Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот Пендаровски ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција

0
By Ivana on December 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција, во присуство на млади активисти кои учествуваа на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани.

По повод потпишувањето на Декларацијата, во Кабинетот се одржа тематска дебата, на која се дискутираше за обврските што произлегуваат од годинешниот Самит за климатски промени COP26 во Глазгов, тековните активности што се преземаат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, и следните чекори на национално ниво.

Младите активисти дискутираа за можностите за нивно пошироко вклучување во процесите на одлучување и креирање на политиките за климатски промени и изразија интерес за мерките што се преземаат со цел заштита на шумите, редукција и превенција на отпадот и подобрување на квалитетот на взодухот. 

Претседателот Пендаровски го поздрави ентузијазмот на младите и истакна дека оваа Декларација нè потсетува дека еден од главните мотиви за справување со климатските промени се токму децата и младите, односно нивното право на безбедна клима и здрава животна средина.

„Мора да создадеме простор младите како најинформираната и најдигитализирана генерација да бидат вклучени во справување со еколошките проблеми и да го кажат своето мислење за климатските политики“, порача претседателот, додавајќи дека особено важно е подигање на јавната свест и обучување на младите, за што е неопходно интегрирање на климатските и еколошки аспекти во Националната стратегија за образование, односно во наставните програми.

Министерот Нуредини ги сподели националните климатски амбиции и ги охрабри младите активно да учествуваат и во донесувањето на првиот Закон за климатска акција со кој правно ќе се трасира патот кон јаглеродната неутралност на земјава.  Исто така, министерот ги повика младите да бидат активни и гласни за да бидат слушнати препознавајќи ги како движечка и мотивациска сила за градење на климатски отпорна држава.

Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани, поздравувајќи го потпишувањето на Декларацијата истакна дека овој документ ги прикажува заложбите на земјите да ги земат предвид потребите, правата и перспективите на децата во политиките за климатски промени на сите нивоа.

„Потпишувањето на Декларацијата е важен момент што следи по Младинскиот самит за климатски промени, каде што ги слушнавме младите луѓе, нивните грижи и повици за акција за заштита на животната средина. Истовремено, го покажува огромниот капацитет на децата и младите да бидат моќни агенти за промена“,  рече ДиЏовани, додавајќи дека климатската криза е криза на детските права.

Северна Македонија се приклучи на триесетина европски земји-потписнички на Декларацијата за деца, млади и климатска акција, која е усвоена на Самитот за климатски промени во Мадрид во 2019 година.

Една од целите на Декларацијата е да се зголеми учеството на децата и младите во процесите за ублажување и адаптација на климатските промени, преку поголема едукација за климатските промени и животната средина, како и стекнување на знаења и вештини потребни за да се заштитат себеси и да придонесат за безбедна и одржлива иднина.

За време на посетата на Кабинетот, во рамки на програмата Отворен Кабинет, младите активисти беа запознаени со историјатот на објектот, со дел од активностите коишто се реализираат, како и со начинот на функционирање на оваа институција. Воедно имаа можност да ги посетат просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025

Голем пожар во Хрватска – над 60 пожарникари на терен

December 13, 2025

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025
ФОКУС

Сиднеј: Татко и син поврзани со „Исламска држава“ се терористите кои убија 15 лица во антисемитскиот напад на плажата Бонди 

ВЕСТИ December 15, 2025

Двајцата вооружени лица кои убија 15 лица на плажата Бонди во Сиднеј во неделата се…

Будимпешта: Илјадници на улиците – граѓаните бараат оставка од Орбан по скандалот со злоупотреба на деца

December 14, 2025

Црна Гора ита кон ЕУ – овој вторник затвора пет поглавја во преговорите со ЕУ

December 14, 2025

Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

December 14, 2025
ТИКЕР

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025

Голем пожар во Хрватска – над 60 пожарникари на терен

December 13, 2025

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.