Author: Ivana

Намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто при увоз на градежни материјали за кои ќе докажат дека се поскапени и доследно спроведување на Законот за облигациони односи во членот 656 за материјали чие поскапување битно влијае на компаниите или на граѓаните, побараа од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија. Како што изјави претседателот на Здружението, Андреа Серафимовски пред почетокот на денешната работна средба на која присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, тема на разговор ќе бидат антикризните мерки во градежништвото заради огромниот пораст на цените на градежните…

Read More

Зоран Заев во Собранието официјално поднесе оставка од својата функција како претседател на Владата на Репубкика Северна Македонија. Денеска ја поднесов оставката од функцијата Претседател на Владата на Република Северна Македонија до Претседателот на Собранието, Талат Џафери, напиша на својот фејсбук профил. – Демократијата значи и одговорност. Со мојата оставка, преземам одговорност и оставам пример за граѓанската должност на идните лидери, но и давам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на државата. Ми беше огромна чест што можев да служам и што ја имав довербата на мнозинството од народот во изминатите четири години. Сакам да им се заблагодарам…

Read More

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени девет лица осомничени, дел за кривичното дело криумчарење, а дел за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. – По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осум од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од осум дена…

Read More

Настава на турски јазик во основните и средните училишта во Северна Македонија посетуваат 8300 ученици  односно и за нив образованието до 18-годишна возраст е на мајчин јазик, целосно е бесплатно и постојано се унапредува, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на прославата по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, која ја организирше Сојузот на турските невладини организации во државата (МАТУСИТЕБ) со поддршка од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Таа подвлече дека интенција на МОН и Владата при унапредување на квалитетот на националниот образовен систем била придобивките да ги почувствуваат сите ученици, независно…

Read More

Претседателот на САД, Џо Баден, денеска ќе се обрати до нацијата во врска со новите иницијативи за борба со пандемијата и ќе повика на вакцинација. Во САД се забележани двојно повеќе случаи на инфекции од коронавирс споредено со пред два месеца и тоа благодарејќи на „омикрон“ брзо распространувачка мутација на коронавирусот. Во својот говор, Бајден ќе укаже на новите иницијативи што вклучуваат подигање на монтажни пунктови за вакцинација и нови федерални центри за тестирање низ целата земја, како и испраќање на 500 милиони брзи тестови на Американците на домашна адреса започнувајќи од јануари. Ќе се опремуваат и болниците за справување со зголемениот број на хоспитализации, со…

Read More

Претседателите на Франција и Русија, Емануел Макрон и Владимир Путин денеска разговараа за неодамнешните предлози на Москва за односите со Западот во Европа, како и за ситуацијата во Мали, соопштија Елисејската палата и Кремљ. Францускиот претседател, кој неодамна ја откажа посетата на Мали поради епидемиолошката ситуација, планираше да разговара со властите во Бамако за руската група платеници Вагнер, која важи за блиска до Кремљ. Француските власти сметаат дека некои членови на таа група почнале да се распоредуваат во Мали. Кремљ од своја страна соопшти дека Путин го информирал Макрон за работата на „руската дипломатија во зајакнувањето на стабилноста и безбедноста на европскиот континент“. Москва во петокот презентираше предлози за два договора, кои ги…

Read More

Празникот на турската етничка заедница во земјава – Денот на наставата на турски јазик го честиташе премиерот Зоран Заев, кој на Фејсбук напиша дека наши истакнати сограѓани од турската заедница даваат личен, значаен придонес во развојот на нашето мултикултурно и мултиетничко општество. -Почитта кон другиот и поддршката секоја заедница да го негува и чува мајчиниот јазикот е од огромно значење затоа што ги обединува луѓето. Тоа е голема вредност, тоа е европска вредност. Во Северна Македонија, како едно и заедничко општество за сите нејзини граѓани, припадниците на турската заедница се нејзин значаен и конструктивен дел. Граѓаните од турската заедница во…

Read More

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, денеска ги повика сите влади во Виена да се подготват за „значително зголемување“ на бројот на заразени со сојот омикрон, кој веќе доминира во неколку земји. „Можеме да видиме како се приближува уште една бура“, рече Клуге на прес-конференција, додавајќи дека за неколку недели, омикронот ќе доминира во многу земји, туркајќи ги веќе затегнатите здравствени системи на работ, објави АП. Според него, сојот омикрон е откриен во најмалку 38 од 53 европски земји, а доминантен е во Велика Британија, Данска и Португалија. Минатата недела, 27.000 луѓе починаа од коронавирусот во…

Read More

На Меѓународниот балкански универзитет, денеска се отвори Факултетот за дентална медицина и Високата медицинска школа, каде се опфатени стручни студиски програми за медицински сестри и акушерки, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој на својот фејсбук профил истакна дека на отворањето со претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп разговарале за значењето на едуцирањето на новиот кадар, како и за важноста на вложувањето во квалитетни здравствени услуги. -Универзитетот за практична настава на студентите, ќе соработува и со јавни здравствени установи: ГОБ„8-ми Септември“, Универзитетски стоматолошки клинички цетар „Св.Пантелејмон“, ЗД Скопје. На моите колеги, наставниот кадар им посакувам успешна работа,…

Read More

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска упати честитка по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во Република Северна Македонија. Во упатената честитка до сите наши сограѓани, припадници на турската заедница, Џафери им го честита празникот со кој, како што нагласи во обраќањето по овој повод, и институционално, и како граѓани на Република Северна Македонија, изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која е неделив дел од општественото ткиво на Република Северна Македонија. Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска упати честитка по повод 21 Декември, Денот на…

Read More

Помилувања во принцип мора да има затоа што секојпат има барања, е сега теоретски кажано, може да се добијат 30 или 50 предлози, а да не се прифати ниту еден, порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски. На новинарско прашање околу тоа дали мора да има помилувања на затвореници, Пендаровски истакна дека во текот на годината има 5-6 т.н. помилувања, додека пак две се задолжителни кои се нарекуваат празнични или колективни по повод Нова година и 2 Август. Пендаровски појасни дека помилувањата поминуваат преку неколку нивоа пред да стигнат до Претседателот. Вели дека помилувањата ги предлагаат Управите на затворите до…

Read More

Екс министерот за култура е чист како солза, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вечерва во Дневникот на ТВ Сител, во однос на барањето од Антикорупциска да се покрене од страна на Обвинителството кривична постапка за поранешниот министер за култура, Хусни Исмаили, за кој постои сомневање дека ја злоупотребил службената положба и овластувања и го оштетил буџетот на државата во постизборен период. Исмаили е дел од партијата Алтернатива и е номиниран за потпретседател на Собранието. – Воопшто не е точно тоа, ова е многу индикативна иницијатива започната од политички структури, целосно политизирана. Јас тврдам дека Хусни Исмаили е чист како…

Read More