Author: Ivana
Индонезија ја укина забраната за употреба на авиони Боинг 737 Макс во воздушниот сообраќај, повеќе од три години по несреќата на Лајон Ер, во која загинаа 189 луѓе. Индонезиското Министерство за транспорт соопшти дека укинувањето на забраната ќе стапи во сила веднаш, додавајќи дека одлуката е донесена по регулаторните проверки за промените на системите на авионите. Тие исто така нагласија дека превозниците мора да ги следат директивите за пловидбеност и да ги проверуваат авионите пред да ги стават во употреба, најавувајќи и државни инспекции. Авиокомпаниите ширум светот го приземјија најпродаваниот авион на Боинг откако авион од ист модел се урна…
Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ е прогласен за спортист на Балканот за 2021 година во изборот организиран од Бугарската новинска агенција (БТА). Србинот, по рекорден седми пат се најде на првото место во 48-от избор на најдобар балкански спортист. Претходно Ѓоковиќ ја освои наградата пет пати во низа 2011 до 2015 година и во 2019 година. Во гласањето учествуваа новинари од десетте национални агенции од регионот: МИА, БТА, АГЕРПРЕС, АА, АНА-МПА, АТА, ТАНЈУГ, МИНА, ФЕНА и ХИНА. Шампионот на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон доби 83 од можни 100 поени. Втор со 56 поени е грчкиот кошаркар Јанис Антетокунмпо,…
Брзите домашни антигенски тестови за Ковид-19, кои имаат предност да даваат резултати за само неколку минути, се помалку чувствителни на омикрон отколку на претходните варијанти на коронавирусот и се со поголема веројатност да покажат лажно-негативен резултат и покрај инфекцијата во споредба со претходните соеви, соопшти Американската агенција за храна и лекови (ФДА). – Прелиминарните податоци покажуваат дека антигенските тестови ја откриваат варијантата омикрон, но со намалена чувствителност, се вели во соопштението на ФДА. Чувствителноста е мерка за тоа колку е веројатно тестот да даде позитивен резултат. Информацијата доаѓа во време кога земјата се соочува со голем пораст на бројот на случаи на зараза со омикрон. ФДА објави дека…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 33 санкции, 41 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 21 санкција за возење без возачка дозвола. Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 12 прекршоци што ги чинат пешаците, 37 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила…
Повеќе од 200 припадници на полицијата во Хонг Конг денеска упаднаа во канцелариите на онлајн опозицискиот медиум Стенд Њуз (Stand News) и уапсија шест лица, меѓу кои и уредништвото и управата под сомнение дека објавиле „бунтовничка содржина“. Локалната полиција во соопштение информира дека постапила по наредба со која се овластува да „пребараат и одземат релевантни новинарски материјали“. Во акцијата биле ангажирани повеќе од 200 полицајци во униформа и цивилна облека, се додава во соопштението. Стенд Њуз е основана во 2014 година како непрофитна организација и е најистакнатиот и единствениот преостанат опозициски медиум во Хонг Конг, откако култниот таблоид Епл Дејли (Apple Daily) беше затворен за време на истрагата за…
Американскиот Стејт департмент соопшти дека ставот на Вашингтон е дека е прерано да се оцени напредокот на преговорите во Виена за обновување на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, откако во понеделникот продолжија индиректните разговори меѓу делегациите. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс синоќа изјави дека САД сè уште не виделе „доволна итност“ во пристапот на Иран, додавајќи дека „Вашингтон очекува да ги види сите страни во преговорите конструктивно и упорно да работат на постигнување напредок“. Претходно европските преговарачи порачаа дека страните во обновените преговори имаат недели, а не месеци, да го спасат договорот, истакнувајќи дека во последната рунда…
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека забраната за влез во САД за патници од осум африкански земји ќе биде укината на 31 декември. Забраната беше донесена пред еден месец поради појавата на новата варијанта коронавирус, Омикрон, во тој дел од светот. „Овие ограничувања повеќе не се неопходни за заштита на јавното здравје”, вели Бајден во новиот указ. Патниците од Јужна Африка, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Есватини, Мозамбик и Малави ќе можат да влезат во САД од петок. „Нивото на опасност е помало од првично проценето”, наведува Бајден, додавајќи дека научниците заклучиле дека вакцинираните против коронавирус се заштитени од сериозни…
На островот Кодијак на југот на Алјаска беше срушен температурен рекорд. Научниците предвидуваат дека климатските промени во регионот ќе предизвикаат опасни врнежи. Алјаска доживеа невообичаено топла зима. Декември, кој нормално требаше да помине со силен студ и снег, помина со дневни температури над 15,5 степени и со поројни дождови. Во островската заедница Кодијак, температурата на воздухот достигна 19,4 степени, што е највисока декемвриска температура досега забележана на Алјаска, изјави научникот Рик Томан од Центарот за климатска проценка и политика на Алјаска. Томан потсети дека претходните рекорди биле 18,3 степени на аеродромот Кодијак и 16,6 степени во заедницата на полуостровот Алјаска…
Утрово нешто по 6 часот земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер погоди дел од Медитеранот околу грчкиот остров Крит. Земјотресот се случил во морето јужно од островот Крит. Епицентарот бил на длабочина од 68 километри и оддалечен 53 километри од најголемиот град на островот – Ираклион. Земјотресот бил почувствуван и во некои египетски градови, јавуваат агенциите. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета. Во тој дел од Медитеранот е забележана голема активност во последните денови, а земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала бил регистриран кај Крит и во понеделникот.
Минатата недела повеќе од 4,9 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирусот, а повеќе од 44.000 починале, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Растот на новите инфекции е 11 проценти во однос на претходните седум дена, а смртноста е намалена за четири отсто. – Во текот на неделата од 20 до 26 декември, вкупниот број на случаи се зголеми за 11 отсто во споредба со претходната недела, соопшти СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен. Случаите се зголемија за 39 проценти во Северна и Јужна Америка, за 7 отсто во Африка и за 3 отсто во Европа. Новите инфекции се намалуваат во Југоисточна Азија (12%) и во Источниот Медитеран (3%). Во Европа се регистрирани 57 проценти од…
Бројот на луѓе на кои им е дозволено да присуствуваат на традиционалниот новогодишен концерт во Виена е ограничен на илјада за да се спречи ширењето на омикрон, новата варијанта на коронавирусот. Тоа значи дека 700 лица со купени билети нема да можат да влезат во салата Музикфераин. Но, Виенската филхармонија соопшти дека тие ќе имаат резервирани места за следниот новогодишен концерт на 1 јануари 2023 година. Според новите рестриктивни мерки кои австриската Влада ги воведе за да се спречи ширењето на омикрон, учесниците на сите настани на кои присуствуваат повеќе од илјада луѓе мора да бидат вакцинирани со бустер доза и да имаат негативен ПЦР…
Во коментар за познатото бугарско печатено и електронско издание „Клуб З“, Капка Тодорова пишува дека и најекстремните националисти во Бугарија можат да негираат дека добрите односи со Северна Македонија се од интерес за Бугарија, а тие, според неа, можат да бидат добри само во политичка и економска заедница каква што е Европската унија. За Бугарија, брзиот влез на Северна Македонија во ЕУ е од огромно значење и ќе донесе само придобивки. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според авторот на коментарот, за жал во последните години македонското прашање е предадено на псевдонационалисти во Бугарија, кои го уништија добриот…