување итни мерки за сузбивање на ширењето на епидемијата на Ковид, усвоена за време на Министерскиот совет со кој претседава премиерот Марио Драги, пренесе Хина.
Албанскиот премиер, Еди Рама, во своето годишно обраќање говореше и за интеграцискиот процес на земјата, оценувајќи дека Албанија стана заложник во процесот по бугарското вето за Македонија. „Во евроинтеграцискиот процес работите се јасни и се наоѓаме во апсурдна ситуација поради ветото на Бугарија. Ако Бугарија стави вето во првите шест месеци од следната година, ќе бараме издвојување од Северна Македонија. Нашите оценки во однос на овој процес растат, две важни компоненти се чекорите што почна да ги презема правосудниот систем, особено Специјалното обвинителство, кое не е политички обвинител ниту на левицата, ниту на десницата, туку обвинител за борба против криминалот“,…