Author: Ivana

Главната придобивка за земјоделството од потпишаните договори во рамки на иницијативата „Отворени Балкан“ е што се усогласени лабораториските процедури меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија и што повеќе нема чекање на границите поради фитосанитарна и ветеринарна контрола, изјави министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерот Недимовиќ во интервју за денешна „Политика“ коментирајќи ги договорите на трилатерално ниво потпишани во Тирана, кажа дека резултатите во подобрувањето на трговската размена се веќе видливи и дека годинава извозот од Србија во Северна Македонија е зголемен за 15 отсто, а во Албанија за 19 отсто. – Во…

Read More

Али Ахмети и Димитар Ковачевски сепак ќе менуваат ресори. Образование оди во блокот на ДУИ, а нов министер ќе биде актуелниот прв човек на Министерството за информатичко општество и администрација – Јетон Шаќири, кој претходно се најавуваше како министер за земјоделство, пренесе тв24. Министерството за земјоделство, пак, се враќа кај СДСМ, и не се исклучува актуелниот заменик Трајан Димковски да биде нов министер. Менувањето на ресори доаѓа откако Алтернатива го доби Министерството за информатичко општество, а од СДСМ најавија дека Мила Царовска нема да се најде во новата Влада, по што и таа кажа дека не се гледа во неа. Според…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција, во присуство на млади активисти кои учествуваа на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. По повод потпишувањето на Декларацијата, во Кабинетот се одржа тематска дебата, на која се дискутираше за обврските што произлегуваат од годинешниот Самит за климатски промени COP26 во Глазгов, тековните активности што се преземаат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, и следните чекори на национално ниво. Младите активисти дискутираа за можностите…

Read More

Светската здравствена организација се уште нема доволно податоци за новата варијанта на коронавирусот Омикрон за да објави дека е попреносливa од варијантата Делта, изјави денеска техничката шефица на СЗО за Ковид-19 Марија Ван Керкове. – Имаме некои податоци кои покажуваат дека стапките на хоспитализација се пониски, рече претставничката на СЗО на прес-конференција. Таа предупреди дека не треба да се извлекуваат заклучоци од првите податоци, бидејќи оваа варијанта не циркулира доволно долго меѓу населението, особено кај ранливите популации. Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика земјите да учат од изминатите две години од пандемијата и повторно повика на поголема правичност во дистрибуцијата на вакцините.…

Read More

Автомобил во движење се запалил на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село, поради што сообраќајот на овој патен правец беше во целосен прекин еден час При инцидентот нема жртви. Портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова за МИА информира дека автомобилот се запалил во 19:16 часот, поради што сообраќајот на овој пат беше во целосен прекин. Според Трајанова, од 20:10 сообраќајот повторно е нормализиран. Опожарениот автомобил бил изгаснат со интервенција на противпожарната единица од Струмица, а полицијата го обезбедувала местото на пожарот. Причините за пожарот засега не се познати.

Read More

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобри лек во форма на таблета кој може да спречи сериозни компликации од коронавирусот. Таблетата на Фајзер била 89 проценти ефикасна во намалувањето на ризикот од тешка форма на болеста и смрт од коронавирус и се покажала и ефикасна против омикрон. Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, проценил дека ќе бидат спречени 1.200 смртни случаи и 6.000 хоспитализации на секои 100.000 пациенти со коронавирус кои ја примаат оваа терапија. Овие резултати ги надминуваат оние што ги објави „Merck & Co“ за својот лек молнупиравир, за кој минатиот месец се покажа дека ги преполовува…

Read More

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков сепак останува зад затворски решетки, иако претходно Апелација му ја прифати гаранцијата и требаше да излезе од притвор, којшто му беше определен за масовното прислушување. Кривичниот совет одржа седница и го прифати предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор во предметот „Плацеви на Водно“ во којшто Мијалков е исто така обвинет. -Кривичниот совет по добивање на предметот, одржа седница и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена Советот смета дека се…

Read More

Во зависност од текот на пандемијата во предвид доаѓаат засилени мерки како работење од дома, ограничување на работното време на угостителските објекти, но не и затворање на училиштата. Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, истакна дека по празниците сигурно ќе постои рамка на рестриктивни анти ковид мерки кои ќе се воведат во земјата и објасни дека во тек е состанокот на надлежната комисија на епидемиолози, од каде се очекуваат нивните препораки. „Сигурно е дека ќе постојат рестриктивни мерки по празниците, за да можеме да ја следиме и контролираме пандемијата“. рече грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис. Веројатноста за дополнителни мерки…

Read More

По објавувањето на скандалот со јавно презентиран список со лични податоци и плати на 637.138 граѓани, албанскиот претседател, Илир Мета, тоа го оцени како криминален акт, кој го доведува во опасност социјалниот мир. Мета на Фејсбук пишува дека објавувањето на ваквите податоци претставува флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот и оти се работи за „последователен плод на незаконитост“. -Од медиумите дознав за јавно објавениот список со чувствителни лични податоци на 637.138 вработени граѓани, со флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, случај на повторена незаконитост. Личните податоци на секој граѓанин, кои се чуваат во јавни…

Read More

Министерството за внатрешни работи, утрово во период од 07:00 до 10:00 часот спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државата, при што се санкционирани 78 возачи. – На територија на СВР Тетово, се санкционирани 18 возачи, 16 на територија на СВР Охрид и 14 возачи на територија на СВР Скопје, информира МВР. Од Министерството додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.

Read More

Меѓу првите зацртани цели што ги дефиниравме уште на почетокот на мандатот на актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи беше целосната, безрезервна поддршка на синдикалното делување, преку конкретно интензивирање на за нас неопходната социјална соработка и партнерство со репрезентативниот синдикат, отворање нови перспективи и можности за конкретни и поквалитетни договарања и решенија, со цел подобрување на професионалниот, социјалниот, економски статус на сите вработени во нашата институција“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во  поздравното обраќање на состанокот на Централниот совет на Македонскиот полициски синдикат (МПС) што се одржа во Охрид. Според Спасовски, сето тоа ефектуираше со динамична соработка…

Read More

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека до Основниот кривичен суд – Скопје поднело Предлог за определување на мерка притвор за Сашо Мијалков, по обвинение за „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот познат во јавноста како „Плацовите на Водно“. – По денешната одлука на Апелацискиот суд Скопје со која беше прифатена жалбата на Сашо Мијалков и е преиначено решението за притвор, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд Скопје  поднесе Предлог за определување на мерката притвор за Сашо Мијалков, обвинет за…

Read More